MedlinePlus

семрежна информативна служба на Националната медицинска библиотека на САД

MedlinePlus (изговор: медлајн плас) — семрежна информативна служба на Националната медицинска библиотека на САД (NLM) која нуди здравствени информации за потрошувачите на англиски и шпански јазик.[1] Ова мрежното место претставува збир на информациите од Националната медицинска библиотека на САД (NLM), Националните здравствени институти (NIH) и други државни установи и здравствени организации. Има и верзија за читање од мобилни уреди. Услугата е бесплатна, и ја користат 150 милиони луѓе годишно.[2]

Службата нуди енциклопедиски инофрмации поврзани со здравјето и лековите, како и именик на здравствени услуги. MedlinePlus Connect ги пворзува пациентите и здравствените работници во системи за електронска здравствен евиденција (EHR) со соодветни информации од MedlinePlus за заболувањата и лекарствата. Ова исто така има мобилна верзија.

Историја

Националната медицинска библиотека веќе подолго време нуди програми и услуги за стручните здравствени научници и давателите на здравствени услуги, како што се базата pubmed и разните пристапни служби за неа како PubMed и Entrez. Во 1990-тите, општата јавност почнала сè повеќе да ги користи овие услуги на семрежјето.[3] Покрај ова, информациите се нудат и во формат разблирлив за нестручната јавност.[4][5][6] MedlinePlus е воведен во октомври 1998 г. како некомерцијална семрежна услога слична на оние како WebMD. Во 2010 библиотеката ја вовела и службата PubMed Health, која пак нуди здравствени информации за потрошувачите, со особена задршка на клиничката делотворност на разните лекувања.[7]

Во прво време MedlinePlus опфаќал 22 здравствени теми на англиски јазик, кои подоцна станале 800 теми на англиски и на шпански, како и врски за здарствени информации на повеќе од 40 јазици. Мрежното место е добитник на неколку награди и важи за едно од најдобрите места за добивање на медицински информации.[8] Во 2010 г. MedlinePlus освоил оценка од 84 во Американскиот показател за задоволност на потрошувачите.[9]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица