Цефалексин

хемиско соединение

Цефалексинот е антибиотик кој се користи во третманот на бактериски инфекции.[4] Делува против грам-позитивни и некои грам-негативни бактерии преку инхибиција на синтезата на клеточниот ѕид.[4] Цефалексинот е β-лактамски антибиотик и спаѓа во класата на прва генерација на цефалоспорини.[4] Се зема преку уста.[5]

Цефалексин
Систематско (IUPAC)
(7R)-3-methyl-7-(α-D-phenylglycylamino)-3-cephem-4-carboxylic acid monohydrate
Клинички податоци
Заштитени имињаKeflex, Ceporex, others[2]
AHFS/Drugs.commonograph
MedlinePlusa682733
Licence dataUS Daily Med:врска
Бременосна
категорија
Начин на издавање
  • AU: S4 (само на рецепта)
  • CA: само
  • UK: POM (само на рецепт)
  • US: само
Начин на
примена
By mouth
Фармакокинетички податоци
БиорасположливостWell absorbed
Врзување за белковините15%
Метаболизам80% excreted unchanged in urine within 6 hours of administration
Полувреме на елиминација0.6–1.2 hours[3]
ЕкскрецијаKidney
Назнака
CAS-број15686-71-2 Ок
ATC кодJ01DB01 QJ51DB01
IUPHAR/BPS4832
DrugBankDB00567 Ок
ChemSpider25541 Ок
UNII5SFF1W6677 Ок
KEGGD00263 Ок
ChEBICHEBI:3534 Ок
ChEMBLCHEMBL1727 Ок
Хемиски податоци
ФормулаC16H17N3O4S
Моларна маса347,39 g·mol−1
Физички податоци
Точка на топење326.8 °C (620.2 °F)
  (провери)

Цефалексинот се користи во третманот на некои бактериски инфекции, како што се инфекции на средното уво, коските и зглобовите, кожата и уринарниот тракт.[4] Може да се користи кај одредени типови на пневмонија и стрептококен фарингитис и за превенција на бактериски ендокардитис.[4] Цефалексинот не е ефикасен кај инфекции предизвикани од метицилин-резистентен Staphylococcus aureus (МРСА), повеќето Enterococcus, или Pseudomonas.[4] Како и сите антибиотици, цефалексинот не третира вирусни инфекции, како што се грип, настинка или акутен бронхитис.[4] Цефалексинот може да се користи кај лица со блага или умерена алергија на пеницилин.[4] Не се препорачува примена кај лица со тешка алергија на пеницилин.[4]

Чести несакани ефекти се диспепсија и дијареа.[4] Алергиски реакции или инфекција со Clostridium difficile, кој е причинител на дијареа, се исто така возможни.[4] Се смета дека употребата за време на бременоста или доењето не е штетна за плодот.[4][6][7] Кај пациентите со бубрежна слабост потребно е намалување на дозата.[4]

Цефалексинот бил развиен во 1967.[8][9][10] За прв пат на пазарот бил достапен во 1969 и 1970 под заштитни имиња Кефлекс и Цепорекс, помеѓу другите.[2][11] Достапни се и генерички верзии.[4][12] Се наоѓа на Списокот на СЗО на есенцијални лекови.[13][14] Во 2023, е четириесет и осми најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 116.000 рецепти.[15]

Наводи