Алкален метал

група хемиски елементи

EАлкалните метали содржат во последното енергетско ниво по еден електрон во s-орбиталата. Таквата електронска конфигурација е причината за нивните карактеристични општи својства. Слично како кај благородните гасови, овие елементи се јавуваат по определен број елементи периодично. Периодичноста се јавува по 8, 8, 18, 18, 32 елементи.

Реакција на натриумот со вода (во присуство на фенолфталеин)

Алкалните метали се составни елементи во групата 1, а тие во периодниот систем се: Литиум(Li), Натриум(Na), Калиум(K), Рубидиум(Rb), цезиум(Cs) и франциум(Fr). Водородот иако номинално припаѓа на првата група тој многу ретко се однесува како алкалните метали. Алкалните метали даваат најдобри примери во групата за својствата во периодниот систем со квалитетното однесување на одликите на хомологните групи.

Својства

Алкалните метали се многу реактивни и никогаш не е пронајден случаен примерок во природата. Како резултат на тоа во лабароториите се зачувани под минерално масло. Тие се , исто така имаат светла боја и ниска точка на топење и вриење. Калајот и рубидиумот поседуваат слаби радиоактивни одлики (безбедни) порати присуството на долгото траење на радиоактивните изотопи.Елементите од првата група во периодниот систем (Li, Na, K, Rb, Cs и Fr) имаат слични хемиски својства и се познати како алкални метали. Некои од нивните основни хемиски својства се следниве:

ZЕлементEлектрони
1Водород (H)1
3Литиум (Li)2,1
11Натриум (Na)2,8,1
19Калиум (K)2,8,8,1
37Рубидиум (Rb)2,8,18,8,1
55Цезиум (Cs)2,8,18,18,8,1
87Франциум (Fr)2,8,18,32,18,8,1

Алкалните метали имаат среберена боја (цезиумот има златеста боја), тие се меки, метали со мала густина, кои се спремни да реагираат со халогени јонски соли и водата во вид на јаки алкални (основни) хидроксиди. Овие елементи имаат само еден електрон во нивната најоддалечена орбита, па затоа лесно се оддава електронот и се постигнува стабилана електронска конфигурација и формираат позитивен електричлен полнеж т. е. катјон.

Водородот, со еден електрон обично е сместен на почетокот на првата група во периодниот систем, но тој не се смета за алкален метал, туку како гас.Отстранувањето на еден електрон бара многу поголема енергија отколку оддавањето на надворешен електрон кај алкалните метали. Како во халогената група само еден додаден електрон е потребен за да ја исполни најоддалечената група од атомот на водородот, така водородот може во некои прилики да се однесува како халоген елемент, формирање на негативни јони на хидрит. Под голем притисок, како што е пронајден во јадрото на Јупитер, водородот не станува метал и се однесува како алкален метал.

Електронската конфигурација на алкалните метали:

ЕлементЕлектронска конфигурацијаАтомски број
Литиум (Li)[He]: 2s13
Натриум (Na)[Ne]: 3s111
Калиум (K)[Ar]: 4s119
Рубидиум (Rb)[Kr]: 5s137
Цезиум (Cs)[Xe]: 6s155
Франциум (Fr)[Rn]: 7s187

Алкалните метали имаат најнизок јонизирачки потенцијал во нивниот период како и отфрлање на еден електрон од последнта орбита која им дава конфигурација на стабилен инертен гас. Другте јонизирачки потенијали се многу високи кога оддават електрон од нив и имаат конфигурација на благороден гас. Алкалните метали се познати за нивните енергетски реакции со водата.Реакцијата со водата е прикажана на следниов начин:Алкални+вода →хидроксиди+водород

Како на пример со калај:

2K (s) + 2H2O (l) → 2KOH (aq) + H2 (g)


Некои хемиски својства на алкалните метали се прикажани во табелата:

Алкални метали (u)Атомска масаТочка на топење (K)Точка на вриење (K)Густина (г•см−3)Електронегативност
Литиум (Li)6,94145316150,5340,98
Натриум (Na)22,99037011560,9680,983
Калиум (K)39,09833610320,890,82
Рубидиум (Rb)85,4683129610,790,82
Цезиум (Cs)132,9053019441,930,79
Франциум (Fr)(223)2959501,870,70
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица