Цуцулеста сипка

Цуцулеста сипка
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Птици
Ред:Врапчарки
Семејство:Сипки
Род:Гривести сипки
Вид:Цуцулеста сипка
Научен назив
Lophophanes cristatus
Linnaeus, 1758
Lophophanes cristatus

Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од семејството сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија.Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.

Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.

Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.

Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.

Занимливости

Цуцулестата сипка е еден од симболите на шведската покраина Вестманланд.

Наводи

Надворешни врски

Галерија

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица