11 септември (настани)

шаблон на Викимедија
1683 Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада.
1903 На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска.
1905 На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев.
1941 Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор.
1943 На патот Кичево-Охрид, баталјонотМирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица.
1944 Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија.
1944 Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944 Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
1973 Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура.
1996 Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997 Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2001 Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен.
2003 Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица