.su

.suнајвисок државен домен за Советскиот Сојуз создаден на 19 септември 1990 година. Иако Советскиот Сојуз се распаднал по само 14 месеци, највисокиот домен .su е во употреба и до ден денес. Го раководи Рускиот институт за јавни мрежи.

.su
Воведен1990
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарРуски инститиут за јавни мрежи
ПокровителРуски институт за јавни мрежи
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  СССР
Фактичка употребаЕнтитиети од посоветската ера
Регистрирани домени119.423 (јули 2014)[1]
Ограничувања на рестрацијатанема
СоставРегистрациите се дозволени директно на второ ниво
Правила при спорнема
Мреж. местоRUcenter
DNSSECда

Историја

Пред создавањето на советскиот домен постоеле само неколку мрежни страници во СССР Internet pages, повеќето припаѓале на универзитетите.[2]

По 1989 година се создадени нови домени во Европа, вклучувајќи ги тука .pl (Полска), .cs (Чехословачка), .yu (Југославија) и .dd (Источна Германија). Меѓу нив бил создаден и доменот за СССР – .su.[3] На почетокот Советскиот Сојуз требаше да добие .ussr домен. Но .su доменот бил осмислен од тогаш 19 годишниот фински студент Петри Ојала.[4] На 26 декември 1991 година се распадна Советскиот Сојуз и републиките се здобија со независност, со што овој домен требало да престане да постои, како што се случило со останатите домени на Источна Германија и Чехословачка. До 1993[3] немало највисок државен домен за Русија. Поради оваа причина земјата продолжила да го користи советскиот домен. Во 1993 година се воведува доменот .ru кој требало да го замени доменот .su.[3] Доменот требало да биде повлечен од ICANN, но бил зачуван по барање од руската влада и корисниците на семрежјето.[3]

Во 2001 година, раководителите на доменот објавиле дека ќе почната да прифаќаат нови записи на доменот .su, но не е јасно дали оваа остапка е во согласност со политиките на ICANN. ICANN изразила намера дека сака да го укине доменот .su и IANA изјавила дека почнала да го отстранува,[5] но лобистите изјавиле дека во септември 2007 година започнале преговори со ICANN за зачувување на доменот.[6] Во првата четвртина на 2008 година, регистрациите на доменот .su се зголемиле за 45%.[7]

Употреба

Доменот бил наменет за советските институции и претпријатија кои работеле во СССР. Моментално, и покрај распадот на земјата и преземањето на доменот тој сѐ уште е во употреба. Повеќето од регистрираните домени на .su се во Русија и САД.[8] Според податоците на RU-CENTER, постојат околу 93.500 регистрирани страници на доменот .su (постојат преку 2,8 милиони страници на доменот .ru ).[9] Меѓу институциите кои сѐ уште го користат овој домен се руската партија Наши, која е поврзана со претседателот и премиерот на Руската Федерација,[10] како и од сепаратистичката Федерална држава Новорусија во Источна Украина.[11] Во продолжение, доменот се користи од меѓународните бизниси, како што се Microsoft, Apple и Ford, кои своите руски страници ги имаат регистрирано на доменот .ru. Некои организации кои настанале во Советскиот Сојуз сѐ уште го користат овој домен.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица