Џорџ Велшки

принц Велшки, најстар син на британскиот престолонаследник Вилијам

Џорџ Велшки (англиски: Prince George of Cambridge); полно име: Џорџ Александар Луис (George Alexander Louis);[б 1] р. 22 јули 2013) — син на британскиот престолонаследник Вилијам, Принцот од Велс и неговата сопруга Катерина, принцезата од Велс, внук на кралот Чарлс III и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е втор во редот на престолонаследници по, татко му Вилијам.

Принц Џорџ
Принцот Џорџ во 2019 г.
Роден(а)22 јули 2013(2013-07-22)
Болница „Сент Мери“, Лондон
Полно име
Џорџ Александар Луис
ДинастијаВиндзор
ТаткоВилијам, Принц од Велс
МајкаКатерина, Принцеза од Велс

Раѓање

Принцот е роден на 22 јули 2013 г,[2] во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.

Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда,[3] Лондон,[4] Нов Зеланд[5] и Канада;[6]. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви,[7][8] а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.[9][10][11][12][13][14]

Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.[15][16][17]

Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.[18]

Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица