Џовани Симеоне

Џовани Пабло Симеоне Балдини (роден на 5 јули 1995 во Буенос Аирес[1]) — аргентински фудбалер, напаѓач на Фјорентина.

Аргентина Џовани Симеоне
Giovanni Simeone 2016-17.jpg
Лични податоци
Полно имеЏовани Пабло Симеоне Балдини
Роден на5 јули 1995(1995-07-05)(28 г.)
Роден воБуенос Аирес, Аргентина
Висина&100000000000001800000001,80 м[1]
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубФјорентина Фјорентина
Број9
Младинска кариера
2008–2013Ривер Плејт Ривер Плејт
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2013-2016Ривер Плејт Ривер Плејт27(2)
2015-2016Банфилд Банфилд36(12)
2016-2017Џенова Џенова35(12)
2017-Фјорентина Фјорентина35(13)
Репрезентација
2015Аргентина Аргентина 2012(12)
2016Аргентина Аргентина 233(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010
Фотографија од Џовани Симеоне

Биографија

Џовани потекнува од фудбалско семејство. Тој е син на поранешниот фудбалер и моментален тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и на моделот Каролина Балдини.[2][3][4][5] Познат е под прекарот Ел Чолито,[6] што е деминутив од прекарот на неговиот таткото, кој бил наречен Ел Чоло. Дури и неговите браќа Џанлука и Џулијано исто така ја започнале истата кариера.[7]

Технички карактеристики

Елегантен, но физички моќен напаѓач, кој е способен да игра било каде во напаѓачката линија на својот тим; во својата кариера бил користен како втор напаѓач, централен напаѓач и како главен (осамен) напаѓач.[8] Тој е компетентен и ефикасен финишер кој добро се служи со двете нозе, и покрај тоа што е природно деснак. Како силен и мошне енергичен играч, Симеоне е познат и по својата тимска работа пред сè со придонесите во дефанзива без топка, спуштајќи се често во средниот ред, со цел да му помогне на својот тим да ја врати топката назад во свој посед. Исто така е опремен со одлична брзина и умее интелегентно да се движи на противничката половина кога неговиот тим напаѓа, што му овозможува да создаде простор и да обезбеди длабочина во нападот на неговиот тим но и да игра на работ на офсајдот.[9]

Клупска кариера

Ривер Плејт и Банфилд

Џовани Симеоне ја започнал својата кариера во екипата на Ривер Плејт, приклучувајќи му се на клубот во 2008 година на возраст од 13 години. Откако напредувал низ младинските категории, Симеоне потпишал тригодишен професионален договор со клубот во ноември 2011 година.[10] Во јули 2013 година, бил повикан во првиот тим за пријателските натпревари од претсезоната.[11] Симеоне го направил своето деби во лигата на 4 август 2013, започнувајќи како стартер и играјќи ги сите 90 минути во поразот од Химнасија Ла Плата со 0-1.[12] Подоцна истиот месец тој го обновил договорот, потпишувајќи до 2016 година.[13] Својот прв професионален гол Симеоне го постигнал на 8 септември, во победата на домашен терен над Тигре со 3-0.[14] Вкупно за Ривер Плејт одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола.

На 13 јануари 2015, екипата на Банфилд направила понуда со која го побарале младиот напаѓач, кој никако не можел да добие простор за игра во континуитет во Ривер Плејт, да дојде на заем во овој клуб кој исто така се натпреварувал во Примера Дивисион на Аргентина (највисоката фудбалска лига во Аргентина).[15][16] Договорот бил склучен шест месеци подоцна и на 6 јули 2015, Симеоне му се придружил на клубот на заем до крајот на сезоната.[17] На 12 јули 2015 година, тој го направил своето деби за Банфилд постигнувајќи го притоа победничкиот гол во победата со 1-0 над Килмес.[18] За Банфилд одиграл 34 натпревари и постигнал вкупно 12 гола.

Џенова

На 18 август 2016, Симеоне потпишал за италијанската Џенова во трансфер вреден 3 милиони евра.[19][20] Џенова најпрво откупила 65% од договорот на играчот,[21] а потоа и останатите 35% во јануари 2017 година.[22] На 18 септември дебитирал во Серија А во дресот на Џенова во поразот со 2-0 на гостувањето кај Сасуоло.[23] На 25 септември, тој го постигнал својот прв гол за грифоните, во ремито 1-1 на домашен терен против Пескара. На 27 ноември Симеоне постигнал два гола, во победата на домашен терен со 3-1 над Јувентус. Сезоната ја завршил со вкупно 13 постигнати голови (12 во Серија А и 1 во Купот на Италија).

Фјорентина

На 16 август 2017 година, Симеоне се преселил во Фјорентина за сума од 15 милиони евра плус 3 милиони во бонуси,[24][25] потпишувајќи петгодишен договор до јули 2022.[26] На 20 август дебитирал за виола во поразот од Интер со 3-0 на Џузепе Меаца. Својот прв погодок во дресот на Фјорентина го постигнал на 10 септември во победата со убедливи 5-0 на гостувањето кај Хелас Верона.[27] Во неделата од 31 март до 7 април 2018, Симеоне постигнал гол во три натпревари по ред помагајќи и на Фјорентина да оствари три победи над Кротоне (дома 2-0), Удинезе (гости 2-0) и Рома (гости 2-0). На 29 април 2018, го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 3-0 на домашен терен над Наполи.[28]

Репрезентативна кариера

Симеоне бил репрезентативец на Аргентина во селекцијата под 20 години за која на 12 натпревари постигнал 10 голови. Во летото 2016 бил повикан во Олимписката репрезентација на Аргентина да учествува на Олимпијадата 2016 во Бразил.[29]

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана 29 април 2018.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2013-2014 Ривер ПлејтПД172КА20КС00---192
2014-2015ПД100КА00КС42---142
Вкупно Ривер Плејт272204200334
2015-2016 БанфилдПД3412КА20------3612
Вкупно Банфилд341220----3612
2016-2017 ЏеноваА3512КИ11------3613
Вкупно Џенова351222----3714
2017-2018 ФјорентинаА3513КИ20------3713
Вкупно во кариерата1313982420014343

Хет-трикови

Титули

Клупски

Ривер Плејт

  • Примера Дивисион (1) : 2014 Финал
  • Копа Судамерикана (1) : 2014
  • Рекопа Судамерикана (1) : 2015
  • Копа Судамерикана (1) : 2015

Репрезентативни

Аргентина

  • Јужноамриканско младинско првенство (1) : 2015

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица