Човечки папиломен вирус

(Пренасочено од Хуман папилома вирус)
Човечки папиломен вирус
EM od papillomavirus
Класификација
Група:Група I (днДНК)
Ред:некласифициран
Семејство:Papillomaviridae
Genera

Alphapapillomavirus
Betapapillomavirus
Gammapapillomavirus
Mupapillomavirus
Nupapillomavirus

Човечкиот папиломен вирус или хуман папилома вирус (HPVhuman papillomavirus) — папиломен вирус што ја заразува кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени од HPV не знаат дека го имаат вирусот.[1]

Околу 30-40 типови на HPV вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици можат да напредуваат до претканцерозни лезии и инвазивен карцином.[2] Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката.[3] Меѓутоа, повеќето од овие типови не предизвикуваат болест.

За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално претканцерогенозните ранички пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно низ целиот свет.[4] HPV-вакцините, гардасилот и цервариксот, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV.[5]

Распространетост

САД

Човечки папилома вирус

Според проценки, HPV е најзастапената полово пренослива болест во САД.[6] Повеќето сексуално активни мажи и жени, во одреден момент од својот живот, ќе се заинтересираат за половата болест – HPV.[7] Според објавените проценки на Американското здравствено здружение, околу 75-80% од сексуално активните Американци се заразуваат со HPV во одреден момент од нивниот живот.[8][9] Повеќе од 80% од жените во САД до 50 години биле заразени од барем еден вид на полов HPV.[10][11][12]

Проценето е дека во 2000 година имало околу 6,2 милиони Американци заразени со HPV, на возраст од 15 до 44 години. Околу 74% од нив биле на возраст од 15 до 24 години.[13] Од сите проучувани полово преносливи болести, за гениталниот HPV има најголем интерес.[13]

Проценките за распространетоста на HPV варираат од 14% до повеќе од 90%.[14] Една од причините за разликата е тоа дека некои од истражувањата во своите извештаи ги вклучуваат само жените што се заразени во моментов, а други истражувања ги вклучуваат сите жени што некогаш биле заразени.[15][16] Друга причина за несовпаѓањата е разликата на типовите за кои биле тестирани.

Едно истражување покажува дека од 2003 година до 2004 година, во секое време 26,8% од жените на возраст од 14 до 59 години биле заразени со барем еден тип на HPV. Оваа проценка била повисока од претходните. 15,2% биле заразени со еден или повеќе од високоризичните типови, кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Меѓутоа само 3,4% биле заразени со еден или повеќе од четирите типови, кои се спречуваат со вакцината гардасил, што е секако пониска од другите проценки. [6][17]

Распространетост на HPV според возраст [6]
Возраст (години)Распространетост (%)
14 до 1924,5%
20 до 2444,8%
25 до 2927,4%
30 до 3927,5%
40 до 4925,2%
50 до 5919,6%
14 до 5926,8%

Се забележува дека распространетоста се намалува со возраста. Ова може да се должи на отстранувањето на HPV од имунолошкиот систем, или неговото опаѓање до незабележливи нивоа иако е сè уште присутен во телото. HPV најверојатно ќе остане во клетките на заразениот неодреден период, и тоа најчесто во латентна состојба, но повремено ќе пројавува симптоми или болест. Недамнешни истражувања на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн и на Универзитетот во Вашингтон покажуваат дека HPV може целосно да се повлече кај луѓе со добар имунолошки систем. Изгледа дека во некои случаи вирусот останува во телото неодреден временски период и покажува симптоми при слабеење на имунолошкиот систем.

Рак на грлото на матката (Цервикален карцином)

Жените кои не прават редовни испитувања за цервикален карцином значително си го зголемуваат ризикот за развивање рак, бидејќи промените, кои се потенцијално преканцерозни, нема да бидат забележани и нема да добијат соодветен третман. Околу 11% од жените во Америка не прават редовни испитувања за цервикален карцином. Според Американското здружение за борба против рак во 2008 година, околу 11.070 жители во САД ќе бидат дијагностицирани со инвазивен цервикален карцином, а околу 3.870 жени во САД ќе умрат од оваа болест.

Животен циклус на HPV

Животниот циклус на HPV строго ја следи редослед на диференцијација на кератиноцитот на домаќинот. Се смета дека HPV-вирионот ги заразува епителните ткива преку микро-абразии, при што најчесто се врзува со рецептори како што се алфа интегрини и ламинини, што води до навлегување на вирионите во базалните епителни клетки преку клатрин-иницирана и/или кавеолин-иницирана ендоцитоза во зависност од типот на HPV. Во оваа фаза, преку непознат механизам, вирусниот геном се пренесува до јадрото и се реплицира во број од помеѓу 10-200 вирусни геноми по клетка. Тогаш се јавува софистицирана транскрипциона каскада, додека кератиноцитот на домаќинот започнува да се дели и сè повеќе да се диференцира од горните слоеви на епителот. Се смета дека вирусните онкогени, Е6 и Е7, го модифицираат циклусот на клетката, така што се задржува диференцираниот кератиноцит на домаќинот во состојба што е погодна за зголемување на реплицирањето на вирусниот геном и генскиот израз којшто следува. Е6 врзан со Е6-домаќин ВП (врзана белковина), којшто има убиквитин-лигаза, која делува врз убиквитинат-факторот р53 водејќи до негово протозомално разградување. Е7 (неонкогенски HPV) делува како примарна трансформациска белковина. Е7 брзо го врзува ретинобластома-белковината (pRb), ослободувајќи го тренскрипциониот фактор E2F да ги трансактивира своите цели, а со тоа ги турка клеточниот циклус на напред. Сите типови HPV можат да предизвикаат привремена пролиферација, но само типовите 16 и 18 можат да ги направат органелите трајни (in vitro). Исто така докажано е дека HPV 16 и 18 не можат сами да ги имортализираат клетките од стаорци, бидејќи мора да се активира и онкогенот ras. Во горниот слој од епителот на домаќинот, доцните гени L1 и L2 се транскрибирани и служат како структурални белковини, кои ги инкапсулираат (Инкапсулација е процесот на инкорпорирање секвенца од нуклеонска киселина (пр. вектор или вирусен геном) во вирусна честичка) во зајакнатите вирусни геноми. Вириони можат да се извадат од клетките од мртвите лушпи од епителот на домаќинот и вирусниот циклус сепак ќе продолжи.[18]

Латентен период

Кога HPV вирион еднаш ќе навлезе во клетката, се јавува активна инфекција и вирусот може да се пренесе. Може да поминат повеќе месеци или години додека се развијат лушпести интерепителни ранички (SIL) што може да се детектираат клинички. Поради периодот што е потребен за активната инфекција да достигне ниво на болест што може клинички на се установи, заразениот/та тешко може да утврди кој партнер бил извор на заразата.

Типови HPV и поврзани болести

Идентификувани се повеќе од 100 типови HPV и именувани се со броеви. Типовите 16,18,31,33,35,39,45,51,52,56,58,59 и 68 се „високоризични“, сексуално преносливи типови HPV и можат да доведат до цервикална интраепителна неоплазија (CIN), вулварна интраепителна неоплазија (VIN), пенилна интраепителна неоплазија (PIN) и/или анална интраепителна неоплазија (AIN).

БолестHPV-тип
Обични брадавици2, 7
Плантарни брадавици1, 2, 4
Плоснати брадавици3, 10
Аногенитални брадавици6, 11, 42, 43, 44, 55 и други
Генитални карциномиВисокоризични[19]: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59
Најверојатно високоризични[19]: 26, 53, 66, 68, 73, 82
Верукозна епидермална дисплазијаповеќе од 15 типа
Фокална епителна хиперплазија (орална)13, 32
Орални папиломи6, 7, 11, 16, 32

Рак

Околу 12 типови HPV (вклучувајќи ги типовите 16,18,31 и 45) се наречени „високоризични“ типови, бидејќи можат да доведат до рак на грлото на матката (цервикален карцином), како и до карцином на анусот, карцином на вулва и пенилен карцином.[20] За неколку типови HPV, особено за тип 16, е откриено дека се поврзани со орофарингеаен карцином со плочести клетки, вид на рак на глава и врат.[21][22] Карциномите предизвикани од HPV, најчесто имаат вирусни секвенци интегрирани во клеточната ДНК. Некои од „раните“ HPV-гени, како што се Е6 и Е7, најчесто делуваат како онкогени, кои поттикнуваат раст на тумори и злоќудни трансформации. Оралната HPV-инфекција го зголемува ризикот од орофарингијален карцином, без разлика на тоа дали заболениот консумира тутун или алкохол.[22]

Белковината р53 го спречува растот на клетките и стимулира апоптоза при ДНК-оштетување. Тоа предизвикува зголемување на нивото на ВАХ-белковина, при што се блокираат антиапоптичните ефекти на митохондрискиот ВСL-2 белковина.Како резултат р53 исто така го зголемува нивото на белковината р21, кој го блокира формирањето на Циклин Д/Цдк4 комплексот, спречувајќи ја фосфорилацијата на RB (ретинобластома-белковина), и со тоа онеспособувајќи ја прогресијата на клеточниот циклус преку спречување на активацијата на Е2F. На кратко р53 е тумор-супресорски ген, кој го стопира клеточниот циклус ако постои оштетување на ДНК. Белковините Е6 и Е7 дејствуваат со тоа што ги попречуваат тумор-супресорските гени, кои ќе им застанат на патот: Е6 го попречува р53, додека Е7 ги попречува р53, р21 и RB.Е6 - Оваа белковина е тесно поврзана со клеточната белковина наречена Е6-ВП (Е6 - врзана белковина). Е6-ВП е вклучен во патиштата на убеквитин-лигазата. Систем којшто разградува белковини. Е6-ВП го врзува убеквитинот со белковината р53, а со тоа го ослабува за протозомално рзградување.

Се смета дека заболувањето од еден или повеќе високоризични типови HPV претставува склоност за развој на цервикален карцином (најголемиот дел од HPV-заболувањата не се високоризични). Според Американското здружение за борба против рак, кај жените кои никогаш не биле заболени од вирусот не се развива овој тип на рак. Имунолошкиот систем ги отстранува повеќето HPV-заболувања и тие не напредуваат до цервикален карцином. Карцином се појавува кај луѓе, кои биле заболени од HPV долг период, најчесто повеќе од една деценија, бидејќи процесот на трансформација на нормалните цервикални клетки во канцерозни е бавен.[23][24] Сексуално преносливите типови HPV исто така ги предизвикуваат и голем дел од аналните карциноми и околу 25% од карциномите на уста и горниот дел од грлото (познат како орофаринкс)[20]. Второспоменатиот најчесто се појавува околу крајниците, а со HPV е поврзан и со зачестеноста на ракот на уста кај непушачи.[25][26] Анален секс или орален секс со партнер заразен од HPV, може да го зголеми ризикот за развивање на некои од овие типови карциноми.[21]

Истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу заразеноста со HPV и пенилниот и аналниот карцином [20], а ризикот од заболување од анален карцином е 17 до 31 пат повисок помеѓу хомосексуалните и бисексуалните мажи отколку помеѓу хетеросексуалните мажи.[27][28] Се смета дека анален Пап тест за утврдување анален карцином би бил корисен на дел од населението, мажи и жени, што практикуваат анален секс.[29] Нема согласност за делотворноста на ова тестирање, или за тоа на кој би требало да се вршат анални Пап испитувања.[30][31]

Брадавици

Брадавици на кожа

Папилома

Некои HPV инфекции можат да предизвикаат брадавици (verrucae), кои претставуваат неканцерозни израстоци на кожата. Заболувањето од овие типови на HPV предизвикува брзо растење на клетките на надворешниот слој на кожата.[32] Типови брадавици:

  • Обични брадавици: Некои од „кожните“ типови HPV, како што се HPV-1 и HPV-2, предизвикуваат обични брадавици на кожата. Обичните брадавици најчесто се појавуваат на дланките и стапалата, но можат да се појават и на други делови од телото, како што се лактите или колената. Карактеристично за обичните брадавици е тоа што површината им е во вид на карфиол и најчесто се малку издигнати од површината на кожата што ги опкружува. Кожните типови HPV најчесто не предизвикуваат појава на генитални брадавици и не се поврзани со појавата на рак.
  • Плантарни брадавици се појавуваат на долниот дел од стапалата. Плантарните брадавици растат навнатре и предизвикуваат болка при одење.
  • Субунгвални или периунгвални брадавици кои се појавуваат под ноктите (субунгвални) и околу ноктите или на кутикулите (периунгвални). Овие типови брадавици потешко се лечат отколку другите типови што се појавуваат на други делови од телото.[33]
  • Плоскати брадавици: Плоскатите брадавици најчесто се појавуваат на рацете, лицето или челото. Како обичните брадавици, и плоскатите брадавици најчесто се појавуваат кај деца или адолесценти. Кај лицата чиј имунолошки систем нормално функционира, плоскатите брадавици не се поврзани со развојот на рак.[34]

Мала е веројатноста за пренесување на плоскатите и плантарните брадавици од лице на лице, додека пак гениталните брадавици се навистина заразни.

Генитални брадавици

Гениталните или аналните брадавици (condylomata acuminate или венерични брадавици) се најлесно препознатлив знак на генитална HPV инфекција. Иако голем број од типовите HPV можат да предизвикаат појава на генитални брадавици, типовите 6 и 11 се причинители во околу 90% од случаите.[35][36]

Повеќето лица, кои заболуваат од типови HPV што се поврзани со појава на генитални брадавици брзо ја надминуваат инфекцијата без воопшто да развијат брадавици или други симптоми. Лицата заболени од вирусот можат да го пренесат на други лица дури и ако немаат очигледни симптоми на заболеност.

Типовите HPV што можат да предизвикаат појава на генитални брадавици не се оние истите кои предизвикуваат цервикален карцином.[37] Сепак, поради тоа што едно лице може да биде заразено со повеќе типови HPV, присуството на брадавици не ја исклучува веројатноста за присуство и на некои од високоризичните типови.

Типовите HPV, кои предизвикуваат појава на генитални брадавици, најчесто се разликуваат од типовите што предизвикуваат појава на брадавици на други делови од телото, како на пример дланките и внатрешниот дел од бедрата. Луѓето не можат да се заразат со „генитални“ брадавици преку допирање на брадавиците кои се јавиле на дланките или стапалата.[38]

Респираторна папиломатоза

HPV-типовите 6 и 11 можат да предизвикаат ретко заболување, познато како периодична респираторна папиломатоза, при коешто се формираат брадавици на ларинксот [39] или на други делови од дишните патишта.[24][40] Овие брадавици можат постојано да се појавуваат и повеќепати хируршки да се отстрануваат, може да го попречуваат дишењето и екстремно ретки случаи можат да се развијат до карцином.[24][41]

HPV кај пациенти со намален имунитет

Во многу ретки случаи, HPV може да предизвика епидермодисплазија веруциформис (epidermodysplasia verruciformis) кај пациенти со намален имунитет. Вирусот, нерегистриран од имунолошкиот систем, предизвикува преголемо создавање на кератин од кожните клетки, а како резултат се појавуваат лезии, кои наликуваат на брадавици или корну кутанеум [42].

На пример, на Деде Косвара, Индонезиец, му се појавиле брадавици, кои му се прошириле по целото тело и се претвориле во израстоци кои наликуваат на корења. Обидите за лекување од страна на американските и индонезиските доктори вклучувале хируршко отстранување на брадавиците.

Превенција на цервикален карцином

Избегнување на сексуален контакт со заразено лице е единствениот метод, кој е 100 % делотворен, сепак има многу лица, кои не се свесни дека се заразени со HPV. Користењето презервативи претставува делумна заштита, но од изложена кожа може да се пренесе вирусот. Во моментов се достапни две вакцини (види „ HPV - вакцини“ подолу) за жени од 9 до 26 години.

Папаниколау тестирање

HPV - типизација со група на нормални цервикални клетки на лево HPV-инфицирани клетки на десно. HPV-инфицираните клетки покажуваат одлики типични за коилоцити: enlarged (x2 or x3) nuclei and hyperchromasia.

Одредени сексуално преносливи типови HPV можат да предизвикаат цервикален карцином. Хроничната заразеност со еден или повеќе од дванаесетте „високоризични“ типови HPV, е важен фактор во речиси сите случаи на цервикален карцином. Развивањето на цервикалениот карцином поврзан со HPV е бавен процес за кој најчесто се потребни многу години. За време на фазата на развој, преканцерозните клетки можат да се забележат со редовен цервикален цитолошки Папаниколау тест, познат како „Пап“ брис. Пап брисот е делотворна стратегија за намалување на ризикот од инвазивен цервиклен карцином. Пап тестот се состои од земање клетки од грлото на матката и нивно ставање на мали стаклени слајдови и испитување под микроскоп за да се утврди дали постојат абнормални клетки. Овој метод е 70% до 80% делотворен при откривање клеточни абнормалности предизвикани од HPV.[се бара извор] Почувствителен метод е „HPV - типизација“. Овој метод вклучува земање клетки од грлото на матката и нивно ставање во течен раствор. Овој тест е 85% до 95% делотворен во откривањето клеточни абнормалности предизвикани од HPV.[се бара извор] Вториот метод главно се користи кај жени над 30 години. Тој е комбиниран Пап-HPV ДНК тест. Ако овој тест е негативен, жените можат да почекаат и до три години пред повторно да го направат. Детален преглед на грлото на матката со колпоскопија има индикација доколку се забележат абнормални клетки при рутинскиот Пап брис. Чест Пример за абнормална клетка поврзана со HPV е коилоцитот. Американскиот колеџ за акушери и гинеколози наведува дека поновите методи на течна цитологија, пропуштаат CIN-3 и карцином од 15% до 30%.

Центарот за контрола на заразни болести (ЦДЦ) им препорачува на жените да направат Пап тест најдоцна 3 години по нивниот прв полов однос и не подоцна од 21-вата година од животот. Сите жени треба да одат на Пап тестирање секоја година до 30-тата година. По 30-тата година, жените треба да зборуваат со своите лекари за факторите на ризик за да одредат дали треба да прават Пап-тестирање на годишно ниво. Доколку ризикот е мал и претходните Пап-тестови биле негативни, за повеќето жени доволен е еден тест на 2 до 3 години до 65-тата година (Центар за контрола на заразни болести 2005 година). На секоја жена и се препорачува еден Пап брис годишно исклучиво за да се откријат евентуални клеточни абнормалности предизвикани од HPV.[43]

Откако е развиен Пап-тестот смртните случаи од цервикален карцином се намалени за 70%, во последниве 50 години.[се бара извор] Докажано е дека тестирањето со Пап брис е едно од најуспешните методи за испитување во историјата на медицината.[се бара извор]

Една студија, објавена во април 2007 година, вели дека изведувањето на Пап тестирањето создава инфламаторна цитокинска реакција, којашто може да иницира имунолошко чистење на HPV, при што се редуцира ризикот од цервикален карцином. Кај жени, коишто направиле барем еден Пап тест во животот помала е веројатноста за појавување на карцином. „Статистички, значителниот пад на стапката на HPV е во заемна врска со бројот на Пап тестови направени во текот на животот.“[44]

HPV-тестирање

HPV-тестот открива многу од вообичаените „ниско“ и „високоризични“HPV-генотипи. Овој тест е важен начин на испитување, бидејќи доколку HPV-тестот покаже постоење на „високоризичен“ тип HPV, лекарот може да препорача почесто Пап-тестирање. Во март 2003 година, Управата за храна и лекарства (FDA) одобри тест со „хибридно-установување“, произведен од Digene[45][46], како примарна испитувачка алатка за откривање на HPV. Овој тест бил исто така одобрен за употреба од како дополнување на Пап-тестирањето и може да се изведува за време на земањето на рутинскиот Пап-брис.

Кога на пациентите им се врши испитување со HPV-тест и Пап-тест, прецизноста е сто процентна. HPV-тестирањето може да дијагностицира CIN 2-3 кај жени постари од 30 години.[47] Прецизноста на самиот HPV-тест е 94,6%, а ефикасноста 94,1%. За пациенти со сличен ризик на оние од ова истражување (0.4% имале CIN 2-3), ова води до позитивна вредност на предвидување од 6,0% и негативна вредност на предвидување од 100,0%.

Центарот за контрола на заразни болести на страницата за „СПБ-факти, вакцини против HPV “ вели дека „ HPV–тест или Пап-тест можат да утврдат дека некоја жена има HPV , но тестовите не можат да го утврдат точниот тип HPV со кој е заразена.“

На австралискиот пазар постои HPV ДНК-тест кој секоја жена може да го направи дома, користејќи обичен тампон, промовиран од компанијата Tam Pap. Одобрен е за дистрибуција во Австралија од Управата за терапевтски стоки.

Најновите резултати во врска со откривање на молекуларните патишта што се одвиваат кај цервикалниот карцином, даваат корисни информации за нови биомаркери, кои овозможуваат набљудување на овие исклучително важни молекуларни процеси кај хистолошките или цитолошките примероци. Овие биомаркери најверојатно ќе го подобрат откривањето на лезии, кај кои постои висок ризик од прогресија како во примарните испитувања така и при тријажа. Откривање на Е6 и Е7 во мРНК (HPV Онко-тест) или нивото на белковината р16 во клеточниот циклус се примери за овие нови молекуларни маркери. Според објавени резултати овие маркери, кои се многу прецизни и специфични, овозможуваат откривање на клетки кои се во фаза на злоќудна трансформација.[48],[49].

HPV-тестирање кај мажи

Иако е возможно да се направи HPV-ДНК тестирање кај мажи,[50] нема тестови, кои се одобрени од ФДА во САД [27] или тестови, кои се одобрени од канадската влада [51] , бидејќи тестирањето е неуверливо и се смета дека непотребно од медицинска гледна точка.[52]

Гениталните брадавици се единствениот видлив знак за нискоризичен HPV кај мажи и се препознава со визуелен преглед на гениталиите. Овие видливи израстоци се резултат од неканцерогени типови HPV. За да се откријат брадавиците и лезии од рожеста интраепителна неоплазија (SIL) се користи 5 % винска киселина [27] , со чија помош абнормалните ткива обелуваат, но повеќето доктори сметаат дека оваа техника е корисна само во влажни делови од телото, како што е женскиот генитален тракт.[27]

Вакцини против HPV

На 8 јуни 2006 година, ФДА на САД ја одобрил вакцината гардасил, профилактична HPV-вакцина, која била промовирана од Merck. Тестирањето на вакцината [53] спроведено на возрасни жени, на возраст од 23 години, покажало заштита од почетна инфекција со HPV-типовите 16 и 18, кои заедно се причинители на 70% од цервикалните карциноми, и можат да предизвикаат и други типови рак, како што е аналниот карцином. Вакцината исто така заштитува од HPV-типовите 6 и 11, кои се причинители на 90% од гениталните брадавици.

GlaxoSmithKline бара одобрување за профилактична вакцина, позната како цервариксот, наменета против HPV-типовите 16 и 18. Вакцината се прима со три инјекции во период од шест месеци. Наменета е за припадничките на женскиот пол од 10 годишна возраст па нагоре.[54]

Вакцината Gardasil се прима во серија од три инјекции во период од шест месеци и чини околу 360 американски долари. Центарот за контрола на заразни болести препорачува да се вакцинираат сите девојки и жени на возраст од 11 до 26 години [43], а може да биде корисна и за девојчиња од 9 годишна возраст.[55] За девојките, кои сѐ уште не се сексуално активни вакцината може да биде многу корисна. Жени над 26 години можат да ја примат вакцината доколку нивниот лекар одлучи дека е потребно, но мора да се напомене дека вакцинацијата над оваа возрасна граница не е одобрена од ФДА и може да не вклучена во здравственото осигурување. Истражувањата сѐ уште не покажале сигурни резултати за тоа дека вакцината делува кај пациентки над 26 години, тоа најверојатоно се должи на големата распространетост на заразата и тоа што вакцината не делува кај веќе заразени лица.

Вакцината против HPV е направена од белковините од надворешната обвивка од вирусот HPV. Во составот на вакцината нема заразни материјал. Во составот на вакцината исто така нема ни тимеросал, презервативна состојка на основа на жива.[43] Вакцината е тестирана на повеќе од 11.000 припаднички на женскиот пол (на возраст од 9 до 26 години) низ целиот свет. Овие испитувања не покажале никакви сериозни нус појави. Единствената нус појава е болката што се јавува на местото каде што била вбризгана вакцината. Центарот за контрола на заразни болести, во соработка со ФДА, ќе продолжи да следи безбедноста на вакцината и по нејзиното влегување во општа употреба.[56]

Вакцината не заштитува од типовите HPV со кои пациентката била заразена за во време на вакцинацијата. Затоа, иако општата делотворност на вакцината би била помала доколку ја примат пациентки кои веќе биле сексуално активни, и дополнително ќе се намалува со текот на годините и веројатноста за изложеност на HPV, која доаѓа од зголемен број на сексуални партнери, повеќето жени од оваа старосна група ќе имаат барем делумна корист од вакцината. Вакцината нема да делува како терапија на постоечка HPV-инфекција или цервикални лезии.[57]

Бидејќи моменталната вакцина не ги заштитува жените од сите типови HPV, кои предизвикуваат цервикален карцином, припадничките на женскиот пол треба да продолжат да одат на редовно Пап-тестирање, дури и откако ја примат вакцината. И за пациентките, кои ја примиле вакцината, важат препораките за редовно тестирање за цервикален карцином.[57]

И мажите и жените се носители на HPV.[58] Делотворноста на вакцината кај мажи сѐ уште се испитува.

За подобрување на превентивните вакцини неколку клинички испитувачки процеси и лабораториски истражувања се насочени кон развивање на HPV-вакцини со тераписко дејство. Овие вакцини се генерално насочени кон главните HPV-онкогени Е6 и Е7. Бидејќи за развивање и растење на клетките на цервикалниот карцином (и клетките на брадавиците) е потребна експресија на Е6 и Е7, се надеваат дека имунолошката реакција против двата онкогени ќе може да отстрани појавените тумори.[59]

Да се избегнува пушењето

Канцерогени од тутун и од пасивното вдишување на чад од цигари се концентрираат во грлото на матката при што се зголемува ризикот од дисплазија четири до пет пати, а при тоа ризикот од цервикален карцином станува двојно поголем.[60]

Кондоми

Кондомите не го спречуваат пренесувањето на вирусот, бидејќи пределот околу гениталиите, како и кожата на внатрешната страна на бедрата не се покриени и поради тоа при полов однос може да се дојде во допир со кожата на заразеното лице [61].

Центрите за контрола на заразни болести и заштита велат дека „иако не е познат ефектот на кондомите во заштитата од HPV, употребата на кондоми е поврзана со намалена стапка на цервикален карцином, болест поврзана со HPV. “[37]

Според Маркус Штајнер и Вилард Кејтс од медицинското списание New England Journal of Medicine, „заштитата што ја нудат кондомите не може изрази во точни проценти.“ [62] Сепак во едно истражување објавено во истото издание на списанието [63] , од 82 студентки, следени осум месеци, појавувањето на генитален HPV е забележано кај 37,8 % од испитаничките чии партнери користеле кондоми при секој полов однос, во споредба со заразените 89,3% чии партнери користеле кондоми при помалку од 5% од сексуалните односи. Истражувачите заклучиле дека „Доколку партнерите на ново-сексуално-активните жени претходно редовно користеле кондоми, тоа го намалува ризикот кај нив од цервикална и вулвовагинална HPV-инфекција“.

Други истражувања покажуваат дека редовно користење кондоми може да го намали проширувањето на постоечката инфекција од HPV на други делови од гениталиите.[64][65]

Затоа употребата на кондоми може да го намали ризикот од развивање на инфекцијата кај луѓе, кои се веќе заразени, до цервикален карцином или до дополнителни генитални брадавици. Организацијата за планирање семејство, Planned Parenthood, препорачува употреба на кондоми за намалување на ризикот од HPV.[66]

Микробициди

Моменталните истражувања укажуваат дека некои евтини хемикалии можат да послужат во блокирањето на HPV-преносот, доколку се нанесат на гениталиите пред сексуален контакт.[67] Овие агенси се познати како топикални микробициди и во моментов клинички се тестира нивната ефикасност. Едно недамнешно истражување покажува дека некои брендови на сексуални подмачкувачи, кои користат агенс во вид на гел наречен карагинан, можат да спречат in vitro инфекција од паполома вирус.[68]

Потребни се клинички испитувања за да се утврди дали сексуалните лубрикантни гелови засновани на карагинан се ефективни во блокирањето на сексуалното пренесување на HPV in vivo.

Лекување

„Во моментов не постои лек или третман за HPV инфекција,“[43][60] но вирусната инфекција најчесто се отстранува самата по себе.[69]

Епидемиологија

HPV на кожа

Заразеноста со кожни HPV типови е широко распространета.[70] Некои типови HPV, како што е HPV-5, може да предизвика инфекции што опстануваат низ целиот живот на заболеното лице без воопшто да се манифестираат клинички симптоми. Исто како што рибите ремора (риби што се прилепуваат за други поголеми риби) безопасно се закачуваат на ајкулите, и HPV може да се смета за човечки коменсал. Другите типови HPV на кожа, како што се HPV 1 или 2, можат да предизвикаат обични брадавици кај некои заразени лица. Брадавиците на кожа се најчести во детството и вообичаено се појавуваат и се повлекуваат спонтано во период од повеќе седмици до неколку месеци. Околу 10% од возрасните исто така страдаат од повремени брадавици на кожата. Се смета дека сите типови HPV можат да предизвикаат долготрајни „латентни“ инфекции во мал број матични клетки, кои се наоѓаат во кожата. Иако овие латентни инфекции не можат никогаш да бидат целосно искоренети, се смета дека имунолошката контрола го спречува појавувањето на симптоми како што се брадавиците. Имунолошката контрола најчесто дејствува на одреден тип HPV, што значи дека лице, коешто е заразено, може да стане имунолошки отпорно на некои од типовите HPV, а да остане подложно на други типови.

Генитални типови HPV

Случаите на заразување со генитален HPV се зачестуваат во возраста кога лицата ќе станат сексуално активни. Поголемиот дел од типовите HPV никогаш не предизвикуваат очигледни симптоми и имунолошкиот систем ги отстранува за само неколку месеци. А што се однесува до кожните типови HPV, се смета дека имунитетот дејствува на одредени типови. Некои заразени лица не можат имунолошки да ги контролираат гениталните HPV. Долготрајна заразеност со високоризични типови HPV, како што се HPV 16, 18, 31 и 45, можат да водат кон развивање цервикален карцином или други видови карциноми.[71] Епидемиолошки и молекуларни податоци покажуваат дека кофактори, како што е бензо[а]пиринот (ВаР) од чадот од цигари, го поттикнуваат развивањето на некои карциноми поврзани со HPV, кај постоечка инфекција со високоризичен тип HPV.[72] Високоризичните типови HPV 16 и 18 заедно се причинители на повеќе од 65% од случаите на цервикален карцином.[7][73] Типот 16 е причинител на 41-54% од цервикалните карциноми [7][74] и е одговорен за уште поголем дел од вагиналните/вулварните [75] , пенилните, аналните и карцииномите на глава и врат, кои се поврзани со HPV.[76]

Перинатално пренесување

Иако гениталните типови HPV понекогаш се пренесуваат од мајка на дете за време на породувањето, појавата на болест поврзана со генитален HPV кај новороденчиња е ретка. Перинаталното пренесување на HPV- типовите 6 и 11 може да предизвика детска пароксизмална респираторна паполоматоза (ЈОRRP). JORRP е многу ретка болест, со стапка од 2 случаја на 100.000 деца во САД.[24] Иако стапките на JORRP се значително повисоки ако кај жените има појава на генитални брадавици во периодот на породувањето. Ризикот од JORRP во таквите случаи е сепак помалку од 1%.Студија за HPV од Медицински журнал од Нова Англија

Во април 2009 година Медицинскиот журнал на Нова Англија објави студија, кој споредува три методи на тестирање за цервикален карцином: визуелна проверка со оцетна киселина (VIA), Папаниколау тест (цитолошки) и човечки папилома (HPV) тестирање, со техника за тестирање ДНК од HPV (наречена HPV- тест). Студијата, спроведена на 131.746 жени – Индијанки, покажа дека само едно HPV-тестирање значително повеќе го намалува бројот на напредни цервикални карциноми и смртни случаи, во споредба со Пап- тестирањето или VIA.Со HPV-тестирањето имало 50% намалување во бројот на смртни случаи од цервикален карцином, во споредба со жени кои не се тестираат. Во споредба со други методи, истражувањето покажа дека HPV-тестирањата даваат најмал број погрешни негативни резултати.

Историја на откривање на поврзаноста помеѓу вирусот и карциномот

Фактот дека кај проститутките има повисока стапка на цервикален карцином отколку кај калуѓерките, била клучна забелешка, која ги навела истражувачите да шпекулираат за случајната поврзаност на сексуално преносливите типови HPV и цервикалниот карцином [77].На Харалд цур Хаузен, од Германскиот центар за истражување на ракот во Хајделберг, Германија, во 2008 година му била доделена Нобелова награда за медицина или физиологија, за неговото откривање на човечки папилома вируси што предизвикуваат цервикален карцином [78]. Бил интервјуиран на една радиопрограма (HPV – срамежливиот вирус) за биологијата на HPV и историјата на откривањето на поврзаноста со цервикален карцином.[79]

Наводи


Статијата „Човечки папиломен вирус“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица