Фуштани

Фуштани (грчки: Φούστανη, Фустани) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Фуштани
Φούστανη
Поглед на селото
Поглед на селото
Фуштани is located in Грција
Фуштани
Фуштани
Местоположба во областа
Фуштани во рамките на Меглен
Фуштани
Местоположба на Фуштани во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°06′N 22°13′E / 41.100° СГШ; 22.217° ИГД / 41.100; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000595000000595 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно333
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во подножјето на јужниот дел од планината Кожуф, 18 километри североисточно од градот С’ботско со кој е поврзан и со добар пат, на надморска височина од 300 метри.[2] Во минатото, селото претставувало мало гратче и стопанско средиште на селата од некогашната Фуштанска каза, како и самостојна општина во Мегленската околија.

Сместено е во северниот дел на областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 13 километри северно од селото Капињани.

Историја

Селото се спомнува како Хоштјани во 1086 година, кога е дадено на Леон Кефала како награда за неговите успеси при опсадата на Лариса од Норманите.[3]

Во минатото, Фуштани претставувало стопанско и административно средиште, седиште на Оливеровата нахија уште од XV век, а подоцна центар на Фуштанската каза. Во него се одржувал пазар, на кој учествувало населението од многу села на Мегленската, Гуменџиската, Гевгелиската и Воденската околија, па дури и од полските села од Вртикоп и Пазар.[2]

До 1924 година, Фуштани било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел во немирните години заради поголема семејна и имотна сигурност ја сменил верата и се исламизирал.[2]

Во согласност со Лозанскиот договор, во 1924 година присилно било иселено муслиманското население во Турција, а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Мала Азија и Источна Тракија.[2] Во 1928 година, во селото живееле 249 грчки бегалски семејства со вкупно 1.042 жители.[4]

Фуштани е познато во македонската историја, бидејќи тука од декември до април 1943/1944 година престојувал Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Тука е создадена Втората македонска ударна бригада, одржани се партиско советување и младински конгрес, а тука биле нападнати и германски воени единици, кои претрпеле тешки порази.[2]

Стопанство

Од вкупните 4.000 декари обработливи површини, со колку што располага Фуштани, 3.000 декари се наводнуваат и главно се засадени со лозја за десертно грозје и со овошни дрвја. Селото располага и со 7.000 декари пасишта, но тие слабо се користат.[2]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Фуштани живееле 650 Македонци христијани и 1.750 Македонци-муслимани.[2][5] Меѓутоа, бројот на христијанските жители постојано опаѓал, така што веќе егзархиската статистика Фуштани го спомнува со само 80 христијански и 2.186 муслимански жители.

Во 1920 година, Фуштани е посочено со 17 христијански и 367 муслимански куќи.[2][6]

Во пописот од 1913 година било забележано со 1.955 жители, а во 1920 година со 1.724 жители. Во 1924 година, муслиманското население било принудно иселено во Турција, додека на нивно место биле населени грчки бегалски семејства од Мала Азија и Источна Тракија. На пописот од 1928 година било забележано како бегалска населба со 1.160 жители (од кои 1.008 бегалци и 152 Македонци), а во 1940 година нивниот број се искачил на 1.311 жители. Фуштани во пописот од 1951 година имало само 776 жители, во 1961 година нивниот број се искачил на 955, во 1971 година биле попишани 793, во 1981 година 651, а во 1991 година 573 жители, со тенденција на понатамошни намалување.[2]

Според извештај од 1993 година, селото е мешана населба и во неа биле зачувани два малцински јазици — турски и македонски, и нинско и на средно ниво, соодветно.[7]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 542 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 454 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население1.311776955793651573542454333
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Од 1919 година, селото претставувало самостојна општина, чиј атар опфаќал површина од 10 квадратни километри.[2] Во 1997 година, општината Фуштани била припоена кон поранешната општина Капињани.[8] Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фуштани, во кој е единствено село.

Општествени установи

  • Полициска станица
  • Основно училиште
  • Градинка

Наводи