Часовник

направа за мерење и прикажување на време

Часовник или саат[1] — направа за покажување време.[2] За хоролозите и други специјалисти поимот часовник продолжува да значи исклучително направа со отчукувачки механизам за известување на временски интервали на временска акустичност, со ѕвонење на ѕвоно, сет од ѕвона или гонг.[се бара извор] Тивок инструмент на кој му недостига ваков механизам по традиција е познат како времемерач.[3] Во општа употреба денес, „часовник“ се однесува на секоја направа која мери и прикажува време, и која, за разлика од рачниот и џебниот часовник, не се носи на рака или слично.

Перонски часовник на железничката станица „Кингз крос“, Лондон.
Часовник кај Кралската опсерваторија во Гринич

Часовникот како тема во уметноста и во популарната култура

Часовникот како мотив во книжевноста

  • „Часовник“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[4]
  • „Часовничар“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.[5]
  • „Ламба во часовник“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1948 година.[6]
  • „Песочен часовник“ - книга на македонскиот поет Игор Исаковски.[7]
  • „Песочен часовник“ (Peščani sat) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1983 година.[8]
  • „Итар Пејо, мариовците и часовникот“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[9]
  • Човекот со четири часовници“ - книга на македонскиот писател Александар Прокопиев.[7]
  • „Будилник“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[10]
  • „Часовник“ — песна на македонскиот поет Санде Стојчевски.[11]
  • „Распрснато време“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[12] [13]
  • „Книги на раката“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[14]
  • „Везено време“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[15]
  • „Сказалки в џеб“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[16]
  • „Сликарот и часовникот“ - кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.[17]
  • „Часовник“ - песна на египетскиот поет Ахмед Шавки.[18]

Часовникот како мотив во музиката

  • „Црвениот часовник“ (англиски: The Red Clock) — песна на австралиската рок-група The Birtday Party.[19]
  • „На нишалото од градскиот часовник“ (англиски: At The Chime Of A City Clock) — песна на британскиот поп-рок пејач Ник Дрејк (Nick Drake) од 1970 година.[20]
  • „Календари и часовници“ (англиски: Calendars And Clocks) — песна на британската рок-група Корал (The Coral) од 2002 година.[21]
  • „Слушнај го часовникот на ѕидот“ (англиски: Listen To The Clock On The Wall) — песна на американската соул-група The O'Jays од 1972 година.[22]
  • „Часовник што се врти“ (англиски: Spinnin' Clock) — песна на американската хард-кор група The New Bomb Turks од 1993 година.[23]
  • „Златен часовник и синџир“ (англиски: Gold Watch And Chain) — песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[24]

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица