Ал Ахли Спортинг Клуб

Ал Ахли Спортинг Клуб,[1] познат како Ал Ахли е египетски фудбалски клуб со седиште во Каиро, Египет. Моментално се натпреварува во Премиер лигата на Египет, највисокот ниво на египетскиот фудбал, и тоа е најпознатиот фудбалски клуб во земјата.

Ал Ахли
Целосно имеАл Ахли Спортинг Клуб[1]
ПрекарЦрвени ѓаволи,
Кралеви на Африка
Основан24 април 1907; пред 117 години (1907-04-24)
СтадионИнтернационален стадион во Каиро
Капацитет75,000
ПретседателЕгипет Махмуд Ел Катиб
ТренерЕгипет Хосам Ел Бадри
ЛигаПремиер лига на Египет Премиер лига на Египет
2022/233.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан во април 1907 година од страна на водачите на Студентската унија во Каиро. Досега Ал Ахли има освоени рекордни 39 национални првенства, 36 национални купа и 9 национални суперкупа со што се истакнува како најтрофеен клуб во Египет. Исто така, тие никогаш не испаднале во втора лига. Во интернационалните натпреварувања, клубот има освоено рекордни 8 титули во КАФ Лигата на шампионите, 1 во КАФ Купот на Конфедерации, рекордни 6 КАФ Суперкупа, 4 Африкански Купа на победниците на куповите и едно Афро-Азиско клупско првенство. Исто така тие имаат освоено и бронзен медал на Светското клупско првенство во 2006. Клубот исто така е 2-ри најтрофеен клуб кога се во прашање меѓународните титули, со досега освоени 20, единствено зад Реал Мадрид.

Својте домашни натпревари Ал Ахли ги игра на Меѓународниот стадион во Каиро кој има капацитет од 75.000 седечки места. Тоа е далеку најпопуларниот клуб во Африка, неофицијално, со околу 50 милиони поддржувачи широм континентот, меѓутоа за неговите навивачи се врзува и една трагедија. По завршувањето на натпреварот со Ел Масри во Порт Саид на 1 февруари 2012 година, домашните навивачи ги нападнале гостите, а во нередите животот го загубиле 74 лица.[2] Најчесто играат во црвени дресови и бели шорцеви па оттаму доаѓаат и некој од прекарите на клубот како Црвените ѓаволи или Црвениот гигант.

Историја

Ал Ахли e основан во 1907 година од страна на водачите на Студентската унија во главниот град на Египет, на кои им било потребно место на кое ќе се собирале за време на борбите против колонизацијата.[3]На 25 февруари 1907 год, Амин Сами го одбрал името Ахли (превод н макеоднски: Национален) за новооснованиот клуб затоа што одговарало на нивната цел.[4] Основан е како друштво со ограничена одговорност со почетен капитал од 5000 ЕГП. Прв претседател на клубот бил англичанецот Мичел Инс, кој помагал во основањето на клубот.[4] Во 1911 година создаден е фудбалски клуб во склоп на спортското друштво.

Во 1922 година, одлучено е дека членови на клубот можат да бидат само Египќани, со што Ал Ахли добил епитет на народен клуб, каков егзистира и денес. Првиот почесен водач бил Саад Заглул. Во отсуство на национална лига, Ал Ахли првично учествувал на регионални натпревари, вклучувајќи го и Купот на Султан Хусеин, кој го освоил седум пати во периодот меѓу 1923 и 1938 година.

Египетското фудбалско првенство започнало во сезоната 1948-1949. Ал Ахли го освоил инаугуративното натпреварување, како прва од деветте последователни титули во државното првенство.[4] По паѓањето на Кралот Фарук во револуцијата од 1952, Ал Ахли го назначил Гамал Абдел Насер за претседател на клубот.[5]

Ал Ахли не успеал да ја освои лигата 12 години во периодот 1962-1974. По неколку лоши години, Ал Ахли ги презеле првите чекори за опоравување кога менаџментот одлучил да го потпише златниот играч на Унгарија во педесеттите години, Нандор Хидегкути за тренер на клубот, во септември 1973 година со плата од нешто помалку од 600 долари. Титулата се вратила во витрините на Ал Ахли во сезоната 1974-1975, со тоа што тимот постигнал 70 гола во 34 натпревари. Ал Ахли го освоил првенството и во следната сезона 1976-1977. Во текот на оваа сезона исто така клубот го забележил своето второ учество во Африканското меѓународно натпреварување, каде што тимот поминал подобро од првиот пат, паѓајќи сепак во четвртфиналето од ганската екипа Хартс оф Оук.

Својата прва титула Шампион на Африка Ал Ахли ја освоил во сезоната 1981-1982, победувајќи го Асанте Котоко од Гана во финалето, најмногу благодарение на победата од 3-0 во првиот натпревар остварена со двата гола на Махмуд Ел Катиб и еден на Алаа Мајхуб. Во реваншот во Кумаси, Махмуд Катиб повторно постигнал подгодок во натпреварот кој завршил 1-1, и така Ал-Ахли го освоил своето прво континентално првенство. Ал-Ахли успеал да стигне до финалето на КАФ Лигата на шампионите втора година по ред во 1983 каде одново се сретнале со Асанте Котоко, но овој пат екипата од Гана успеала да се одмазди за поразот од пред една година славејќи победа во вториот натпревар пред домашната публика со 1-0 по ремито без голови во Каиро претходно. Следната сезона Ал Ахли игра ново континентално финале овојпат во Африканскиот Куп на победниците на куповите. Тие дошле до победата дури по изведувањето на пенали против камерунскиот Канон Јаунде, откако по двата натпревари резултатот бил нерешен 1-1. Откако во 1985 година тие ја одбраниле титулата совладувајќи го во финалето нигерискиот Левентис Јунајтед, Ал Ахли го освоил Африканскиот Куп на победниците на куповите по третпат едноподруго во 1986 година и тоа набрзо по освојувањето на домашното првенство. Во финалето таа 1986, Ал Ахли ја поразиле габонската екипа АС Согара со вкупен резултат 3-2, со головите на Тахер Абузеид (два) и Магди Абдел Гани.

По освојувањето на Купот на Египет по третпат по ред, Ал Ахли се вратил во африканските меѓународни натпреварувања со освојување на Африканскиот куп на победниците на куповите по четврти пат во својата историја во 1993 година, кое воедно било и нивното последно учество на овој турнир. Ал Ахли го има освоено Купот на победниците на куповите четири пати, повеќе од кој било друг тим. Ал Ахли го победил Африка Спортс д'Абиџан во финалето со голот од пенал на Адел Абделрахман на Стадионот во Каиро по ремито 1-1 во првиот натпревар. Во истата сезона, Ал Ахли го освоил Купот на Египет со победата над Газл Ел Махала со 3-2 во финалето.

Стадион

Меѓународниот стадион во Каиро во 2017

Ал Ахли своите домашни натпревари претходно ги играле на Стадионот Мохтар Ел-Тетш, но неговиот капацитет бил премал да ги собере големиот број поддржувачи на клубот па тие одлучиле Мохтар Ел-Тетш да го претворат во нивнен тренинг-центар. Како последица на тоа, Ал-Ахли се преселил на Меѓународниот стадион во Каиро, на кој ги играле своите домашни натпревари од 1993 година. Во 2014 година Ал Ахли престанал да ги игра своите домашни натпревари на Интернационален стадион во Каиро на неопределено време поради безбедносни причини. Во сезоната 2016-2017, Ал Ахли ги играле најголемот дел од нивните домашни натпревари на стадионот Ал-Салам додека натпреварите во африканските натпреварувања ги играле на Стадионот Борг Ел Араб.

Соперништва

Најголемо соперништво Ал Ахли има со градскиот соперник Замалек со кои го играат Дербито на Каиро. Тоа воедно е натпревар помеѓу двата најтрофејни клуба во Египет но и во целата Африка. Вообичаено дербито се игра најмалку двапати во сезоната бидејќи овие два клуба се натпреваруваат во Египетската Премиер лига, но не ретко двата клуба знаат да се сретнат еден против друг и во Купот на Египет, особено во финалето, како и во најпрестижното натпреварување во Африка, КАФ Лигата на шампионите.

Грб

Ал Ахли променил три грба во својата историја. Првиот е создаден во 1907 година, и бил важечки до 1952 година кога избила Египетската револуција. Вториот грб траел од 1952 до 2007 година, кога е направен нов дизајн на грба за стогодишницата од постоењето на клубот. Грбот се состои од две црвени и една бела пруга, со црн орел во лет на срединиата од грбот. Над грбот се наоѓаат 3 ѕвездички кои претставуваат 30+ титули во државното првенство, а испод грбот се наоѓаат 8 ѕвездички кои претставуваат 8 титули во КАФ Лигата на шампионите.

Титули

Национални

1948-1949, 1949-1950, 1950-1951, 1952-1953, 1953-1954, 1955-1956, 1956-1957, 1957-1958, 1958-1959, 1960-1961, 1961-1962, 1974-1975, 1975-1976, 1976-1977, 1978-1979, 1979-1980, 1980-1981, 1981-1982, 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1988-1989, 1993-1994, 1994-1995, 1995-1996, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-18, 2018-19, 20219/20, 2022/23
  • Фудбалски куп на Египет : 36 (рекорд)
1923-1924, 1924-1925, 1926-1927, 1927-1928, 1929-1930, 1930-1931, 1936-1937, 1939-1940, 1941-1942, 1942-1943, 1944-1945, 1945-1946, 1946-1947, 1948-1949, 1949-1950, 1950-1951, 1952-1953, 1955-1956, 1957-1958, 1960-1961, 1965-1966, 1977-1978, 1980-1981, 1982-1983, 1983-1984, 1984-1985, 1988-1989, 1990-1991, 1991-1992, 1992-1993, 1995-1996, 2000-2001, 2002-2003, 2005-2006, 2006-2007, 2016-2017
  • Суперкуп на Египет : 10 (рекорд)
2003, 2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2014, 2015, 2017

Регионални

  • Лига на Каиро : 15 (рекорд)
1924–1925, 1926–1927, 1927–1928, 1930–1931, 1934–1935, 1935–1936, 1936–1937, 1937–1938, 1938–1939, 1941–1942, 1942–1943, 1945–1946, 1947–1948, 1949–1950, 1957–1958.

Меѓународни

Славје на навивачите на Ал Ахли по освајувањето на Африканската Лига на шампиони 2005.
1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012, 2013
  • КАФ Куп на Конфедерации : 1
2014
  • КАФ Суперкуп : 6 (рекорд)
2002, 2006, 2007, 2009, 2013, 2014
  • Африкански Куп на победниците на куповите : 4 (рекорд)
1984, 1985, 1986, 1993.

Останати пласмани

Трето место : 2006
Четврто место : 2012

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМШериф Екрами
3 ОДРами Рабија
4 СРХешам Мохамед
5 СРИслам Мохареб
6 ОДСабри Рахил
7 ОДХусеин Сајед
9 НПВалид Азару
11 СРВалид Солман
12 ОДАјман Ашраф
13 ГМАхмед Адел
14 СРАмр Елсолиа
15 СРАмр Баракат
16 ГММохамед Ел-Шенави
17 СРАхмед Хамуди
18 НПМарван Мохсен
19 СРАбдала Саид
Бр.ПозицијаИграч
20 ОДСаад Самир
21 ОДАли Малул
22 СРСалех Гомаа
23 ОДМохамед Нагиеб
24 ОДАхмед Фатхи
25 СРХосам Ашур
26 ОДБасем Али
27 СРМохамед Габер
28 НПЏуниор Аџаји
30 ОДМохамед Хани
32 СРФакамани Махламби
34 СРАхмед Хамди
35 СРКарим Недвед
36 СРАхмед Рамадан
38 СРАкрам Тафвик
39 НПАхмед Рајан

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица