Серија А 2017-2018

Серија А 2017-2018 била 116-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 86 сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 19 август 2017, а завршила на 20 мај 2018 година.

Серија А 2017-2018
ПрвациЈувентус Јувентус
34. титула
Испаднале
Лига на шампиони
Лига Европа
Одиграни натпрвари380
Најдобар стелецИталија Чиро Имобиле
Аргентина Мауро Икарди
(29 гола)[1]
Најголема победа дома7-0
Јувентус - Сасуоло
(4 февруари 2018)[2]
Најголема победа во гости0-5
Верона - Фјорентина
(10 септември 2017)[3]
Каљари-Наполи
(26 февруари 2018)[2]
Сампдорија-Интер
(18 март 2018)[4]
Верона-Аталанта
(18 март 2018)[4]
Натпревар со најмногу голови2-6
Удинезе-Јувентус
(22 октомври 2017)
6-2
Лацио-Беневенто
(31 март 2018)[5]
Најголема серија на победи12 натпревари[6]
Јувентус Јувентус
Најголема серија без пораз18 натпревари[7]
Јувентус Јувентус
Најголема серија без победа18 натпревари[8]
Беневенто Беневенто
Најголема серија на порази14 натпревари[9]
Беневенто Беневенто
Најголема посетеност78,328
Интер - Милан 3-2
(15 октомври 2017)[10]
Најмала посетеност7,000
Кјево - Болоња 2-3
(22 декември 2017)[10]
Вкупна посетеност9,032,846[11]
Просечна посетеност24,545[11]

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2016-2017. Спал, Верона и Беневенто биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

На 13 мај 2018, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после ремито 0-0 на гостувањето во Рим кај Рома. Најголем конкурент на Јувентус за титулата во оваа сезона бил Наполи кој завршил на второто место со 4 бода помалку од шампионот. Екипите на Рома и Интер ги освоиле третото и четвртото место и заедно со Јувентус и Наполи играле во групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.

Петтопласираниот Лацио, шестопласираниот Милан и седмопласираната Аталанта избориле учество во Лигата на Европа 2018-2019.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Кротоне, Хелас Верона и Беневенто.

Најдобри стрелеци за сезоната биле Чиро Имобиле од Лацио и Мауро Икарди од Интер со 29 постигнати гола.

Општо

Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А биле СПАЛ, Верона и Беневенто.[12] СПАЛ се вратил во Серија А за првпат по 49 години откако последно таму играле во сезоната 1967-1968,[13] Верона се вратила по само една сезона пауза откако испаднале во сезоната 2015-2016, додека Беневенто кој им се приклучил преку плејофот бил дебитант во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал.[14]

Од гледна точка на правилата се истакнува воведувањето на VAR технологијата (откако била тестирана во текот на претходната сезона) и укинувањето на дополнителните помошници судии зад головите.[15]

Конечно, почнувајќи од оваа сезона, како резултат на промената на правилата на натпреварувањето, италијанското првенство ќе дава 4 екипи кој директно ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите.[16] Последен пат кога 4 италијански екипи биле во групите на Лигата на шампионите (во тој случај, 3 биле директно квалификувани плус 1 преку плеј-оф квалификациската рунда) било изданието 2009-2010, издание кое подоцна го освоил Интер (моментално последен успех на еден италијански клуб во најсилното европско натпреварување). Исто така од оваа сезона шесто или седмо пласираниот тим (седмиот, само ако победникот на Купот на Италија веќе ќе се квалификувал за некое европско натпреварување преку првенството) ќе играат во Лига Европа од втората преелиминарна рунда а не од третата, како што беше случај во тековната сезона.[17]

Калчомеркато

Летна сесија

Леонардо Бонучи, по шест шампионски години во дресот на Јувентус, се преселил кај нивните соперници Милан за да биде 6-ти.

Во пресрет на новата сезона во првенството, најактивни екипи на пазарот биле Јувентус на Алегри и Милан на Монтела: бјанконерите изненадувачки го загубиле Бонучи кој заминал во соперничкиот табор на росонерите, кои, од своја страна, се поздравиле со Де Шиљо кој му се приклучил на Јувентус.[18][19] Редовите на шесткратните италијански шампиони во последните шест години, исто така, ги засилиле Бернардески,[20] и Даглас Коста доведени соодветно од Фјорентина и Бајерн Минхен.[21] Исто така, голем број трансфери на пазарот направил Милан, мотивирани од враќањето во Европа и новиот кинески сопственик подготвен да инвестира,[22] во дополнение на гореспоменатиот Бонучи во клубот меѓу другите стигнале и Кесие, Чалханоглу, Биља, Андре Силва и Калиниќ.[23]

Останатите екипи кои исто така имале за цел да се квалификуваат во најсилното европско натпреварување имале различни стратегии на пазарот, Наполи на Сари избрал да го зачува составот од претходната сезона[24] додека Интер и Рома започнале нови проекти со нови тренери на својте клупи: доскорашниот тренер на џалоросите Лучано Спалети пристигнал на клупата на нероаѕурите[25] додека клубот од главниот град го назначил Еузебио Ди Франческо, кој дошол во клубот по неколку добри сезони како тренер на Сасуоло.[26] Двете екипи се обиделе да го засилат тимот што им бил достапен на новите тренери, па затоа во Интер пристигнале Шкриниар од Сампдорија и поранешните фудбалери на Фјорентина Борха Валеро и Весино,[27] додека во Рома пристигнале Коларов, Гоналон и Шик, и покрај тоа што некои важни играчи претходно си заминале како што се Ридигер, Паредес и Салах.[28] Наместо нив, Лацио на Симоне Инѕаги морал да се справи со значителни продажби, како што биле оние на гореспоменатиот Биља и Кеита, кои ги замениле со Лукас Леива и Нани.

Зимска сесија

Зимската сесија на трансфер пазарот не евидентирала големи операции: Јувентус не довел никој па единствената нивна операција била излезна, преќајќи го Пјаца на заем во Шалке 04; истото важи и за Наполи, кој им ги позајмил Максимовиќ и Џакерини, соодветно на Спартак Москва и Кјево, но не успеале да реализираат купување на друг напаѓач што било желба на нивниот тренер.[29] Меѓу најактивните екипи во зимската сесија бил Интер, кој се засилил со пристигнувањето на Лисандро Лопес од Бенфика[30] и Рафиња од Барселона,[31] додека во исто време ги продале Нагатомо на Галатасарај и Жоао Марио на Вест Хем Јунајтед; спртоивно на нив, Милан не извршил никаков вид на значителна операција на пазарот, ниту влезна ниту излезна. Рома го загубила Емерсон кој заминал во Челси (го замениле со Џонатан Силва), но пред сè успеале да издржат на притисокот на истиот лондонски тим за да го задржат напаѓачот Џеко,[32] додека единствениот трансфер на Лацио бил Касерес кој дошол од Верона. Меѓу останатите екипи, вреди да се истакне Сасуоло, кој се засилил со доаѓањето на напаѓачот Бабакар од Фјорентина, во замена за Фалчинели, кој и се приклучил на виола.

Настани

Прв дел од сезоната (Андата)

Марек Хамшик, капитенот на Наполи второ пласираната екипа во ова првенство со рекорден број на бодови; во оваа сезона Словакот го надминал Марадона и станал најдобар стрелец на небесно сините на сите времиња.[33]

Првиот месец од сезоната август не донел некој поголеми изненадувања, бидејќи екипите од "големата тројка" (Интер, Милан и Јувентус) веднаш го окупирале врвот на табелата со максимален број на бодови откако победиле во првите два натпревари, исто како и Сампдорија и Наполи,[34][35][36] но невообичаена ситуација имало на дното на табелата каде покрај новакот Беневенто се нашле и екипи од кој се очекуваше многу повеќе како Фјорентина, Аталанта, Удинезе и Каљари (сите без бодови по две кола).[37] Веќе септемвриската слика е многу попрецизна.[38] Поразите од Лацио, Сампдорија и Рома го оддалечиле Милан од врвот,[39] a тој останал окупиран од Наполи и Јувентус, додека Интер бил веднаш зад нив.[40]

Во седмото коло од сезоната, искористувајќи го првиот кикс на актуелните италијански шампиони (нерешено 2-2 против Аталанта), наполитанците го преземале водството во првенството, останувајќи осамени на врвот со два бода предност.[41][42] Во месеците октомври и ноември Наполи сè уште без пораз водел на табелата; а во потрага по нив биле Интер, Јувентус, Лацио и Рома, додека Милан на Винченцо Монтела (поразен во сите директни натпревари со првите пет) сè повеќе заостанувал зад наведените екипи. На другиот крај на табелата, на самото дно, ситуацијата на новопромовираниот Беневенто била многу тешка, поставувајќи негативен рекорд од 14 последователни порази од почетокот на сезоната.

Во текот на месец декември се регистрирани две промени на врвот на табелата; Наполи е за првпат поразен во ова првенство со 1-0 на домашен натпревар од Јувентус (со голот на некогашниот играч на Наполи, Игуаин), и во истото тоа коло е престигнат од Интер, кој пак е престигнат од Наполи и Јувентус две недели подоцна откако тие го регистрирале својот прв сезонски пораз со 1-3 на домашен терен од Удинезе.[43][44] На дното на табелата, во меѓувреме, Беневенто го пронашол својата прв историски бод во Серија А во ремито 2-2 против Милан (кој сега бил воден од страна на Џенаро Гатузо, по отпуштањето на Монтела).[45] По завршувањето на последното коло од првиот дел на првенството, Наполи и понатаму бил водач на табелата со бод предност во однос на Јувентус, додека Интер се чини дека го загубил тлото кога е во прашање Битката за врвот.

Втор дел од сезоната (Риторно)

Давиде Астори, капитенот на Фјорентина, починал во пресрет на 27-мото коло од сезоната.

На почетокот од вториот круг била потврдена сликата од крајот на годината: во битка за скудетото се издвоиле Наполи и Јувентус, при што партенопеите водат на пласман и ги принудуваат бјанконерите да ги следат, додека за преостанатите места кој водат во Лигата на шампионите за следната сезона во борба биле Интер, Рома и Лацио. На дното, покрај Беневенто кој сè повеќе и повеќе се оддалечувал од сигурната зона која носи опстанок и сè повеќе изгледал закован на дното на табелата (иако во меѓувреме успеале да дојдат до првите долгоочекувани победи во лигата против Кјево и Сампдорија), регистрирана е како и обично голема борба, меѓу 7 тима кој во разлика од само 6 бода. Месецот февруари не понудил големи пресврти; освен што може да се евидентира малото одлепување на Наполи од Јувентус, кој го искористил одложувањето на натпреварот Јувентус-Аталанта да дојде до предност од +4,[46] и враќањето на Милан, кој под водството на Гатузо се чини дека повторно ја пронашол играта и резултатите, скратувајќи го јазот до екипите кој се борат за место во Лигаата на шампионите[47](како и до Сампдорија, која била меѓу откровенијата на сезоната). Сасуоло и Кротоне во овој дел од сезоната се соочуваат со потешкотии, кои ги тераат загрижувачки да гледаат код пад во зоната за испаѓање (окупирана во тој момент од новаците СПАЛ, Верона и Беневенто).

27-мото коло од сезоната е нарушено со изненадната смрт на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, неколку часа пред натпреварот против Удинезе: Лигата ги одложи сите седум натпревари кој биле закажани за тој ден, вклучувајќи го и дербито на Милано, кое исто така било закажано за тој ден (другите три натпревари биле одиграни во сабота, ден пред смртта на Астори).[48][49]

Мауро Икарди бил најдобар стрелец во оваа сезона со 29 гола
(колку и Имобиле), и најзаслужниот играч на Интер за враќањето на нероаѕурите во Лигата на шмапионите после 7 години.

Во следниот коло забележано е престигнувањето на врвот на табелата: Наполи одиграл нерешено со Интер[50] и, исто така, поради поразот дома од Рома една недела претходно, му го препуштаат првото место на актуелниот шампион Јувентус.[51] Три дена подоцна, бјанконерите победиле во одложениот натпревар против Аталанта и стигнале до +4.[52] Оваа дистанца помеѓу првите два тима на табелата останала актина сè до нивниот меѓусебен натпревар во 34-тото коло, и покрај некои обиди на Јувентус за зголемување на предноста: во Торино сепак победуваат небесно сините (со 1-0 со голот на Кулибали во 90-тата минута), и ја скратил предноста на противникот на -1.[53] По истото ова коло, Беневенто била првата екипа што и математички испаднала во Серија Б.[54] Сепак, веќе во следното коло, Јувентус се вратил на +4, победувајќи го Интер на Сан Сиро во Дербито д'Италија и искористувајќи го катастрофалниот пораз на Наполи на гостувањето кај Фјорентина ден подоцна.[55][56] Името на втората екипа која испаднала било познато по 36-тото коло, кога Верона загубила со 4-1 од Милан и му се приклучила на Беневенто како уште една екипа која се вратила во Серија Б после само една сезона во највисоката италијанска лига.[57]

По тивкиот почеток, во вториот дел од сезоната бразилецот Даглас Коста се појавил како главен протагонист[58] на Јувентус во освојувањето на историското 7-мо последователно скудето.

Сликата околу конечниот поредок станала подетална во 37-мото коло, кога поразот на Интер од Сасуоло и овозможил на Рома и математички да избори место во Лигата на шампионите.[59] Во неделата попладне, Милан го осигурал своето место во Лигата на Европа благодарение на ремито 1-1 со еден од директните конкуренти, екипата на Аталанта.[60] двојната вечерна програма, го донела и името на шампионот за оваа сезона, тоа бил Јувентус кој одиграл нерешено 0-0 на гостувањето кај Рома, што му било доволно да го осигура историското седмо скудето едноподруго во последните 7 години или нивно 34-то во клупската историја;[61] истата вечер згаснале надежите на двете екипи кој играле натпревар во Џенова - Сампдорија и Наполи, Наполи победил со 2-0 но таа победа не им донела ништо затоа што истата вечер ги загубиле шансите за скудетото (веќе ја имале осигурано втората позиција на табелата), додека поразот за Сампдорија значел и дефинитивен крај на шансите за изборување на квалификациите за Лигата на Европа.[60] Сценаријата за тоа кој ќе го освои четвртото место и последната екипа која ќе испадне од лигата останале отворени до последното коло, поради ремито помеѓу Кротоне и Лацио: бјанкочелестите ја зголемиле својата предност во однос на Интер на 3 бода во пресрет на нивниот директен судир закажан за последното коло, додека за питагорејците патот за спасување втора година по ред во последното коло останал отворен.[62]

Испаѓањето на Кротоне во претходното коло било само одложено, бидејќи поразот од Наполи (кој воспоставил свој сопствен клупски рекорд по бројот на освоени бодови во една лига, а за првпат во историјата на лигата еден клуб кој достигнал до 91 бод завршил како втор во пласманот) во последната рунда ги осудува на испаѓање во Серија Б, по две сезони во елитната италијанска конкуренција.[63] Нивното испаѓање значело спас и опстанок во лигата за Удинезе, Кјево, СПАЛ и Каљари;[64]сардинијците исто така сами си ја завршиле работата победувајќи ја Аталанта, која завршила на седмото место: поразот на Фјорентина од Милан, всушност, ја исклучил виола од Европа, во корист на токму на Аталанта, која ќе мора да започне со натпреварувањето од втората рунда на квалификации.[65] Дилемата за последното слободно место кое води во Лигата на шампионите била решена во корист на Интер, кој го победи Лацио со 3-2, и го престигнал на табелата, поради фактот што бил подобар во меѓусебните натпревари. Така, бјанкочелестите завршиле во групната фаза од Лигата на Европа, заедно со Милан.[66]

Рангирањето на најдобрите стрелци е завршено со поделба на првото место, помеѓу најдобриот стрелец на бјанкочелестите и нероаѕурите: Имобиле и Икарди, секој од нив постигнал по 29 голови.[67] За двајцата ова е вторпат во кариерата да бидат најдобри стрелци во италијанското првенство: аргентинецот исто така ја освоил оваа награда пред 3 години, и тогаш завршувајќи со еднаков број голови со друг играч (во тој случај Тони од Верона, со по 22 гола), додека Имобиле веќе бил најдобар стрелец пред 4 години.[67]

За тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ова било петто лично скудето во кариерата (4 со Јувентус и 1 со Милан), со што тој се изедначил со Фабио Капело и Марчело Липи по бројот на освоени титули во италијанското првенство останувајќи единствено само зад Џовани Трапатони. Исто така тој станал само вториот тренер (по Карло Каркано) кој успеал да освои 4 шампионски титули едноподруго со кој било клуб.

Екипи

Екипи по региони

Број на екипиРегионЕкипи
3  Емилија-РомањаБолоња, Сасуоло и СПАЛ
 ЛомбардијаАталанта, Интер и Милан
2  ВенетоКјево и Хелас Верона
 КампанијаНаполи и Беневенто
 ЛациоЛацио и Рома
 ЛигуријаЏенова и Сампдорија
 ПиемонтЈувентус и Торино
1  КалабријаКротоне
 СардинијаКаљари
 ТосканаФјорентина
 Фурланија-Јулиска КраинаУдинезе

Стадионите на екипите и нивните локации

ЕкипаГрадСтадионКапацитетсезона 2016–2017
АталантаБергамоАтлети Аѕури д'Италија&1000000000000002130000021,3004-ти во Серија А
БеневентоБеневентоСтадион Чиро Вигорито&1000000000000001755399917,554Серија Б Плејоф победник
БолоњаБолоњаСтадион Ренато Дал'Ара&1000000000000003827900038,27915-ти во Серија А
ВеронаВеронаМарк'Антонио Бентегоди&1000000000000003840200038,4022-ри во Серија Б
ИнтерМиланоСан Сиро&1000000000000008001800080,0187-ми во Серија А
ЈувентусТориноСтадион Јувентус&1000000000000004150699941,507 Серија А шампион
КаљариКаљариСардења арена&1000000000000001623300016,23311-ти во Серија А
КјевоВеронаМарк'Антонио Бентегоди&1000000000000003840200038,40214-ти во Серија А
КротонеКротонеСтадион Ецио Шида&1000000000000001654700016,54717-ти во Серија А
ЛациоРимОлимпико&1000000000000007063400070,6345-ти во Серија А
МиланМиланоСан Сиро&1000000000000008001800080,0186-ти во Серија А
НаполиНеаполСтадион Сан Паоло&1000000000000006024000060,2403-ти во Серија А
РомаРимОлимпико&1000000000000007063400070,6342-ри во Серија А
СампдоријаЏеноваСтадион Лујџи Ферарис&1000000000000003668500036,68510-ти во Серија А
СасуолоСасуолоСтадион Мапеи
(Реџо Емилија)
&1000000000000002371699923,71712-ти во Серија А
СПАЛФерараСтадион Паоло Маца&1000000000000001301999913,020Серија Б шампион
ТориноТориноОлимпико ди Торино&1000000000000002799399927,9949-ти во Серија А
УдинезеУдинеСтадион Фриули&1000000000000002514399925,14413-ти во Серија А
ФјорентинаФиренцаСтадион Артемио Франки&1000000000000004314699943,1478-ми во Серија А
ЏеноваЏеноваСтадион Лујџи Ферарис&1000000000000003668500036,68516-ти во Серија А

Личности и спонзори

ЕкипаТренерКапитенОпремаСпонзор на дресот
Аталанта Џан Пјеро Гасперини Алехандро ГомесХомаTWS
Беневенто Роберто Де Зерби Фабио ЛучониFG SportLa Molisana
Болоња Роберто Донадони Антонио МирантеМакронFaac
Верона Фабио Пекија РомулоНајкMetano Nord
Интер Лучано Спалети Мауро ИкардиНајкPirelli
Јувентус Масимилијано Алегри Џанлујџи БуфонАдидасJeep
Каљари Диего Лопес Даниеле ДесенаМакронIchnusa
Кјево Лоренцо Д'Ана Серџо ПелисиеЏивоваPaluani
Кротоне Валтер Ѕенга Алекс КордазZeus SportLewer
Лацио Симоне Инѕаги Сенад ЛулиќМакронSeleco
Милан Џенаро Гатузо Леонардо БонучиАдидасFly Emirates
Наполи Маурицио Сари Марек ХамшикКапаLete
Рома Еузебио Ди Франческо Даниеле Де РосиНајкQatar Airways
Сампдорија Марко Џампаоло Васко РеџиниХомаInvent Energy
Сасуоло Џузепе Јакини Франческо МањанелиКапаМапеи
СПАЛ Леонардо Семпличи Мирко АнтенучиМакронVetroresina
Торино Валтер Маѕари Андреја БелотиКапаСузуки
Удинезе Игор Тудор ДанилоHS SportДачија
Фјорентина Стефано Пиоли Милан БадељLe Coq SportifFolletto
Џенова Давиде Балардини Матија ПеринЛотоEviva Energia

Тренерски промени

ЕкипаТренер кој заминалПричинаДата на заминувањеПозицијаТренер кој го заменилДата на назначување
Интер Стефано ВекиКрај на привр. период28 мај 2017Пред-сезона Лучано Спалети9 јуни 2017 [68]
Рома Лучано СпалетиСпогодбено30 мај 2017[69] Еузебио Ди Франческо13 јуни 2017[70]
Фјорентина Пауло СоусаМу истекол договорот6 јуни 2017 Стефано Пиоли6 јуни 2017 [71]
Сасуоло Еузебио Ди ФранческоЗаминал во Рома13 јуни 2017 Кристијан Буки20 јуни 2017[72]
Каљари Масимо РастелиОтпуштен17 октомври 2017[73]14-ти Диего Лопес18 октомври 2017[74]
Беневенто Марко Барони23 октомври 201720-ти Роберто Де Зерби23 октомври 2017[75]
Џенова Иван Јуриќ5 ноември 2017[76]18-ти Давиде Балардини6 ноември 2017[77]
Удинезе Лујџи Дел Нери21 ноември 2017[78]14-ти Масимо Одо21 ноември 2017[79]
Сасуоло Кристијан Буки27 ноември 2017[80]16-ти Џузепе Јакини27 ноември 2017[81]
Милан Винченцо Монтела27 ноември 2017[82]7-ти Џенаро Гатузо27 ноември 2017[83]
Кротоне Давиде НиколаОставка6 декември 2017[84]16-ти Валтер Ѕенга8 декември 2017[85]
Торино Синиша МихајловиќОтпуштен4 јануари 2018[86]10-ти Валтер Мацари4 јануари 2018[87]
Удинезе Масимо Одо24 април 2018[88]15-ти Игор Тудор24 април 2018[89]
Кјево Роландо Маран29 април 2018[90]17-ти Лоренцо Д'Ана29 април 2018

Завршна табела

Последно ажурирање: 22 мај 2018.[91]

Поз.ЕкипаБодОНПНИДГПГГР
1. Јувентус953830538624+62
2. Наполи913828737729+48
3. Рома773823876128+33
4. Интер7238201266630+36
5. Лацио723821988949+40
6. Милан64381810105642+14
[92]7. Аталанта60381612105739+18
8. Фјорентина5738169135446+8
9. Торино54381315105446+8
10. Сампдорија5438166165660−4
11. Сасуоло43381110172959−30
12. Џенова4138118193343−10
13. Кјево40381010183659−23
14. Удинезе4038124224863−15
15. Болоња3938116214052−12
16. Каљари3938116213361−28
17. СПАЛ3838814163959−20
18. Кротоне353898214066−26
19. Верона253874273078−48
20. Беневенто213863293384−51

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019.
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2018-2019.
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2018-2019.
      Испаѓа во Серија Б 2018-2019.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Пласман

Шампионскиот тим

Почетна постава
4-3-3 формација
1 Џанлујџи Буфон (21 настап)
26 Стефан Лихтштајнер (27)
4 Меди Бенатија (20)
3 Џорџо Кјелини (26)
12 Алекс Сандро (26)
6 Сами Хедира (26)
5 Миралем Пјаниќ (31)
14 Блез Матуиди (32)
10 Пауло Дибала (33)
11 Даглас Коста (31)
9 Гонсало Игуаин (35)

Резерви:Марио Манџукиќ (32), Андреја Барцалји (26), Даниеле Ругани (22), Федерико Бернардески (22), Хуан Квадрадо (21), Родриго Бентанкур (20), Квадво Асамоа (19), Војќех Шченсни (17), Клаудио Маркизио (15), Матија Де Шиљо (12), Стефано Стураро (12), Бенедикт Хеведес (3), Карло Пинсољо (1).

Резултати

Табеларен приказ

Последно ажуриање: 28 мај 2018.

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

АТАБЕНБОЛКАЉКЈЕКРОФЈОЏЕНИНТЈУВЛАЦМИЛНАПРОМСАМСАССПАТОРУДИВЕР
Аталанта––––1-01-01-21-05-11-13-10-02-23-31-10-10-11-22-11-12-12-03-0
Беневенто0-3––––0-11-21-03-20-31-01-22-41-52-20-20-43-21-21-20-13-33-0
Болоња0-13-0––––1-11-22-31-22-01-10-31-21-20-31-13-02-12-11-11-22-0
Каљари1-02-10-0––––0-21-00-12-31-30-12-21-20-50-12-20-12-00-42-12-1
Кјево1-11-02-32-1––––2-12-10-11-20-21-21-40-00-02-11-12-10-01-13-2
Кротоне1-12-01-01-11-0––––2-10-10-21-12-20-30-10-24-14-12-32-20-30-0
Фјорентина1-11-02-10-11-02-0––––0-01-10-23-41-13-02-41-23-00-03-02-11-4
Џенова1-21-00-12-11-11-02-3––––2-02-42-30-12-31-10-21-01-11-20-13-1
Интер2-02-02-14-05-01-13-01-0––––2-30-03-20-01-13-21-22-01-11-33-0
Јувентус2-02-13-13-03-03-01-01-00-0––––1-23-10-11-03-07-04-14-02-02-1
Лацио1-16-21-13-05-14-01-11-22-30-1––––4-11-40-04-06-10-01-33-02-0
Милан0-20-12-12-13-21-05-10-00-00-22-1––––0-00-21-01-12-00-02-14-1
Наполи3-16-03-13-02-12-10-01-00-00-14-12-1––––2-43-23-11-02-24-22-0
Рома1-25-21-01-04-11-00-22-11-30-02-10-20-1––––0-11-13-13-03-13-0
Сампдорија3-12-11-04-14-15-03-10-00-53-21-22-00-21-1––––0-12-01-12-12-0
Сасуоло0-32-20-10-00-02-11-00-01-01-30-30-21-10-11-0––––1-11-10-10-2
СПАЛ1-12-01-00-20-01-11-11-01-10-02-50-42-30-33-10-1––––2-23-22-2
Торино1-13-03-02-11-14-11-20-01-00-10-11-11-30-12-23-02-1––––2-02-2
Удинезе2-12-01-00-11-21-20-21-00-42-61-21-10-10-24-01-21-12-3––––4-0
Верона0-51-02-31-01-00-30-50-11-21-30-33-01-30-10-00-11-32-10-1––––

Календар

Извлекувањето на календарот се одржало на 26 јули 2017 година.[93][94]

Андата (1. коло)Прво колоРиторно (20. коло)
20 авг.0-1Аталанта-Рома2-16 јан.
1-1Болоња-Торино0-3
0-3Кротоне-Милан0-1
3-0Интер-Фјорентина1-15 јан.
19 авг.3-0Јувентус-Каљари1-06 јан.
20 авг.0-0Лацио-СПАЛ5-2
2-1Сампдорија-Беневенто2-3
0-0Сасуоло-Џенова0-1
1-2Удинезе-Кјево1-15 јан.
19 авг.1-3Верона-Наполи0-26 јан.
Андата (2. коло)Второ колоРиторно (21. коло)
26 авг.0-1Беневенто-Болоња0-321 јан.
27 авг.1-2Кјево-Лацио1-5
0-0Кротоне-Верона3-0
1-2Фјорентина-Сампдорија1-3
26 авг.2-4Џенова-Јувентус0-122 јан.
27 авг.2-1Милан-Каљари2-121 јан.
3-1Наполи-Аталанта1-0
26 авг.1-3Рома-Интер1-1
27 авг.3-2СПАЛ-Удинезе1-1
3-0Торино-Сасуоло1-1


Андата (3. коло)Трето колоРиторно (22. коло)
10 сеп.2-1Аталанта-Сасуоло3-027 јан.
0-1Беневенто-Торино0-328 јан.
0-3Болоња-Наполи1-3
1-0Каљари-Кротоне1-1
2-0Интер-СПАЛ1-1
9 сеп.3-0Јувентус-Кјево2-027 јан.
10 сеп.4-1Лацио-Милан1-228 јан.
24 јан.[95]1-1Сампдорија-Рома1-0
10 сеп.1-0Удинезе-Џенова1-0
0-5Верона-Фјорентина4-1
Андата (4. коло)Четврто колоРиторно (23. коло)
17 сеп.1-1Кјево-Аталанта0-14 фев.
16 сеп.0-2Кротоне-Интер1-13 фев.
2-1Фјорентина-Болоња2-14 фев.
17 сеп.2-3Џенова-Лацио2-15 фев.
2-1Милан-Удинезе1-14 фев.
6-0Наполи-Беневенто2-0
16 сеп.3-0Рома-Верона1-0
17 сеп.1-3Сасуоло-Јувентус0-7
0-2СПАЛ-Каљари0-2
2-2Торино-Сампдорија1-13 фев.


Андата (5. коло)Петто колоРиторно (24. коло)
20 сеп.5-1Аталанта-Кротоне1-110 фев.
0-4Беневенто-Рома2-511 фев.
19 сеп.1-1Болоња-Интер1-2
20 сеп.0-1Каљари-Сасуоло0-0
1-1Џенова-Кјево1-0
1-0Јувентус-Фјорентина2-09 фев.
1-4Лацио-Наполи1-410 фев.
2-0Милан-СПАЛ4-0
2-3Удинезе-Торино0-211 фев.
0-0Верона-Сампдорија0-2
Андата (6. коло)Шесто колоРиторно (25. коло)
24 сеп.0-2Каљари-Кјево1-217 фев.
2-0Кротоне-Беневенто2-318 фев.
1-1Фјорентина-Аталанта1-1
1-0Интер-Џенова0-217 фев.
23 сеп.4-0Јувентус-Торино1-018 фев.
3-1Рома-Удинезе2-017 фев.
24 сеп.2-0Сампдорија-Милан0-118 фев.
0-1Сасуоло-Болоња1-2
23 сеп.2-3СПАЛ-Наполи0-1
24 сеп.0-3Верона-Лацио0-219 фев.


Андата (7. коло)Седмо колоРиторно (26. коло)
1 окт.2-2Аталанта-Јувентус0-214 мар.
1-2Беневенто-Интер0-224 фев.
2-1Кјево-Фјорентина0-125 фев.
30 сеп.0-1Џенова-Болоња0-224 фев.
1 окт.6-1Лацио-Сасуоло3-025 фев.
0-2Милан-Рома2-0
3-0Наполи-Каљари5-026 фев.
1-1СПАЛ-Кротоне3-225 фев.
2-2Торино-Верона1-2
30 сеп.4-0Удинезе-Сампдорија1-2
Андата (8. коло)Осмо колоРиторно (27. коло)
15 окт.2-1Болоња-СПАЛ0-13 мар.
2-3Каљари-Џенова1-23 апр.
2-2Кротоне-Торино1-44 апр.
2-1Фјорентина-Удинезе2-03 апр.
3-2Интер-Милан0-04 апр.
14 окт.1-2Јувентус-Лацио1-03 мар.
0-1Рома-Наполи4-2
15 окт.3-1Сампрдорија-Аталанта2-13 апр.
0-0Сасуоло-Кјево1-14 апр.
16 окт.1-0Верона-Беневенто0-3


Андата (9. коло)Деветто колоРиторно (28. коло)
22 окт.1-0Аталанта-Болоња1-011 мар.
0-3Беневенто-Фјорентина0-1
3-2Кјево-Верона0-110 мар.
3-0Лацио-Каљари2-211 мар.
0-0Милан-Џенова1-0
21 окт.0-0Наполи-Интер0-0
5-0Сампдорија-Кротоне1-4
22 окт.0-1СПАЛ-Сасуоло1-1
0-1Торино-Рома0-39 мар.
2-6Удинезе-Јувентус0-211 мар.
Андата (10. коло)Дессетто колоРиторно (29.коло)
25 окт.3-0Аталанта-Верона5-018 мар.
1-2Болоња-Лацио1-1
2-1Каљари-Беневенто2-1
1-4Кјево-Милан2-3
3-0Фјорентина-Торино2-1
2-3Џенова-Наполи0-1
24 окт.3-2Интер-Сампдорија5-0
25 окт.4-1Јувентус-СПАЛ0-017 мар.
1-0Рома-Кротоне2-018 мар.
0-1Сасуоло-Удинезе2-117 мар.


Андата (11. коло)Единаесетто колоРиторно (30. коло)
29 окт.1-5Беневенто-Лацио2-631 мар.
2-1Кротоне-Фјорентина0-2
28 окт.0-2Милан-Јувентус1-3
29 окт.3-1Наполи-Сасуоло1-1
28 окт.1-0Рома-Болоња1-1
29 окт.4-1Сампдорија-Кјево1-2
1-0СПАЛ-Џенова1-1
2-1Торино-Каљари4-0
2-1Удинезе-Аталанта0-2
30 окт.1-2Верона-Интер0-3
Андата (12. коло)Дванаесетто колоРиторно (31. коло)
5 ное.1-1Аталанта-СПАЛ1-17 апр.
4 ное.2-3Болоња-Кротоне0-18 апр.
5 ное.2-1Каљари-Верона0-1
0-0Кјево-Наполи1-2
2-4Фјорентина-Рома2-07 апр.
4 ное.0-2Џенова-Сампдорија0-0
5 ное.1-1Интер-Торино0-18 апр.
2-1Јувентус-Беневенто4-27 апр.
24 јан.[95]3-0Лацио-Удинезе2-18 апр.
5 ное.0-2Сасуоло-Милан1-1


Андата (13. коло)Тринаесетто колоРиторно (32. коло)
19 ное.1-2Беневенто-Сасуоло2-215 апр.
0-1Кротоне-Џенова0-114 апр.
2-0Интер-Аталанта0-0
18 nov.2-1Наполи-Милан0-015 апр.
2-1Рома-Лацио0-0
19 ное.3-2Сампдорија-Јувентус0-3
1-1СПАЛ-Фјорентина0-0
1-1Торино-Кјево0-014 апр.
0-1Удинезе-Каљари1-2
20 ное.2-3Верона-Болоња0-215 апр.
Андата (14. коло)Четиринаесетто колоРиторно (33. коло)
27 ное.1-0Аталанта-Беневенто3-018 апр.
25 ное.3-0Болоња-Сампдорија0-1
1-3Каљари-Интер0-417 апр.
2-1Кјево-СПАЛ0-018 апр.
26 ное.1-1Џенова-Рома1-2
3-0Јувентус-Кротоне1-1
1-1Лацио-Фјорентина4-3
0-0Милан-Торино1-1
25 ное.0-2Сасуоло-Верона1-0
26 ное.0-1Удинезе-Наполи2-4


Андата (15. коло)Петнаесетто колоРиторно (34. коло)
3 дек.2-2Беневенто-Милан1-021 апр.
1-1Болоња-Каљари0-022 апр.
4 дек.0-3Кротоне-Удинезе2-1
3 дек.3-0Фјорентина-Сасуоло0-121 апр.
5-0Интер-Кјево2-122 апр.
1 дек.0-1Наполи-Јувентус1-0
3-1Рома-СПАЛ3-021 апр.
3 дек.1-2Сампдорија-Лацио0-422 апр.
2 дек.1-1Торино-Аталанта1-2
4 дек.0-1Верона-Џенова1-323 апр.
Андата (16. коло)Шеснаесетто колоРиторно (35. коло)
9 дек.2-2Каљари-Сампдорија1-429 апр.
10 дек.0-0Кјево-Рома1-428 апр.
12 дек.1-2Џенмова-Аталанта1-329 апр.
9 дек.0-0Јувентус-Интер3-228 апр.
11 дек.1-3Лацио-Торино1-029 апр.
10 дек.2-1Милан-Болоња2-1
0-0Наполи-Фјорентина0-3
2-1Сасуоло-Кротоне1-4
2-2СПАЛ-Верона3-1
2-0Удинезе-Беневенто3-3


Андата (17. коло)Седуманесетто колоРиторно (36. коло)
17 дек.3-3Аталанта-Лацио1-16 мај
1-2Беневенто-СПАЛ0-2
0-3Болоња-Јувентус1-35 мај
1-0Кротоне-Кјево1-26 мај
0-0Фјорентина-Џенова3-2
16 дек.1-3Интер-Удинезе4-0
1-0Рома-Каљари1-0
17 дек.0-1Сампдорија-Сасуоло0-1
16 дек.1-3Торино-Наполи2-2
17 дек.3-0Верона-Милан1-45 мај
Андата (18. коло)Осумнаесетто колоРиторно (37. коло)
22 дек.0-1Каљари-Фјорентина1-013 мај
2-3Кјево-Болоња2-1
23 дек.1-0Џенова-Беневенто0-112 мај
1-0Јувентус-Рома0-013 мај
4-0Лацио-Кротоне2-2
0-2Милан-Аталанта1-1
3-2Наполи-Сампдорија2-0
1-0Сасуоло-Интер2-112 мај
2-2СПАЛ-Торино1-213 мај
4-0Удинезе-Верона1-0


Андата (19. коло)Деветнаесетто колоРиторно (38. коло)
30 дек.1-2Аталанта-Каљари0-120 мај
1-0Беневенто-Кјево0-1
1-2Болоња-Удинезе0-1
29 дек.0-1Кротоне-Наполи1-2
30 дек.1-1Фјорентина-Милан1-5
0-0Интер-Лацио3-2
1-1Рома-Сасуоло1-0
2-0Сампдорија-СПАЛ1-3
0-0Торино-Џенова2-1
1-3Верона-Јувентус1-219 мај

Статистика

Екипна

Лидери на табелата

ФК ЈувентусФК НаполиФК ИнтерФК Наполи

Создавање на пласманот

10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª
Аталанта00347899121515161619202324272730303336373838384144474849525558596060
Беневенто0000000000000011114777771010131313131314141718182121
Болоња1444581114141414141720212121242424272727273033333334353538383939393939
Каљари00366666699121515161717172020202124252525252629292932323333333639
Кјево3334581112151515161720202121212122222222222525262626292930313131343740
Кротоне01111456669121212121215151515181920212121212424242727283134343535
Фјорентина003667710131616161718212223262728282831313235384144475051515154575757
Џенова111122256666910131314171821212124273030333333343538384141414141
Интер3691213161922232629303336394040404142434445484851525356595960636666696972
Јувентус3691215181919222528313134373841444750535659626568717475788184858588919295
Лацио1471010131619222528313132353536394043464646464952525354576061646770717272
Милан366912121212131616191920212424242528313435384144454851515253545457606164
Наполи3691215182124252831323538383942454851545760636669697073747778818484858891
Рома334710131616192225283132353639394040414144475050535659606061646770737477
Сампдорија36789121215181821242727272828283131343738414144474747474848515154545454
Сасуоло1111444588881111111417202121222222232323242528293031343737404343
СПАЛ1444445555891010101114151515161717171720232425262728292932353538
Торино147811111213131316171819202323242528293233363636393939424546474747485154
Удинезе003333666912121212151821242728293233333333333333333333333334343740
Верона0111223666666991013131313131616161619192222222525252525252525

Освоени бодови во сооднос

Сооднос дома-гости
ДомаГости
Јувентус49Јувентус46
Наполи45Наполи46
Сампдорија39Рома42
Интер38Лацио40
Милан35Интер34
Рома35Милан29
Аталанта33Фјорентина28
Лацио32Аталанта27
Торино30Сасуоло24
Фјорентина29Торино24
Кјево27Џенова20
Кротоне24Удинезе20
СПАЛ23Каљари18
Болоња22Болоња17
Каљари21Сампдорија15
Џенова21СПАЛ15
Удинезе20Кјево13
Сасуоло19Кротоне11
Беневенто17Верона9
Верона16Беневенто4

Поединечна

Список на стрелци

ГолПеналиИграчКлуб
296 Мауро Икарди Интер
297 Чиро Имобиле Лацио
223 Пауло Дибала Јувентус
197 Фабио Кваљарела Сампдорија
184 Дрис Мертенс Наполи
160 Един Џеко Рома
161 Гонсало Игуаин Јувентус
140 Џовани Симеоне Фјорентина
120 Јаго Фалке Торино
120 Кевин Лазања Удинезе
120 Сергеј Милинко.-Савиќ Лацио
121 Роберто Инглезе Кјево
110 Леонардо Паволети Каљари
110 Иван Перишиќ Интер
110 Дуван Сапата Сампдорија
111 Луис Алберто Лацио
112 Јосип Иличиќ Аталанта
115 Мирко Антенучи СПАЛ
100 Андреја Белоти Торино
100 Хосе Калјехон Наполи
100 Матео Политано Сасуоло
100 Патрик Кутроне Милан
102 Симоне Верди Болоња
90 Сами Хедира Јувентус
90 Брајан Кристанте Аталанта

Чиро Имобиле бил најдобар стрелец во сезоната со 29 гола (колку што постигнал и Икарди) и единствениот играч покрај аргентинцот кој во текот на оваа сезона успеал да постигне 4 гола на еден натпревар.

Хет-трикови

ИграчКлубПротивРезултатДата
Пауло ДибалаЈувентусЏенова4–2 (A) Архивирано на 6 јуни 2018 г.26 август 2017
Чиро ИмобилеЛациоМилан4–1 (H) Архивирано на 25 јуни 2018 г.10 септември 2017
Пауло ДибалаЈувентусСасуоло3–1 (A) Архивирано на 26 јуни 2018 г.17 септември 2017
Дрис МертенсНаполиБеневенто6–0 (H) Архивирано на 26 јуни 2018 г.17 септември 2017
Мауро ИкардиИнтерМилан3–2 (H) Архивирано на 26 јуни 2018 г.15 октомври 2017
Сами ХедираЈувентусУдинезе6–2 (A) Архивирано на 6 јуни 2018 г.22 октомври 2017
Иван ПеришиќИнтерКјево5–0 (H) Архивирано на 11 април 2018 г.3 декември 2017
Чиро Имобиле4ЛациоСПАЛ5–2 (A) Архивирано на 15 јуни 2018 г.6 јануари 2018
Фабио КваљарелаСампдоријаФјорентина3–1 (H) Архивирано на 26 февруари 2018 г.21 јануари 2018
Гонсало ИгуаинЈувентусСасуоло7–0 (H) Архивирано на 11 јуни 2018 г.4 февруари 2018
Мауро Икарди4ИнтерСампдорија5–0 (A) Архивирано на 26 јуни 2018 г.18 март 2018
Јосип ИличиќАталантаВерона5–0 (A) Архивирано на 26 јуни 2018 г.18 март 2018
Андреја БелотиТориноКротоне4–1 (H) Архивирано на 10 јуни 2018 г.4 април 2018
Пауло ДибалаЈувентусБеневенто4–2 (A) Архивирано на 17 јуни 2018 г.7 април 2018
Жордан ВеретуФјорентинаЛацио3–4 (H) Архивирано на 26 јуни 2018 г.18 април 2018
Џовани СимеонеФјорентинаНаполи3–0 (H) Архивирано на 6 јуни 2018 г.29 април 2018

4 Играчот постигнал 4 гола

Пауло Дибала бил играчот кој постигнал најмногу хет-трикови во оваа сезона, вкупно 3 и сите на гостувања.

Играчи со најмногу асистенции

Луис Алберто, играчот со најмногу асистенции, 14.
Поз.ИграчКлубАсистенции
1 Луис Алберто Лацио14
2 Даглас Коста Јувентус12
3 Лоренцо Инсиње Наполи11
4 Хосе Калјехон Наполи10
Алехандро Гомес Аталанта
Адем Љајиќ Торино
Симоне Верди Болоња
8 Марцело Брозовиќ Интер9
Чиро Имобиле Лацио
Раџа Наинголан Рома
Иван Перишиќ Интер

Најмногу суви мрежи

Пепе Реина, меѓу голманите бил оној кој во најмногу натпревари ја сочувал својата мрежа сува, вкупно 18.
Поз.ИграчКлубСуви
мрежи
1 Пепе Реина Наполи18
2 Алисон Рома17
Самир Хандановиќ Интер
4 Марко Спортиело Фјорентина14
5 Џанлујџи Донарума Милан12
Матија Перин Џенова
Џанлујџи Буфон Јувентус
7 Томас Стракоша Лацио11
Војќех Шченсни Јувентус
10 Салваторе Сиригу Торино10
Андреја Консиљи Сасуоло

Факти и бројки

  • Прв гол: Марио Манџукиќ, Јувентус-Каљари 3-0 (12-та минута)
  • Последен гол: Матијас Весино, Лацио-Интер 2-3 (81-ва минута)
  • Екипа со најмногу победи: Јувентус (30)
  • Екипа со најмалку порази: Јувентус и Наполи (3)
  • Екипа со најдобар напад: Лацио (89 постигнати голови)
  • Екипа со најдобра одбрана: Јувентус (24 примени голови)
  • Екипа со најлош напад: Сасуоло (29 постигнати голови)
  • Екипа со најлоша одбрана: Беневенто (84 примени голови)
  • Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+62)
  • Екипа со најмногу нерешени: Торино (15)
  • Екипа со најмалку нерешени: Беневенто (3)
  • Екипа со најмногу порази: Беневенто (29)
  • Екипа со најмалку победи: Беневенто (6)
  • Екипа со најголема серија на победи: Јувентус (12, 17-28 коло)
  • Екипа со најголема серија на порази: Беневенто (14, 1-14 коло)
  • Натпревар со најмногу голови: Удинезе-Јувентус 2-6, Лацио-Беневенто 6-2 (8)
  • Натпревар со најголема разлика во голови: Јувентус-Сасуоло 7-0 (7)
  • Натпревар со најмногу жолти картони: Милан-Болоња (11)
  • Натпревар со најмногу црвени картони: Рома-Аталанта и Фјорентина-Интер (3)
  • Коло со најмногу голови: 35-то (41)
  • Коло со најмалку голови: 32-ро (13)
  • Коло со најголем број на црвени картони: 22-ро (6)

Поврзанотака

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица