Јастреб врапчар

Јастреб врапчар
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Птици
Ред:Соколовидни
Семејство:Јастреби
Род:Јастреб
Вид:Јастреб врапчар
Научен назив
Accipiter nisus
(Linnaeus, 1758)
Подврсти

A. n. granti
A. n. melaschistos
A. n. nisosimilis
A. n. nisus
A. n. punicus
A. n. wolterstorffi

      Летно живеалиште       Постојано живеалиште       Зимско живеалиште

Јастреб врапчар (науч. Accipiter nisus) — мала граблива птица од семејството на јастребите (Accipitridae) со кратки, но широки крилја, и долга опашка. Двете прилагодувања помагаат за маневрирање низ дрвја. Женките можат да бидат и до 25% поголеми од мажјаците,[2] со тежина двојно поголема од нивната.[3] Кога женките се поголеми од мажјаците, познато е како обратен полов диморфизам. Птицата е присутна и во Македонија.

Возрасниот мажјак е долг 29–34 см, со распон на крилја од 59 до 64 см,[2] и маса од 110 до 196 г.[4] Има сиви горни делови (понекогаш посинуваат), со фини црвени долни делови кои од далечина можат да изгледаат портокалово; неговите ириси се портокалово-црвени.Женката е многу поголема со 35–41 см во должина, распон на крилјата од 67–80 см,[2] и маса од 185–342 г.[4] Таа има темнокафени или сино-кафени горни делови, кафени долни делови, и светложолти, или портокалови ириси. Младите се кафени во горниот дел,и боја која наликува на 'рѓа во долниот дел;[5]

Распространетост и живеалиште

Јастребот врапчар е распространет на должина од 23.600.000 км² и проценета популација од 1.5 милиони птици во 2009.[6]Овој јастреб е еден од најчестите грабливки во Европа, заедно со ветрушката и јастребот глувчар.[7]

Листопадната шума е типично место за парење и ловење за Јастребот врапчар.

Овие врсти се чести во шумите и во места со раштркани дрвја.[8] Јастребот врапчар претпочита лов во шумските рабови, но преселниците можат да бидат сретнати во секакво живеалиште.[7] За разлика од неговиот поголем роднина,Јастребот кокошкар, може да биде забележан во градини и урбани области[9] и може дури да се пари во градски паркови.[8] Јастребот кокошар од постудени региони од северна Европа и Азија се сели на југ за време на зимата,некои до Северна Африка (а некои дури до екваторски Источна Африка) и Индија. Младите ја започнуваат својата преселба пред возрасните.[7]

Исхрана

Јастребот врапчар, како овој мажјак, ги отстранува поголемите пердуви од својот плен пред да го јаде месото.

Јастребот врапчар е водечки грабливец на помали шумски птици,[10] но и покрај тоа, само 10% од неговите напади се успешни.[11] Лови со изненадно напаѓање, користејќи живи огради, овоштарници и други засолништа во близина на шумските предели; неговиот избор на живеалиште е одреден од овие потреби. Исто така користи градини, имајќи предност над пленот кој се наоѓа таму.[5]

Машките единки редовно убиваат птици со тежина до 40g и некогаш до 120g; женките напаѓаат плен со тежина до 500g и поголем. Дневната тежина на храна конзумирана од возрасни птици дневни е проценета на 40–50g за мажјаци и 50-70g за женки.[5] Врсти коишто се хранат на отворено, далеку од заштита, или се забележливи поради нивното поведение и боја, почесто се цел на Јастребот врапчар.[12]

Размножување

Пилињата остануваат во гнездото сè додека не достигнат возраст од 24 до 28 дена.

Јастребот врапчар се пари во пространи шуми, со средна густина. Нивното гнездо често може да се пронајде во близина на стеблото, на некоја хоризонтална гранка, или на врвот на некоја грмушка. Градат ново гнездо секоја година.[13] Користат гранчиња како главен материјал. Кога јајцата ќе се снесат, додаваат нови гранчиња или кора од дрва.[5]

За време на сезоната на парење , мажјакот губи тежина, бидејќи се грижи за исхраната на партнерката сè додека не ги снесе јајцата.[14]

Accipiter nisus

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица