ФК Реал Мадрид

шпански фудбалски клуб

Фудбалски клуб Реал Мадрид (шпански: Real Madrid Club de Fútbol), попознат и како Реал Мадрид и Los Blancos (Белите) — професионален фудбалски шпански тим од Мадрид. Клубот е основан во 1902 година и игра во Шпанската Премиера. Тој е најуспешниот шпански клуб, со 35 национални шампионски титули, деветнаесет пати бил освојувач на Кралскиот куп (Копа дел Реј) и рекордни 15 пати победувал во Лигата на шампиони.[6] Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа.[7]

Реал Мадрид
Лого
Целосно имеФудбалски Клуб Реал Мадрид
Real Madrid Club de Fútbol[1]
ПрекариLos Reyes (Kралевите) Los Blancos (Белци) Los Merengues (Меренги) Los Vikingos (Викинзи)[2]
Основан6 март 1902; пред 122 години (1902-03-06)
како Фудбалски Клуб Мадрид[3]
СтадионСантјаго Бернабеу
(Капацитет: 85,454[4])
ПретседателФлорентино Перес
ТренерКарло Анчелоти[5]
ЛигаЛа лига
Ла лига 2021-221-во место
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. На 23 декември 2000 година, ФИФА го наградила кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20 век“.[8][9] Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања организирани од УЕФА, со освоени 10 титули во Лигата или Купот на Шампионите и две во Купот на УЕФА.[10]

Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот според истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007 година.[11].Исто така е еден од најбогатите во светот.[12][13]

Историја

Фудбалот беше запознаен со Мадрид преку професорите и студентите од Факултетот Либре де Енсењанза и неколку апсолвенти од Оксфорд[14] Тие го основаат клубот Фудбал Скај во 1895 година играјќи саботата наутро во Монклоа. Клубот се дели на два клуба Њу фудбал де Мадрид и Клуб Еспањол де Мадрид. Претседател на подоцнежниот клуб е Хулио Палакиос. Подоцнежниот клуб се дели повторно во 1902 година и резултира со создавањето на Сосиедад Мадрид ФК[3]. Прв претседател беше Хуан Падрос Рубио, прв секретар беше Мануел Мендио, а прв сопственик беше Хосе де Горостизага[15]. Хуан Падрос Рубио ќе биде подоцна заменет од неговиот брат Карлос Падрос од Шпанија.[16] После три години од основањето, во 1905, Реал Мадрид ја освои својата прва титула во Естадио Чамартин. Тимот ја освои првата од четирите последователни Копа дел Реј титули (во ова време единствениот куп во Шпанија). Во 1912 година, тимот се сели во Кампо де Одонел после преселувањето на повеќе мали стадиони[17]. Во 1920 година името на тимот се менува во ФК Реал Мадрид, откако Кралот му ја дава на тимот Титулата Реал(Ројал) [18]

Сантјаго Бернабеу Јесте станува претседател во 1945 година[19] Под негово председаваштво, клубот, стадионот Сантјаго Бернабеу и Суидад Депортиво се обновија од Шпанската Граѓанска Војна. Почнувајќи од 1953 тој вложи многу пари во страдегијата за купување на играчи од светска класа од странство, најважн беше купувањето на Алфредо ди Стефано правејќи го првиот мултинационале.[20]

Во 1955 година работејќи на една идеја предложена од еден француски новинар и уредувач на Л’Екип Габриел Ханот и градејќи го Копа Латина(натпреварување помеѓу тимовите од Италија,Шпанија,Португалија и Франција) Бернабеу се среќава во Амбасадор Хотел во Париз со Бедригнан и Густав Себес и го создава она што денессе нарекуваЛига на Шампиони[21]. Тоа беше под водство на Бернабеу, а Реал Мадрид стана главна силаво Шпанскиот и Европкиот фудбал. Овој клуб го освои Купот на пет пати во низа помеѓу 1956 и 1960, вклучувајќи го и незаборавното финале на Хампден Парк во финалето на Купот на Шампиони 1961 освојуваќи го со победа над Ајнтрахт Франкфурт со 7-3[20]. Со оваа победа го освои петпати со ред Купот на Шампиони и заслужено го доби УЕФА орден за слава[22] Реал Мадрид го освојува Европскиот Куп по шести пат во 1966 година победувајќи го во финалето Партизан со 2-1, со тимови составени од единствено од играчи родени во заемјата од каде што потекнува тимот за кој играле - првпат во историјата на ова натпреварување.[23] Исто така беше и вице-првак на Европа во 1962,1964 и 1981. Тимот исто така го освои УЕФА Купот двапати и трипати бил вице-првак во Купот на Победниците на Куповите.[24][25][26][27]

Во раните 80-ти Реал Мадрид ја изгуби власта врз титулата на Ла Лига сè додека една група од домашни ѕвезди, позната како ЛА Квинта де Боитре која почна да доминира во Шпанскиот фудбал[28] Името Ортаци на грабливците доаѓаше од прекарот кој му беше даден на еден од членовите, Емилио Бутрагоењо. Отсанатите четири членови беа : Маноло Санчиз Хонтијело, Рафаел Мартин Васкес, Хосе Мигел Гонсалес Мартин-Мичел и Мигел Пардеза.[29] Со Ла Квинта де Боитре( Сега со четири члена кога Пардеза замина во Сарагоса во 1986) имаше најдобар состав во Шпанија и во Европа, а во втората половина на 80-тите освои два УЕФА Купа и 5 титули во Ла лига во низа[29]


Васкес замина во 1990 во Торино, во 1992 направи враќање во Реал Мадрид, но потоа во 1995 замина во Депортиво ла Коруња. Во 1995 и 1996 Бутрагуењо и Мичел го напуштија клубот и заминаја во Атлетико Сајела, Мексико.[30] Во 1996 предтседателот Лорецо Санз го назначи Фабио Капело за тренер.[9]. Тој беше тренер само една сезона, во кој тој беше шампион, за во клубот пристигна засилувања добри исто колку што Реал ги имаше тогаш: Раул Гонсалес, Фернандо Хиеро и Фернандо Редондо. Засилувањата за таа сезона беа: Роберто Карлос да Силва, Предраг Мијатовиќ, Давор Шукер и Кларенс Сидорф. Како резултат Реал Мадрид(со засилувањето Фернандо Мориентес кој дојде во 1997), конечно заврши 32-годишно чекање на седмата титула во Лигата или Купот на Шампиони, победувајќи го Јувентус во финалето со 1-0 со голот на Предраг Мијатович.[9][30]

Во 2000 Флорентино Перес беше новоназначениот претседател на тимот и се заколна дека ќе го избрише клупскиот долг и ќе го модернизира клупските простории, како и да е Перес вети дека ќе се движат кон победа со потпишувањето договор со Луис Фиго.[31] На 16 јули Перес ги доби изборите.[32] Клубот контроверзно го премести стадионот за тренинг и користеше пари за да ги собере познатите Галактикос играчи, како што беа:Зинедин Зидан, Роналдо, Роберто Карлос да Силва, Луис Фиго, Раул Гонсалес и Дејвид Бекам. То беше сомнително, но во секој случај плаќаше за да ги освои Лига на шампиони 2002 и Ла лига во сезоната 2002/03, потоа клубот неуспешно се обидуваше да ја осви Ла лига наредните три години.[33]

Рамон Калдерон беше избран за нов претседател на клубот на 2 јули [[2006], кој дополнително го назначи Фабио Капело за нов тренер на клубот и Предраг Мијатовиќ за нов спортски директор.[9] Реал Мадрид ја освои сезоната 2006/07 за првпат по четири години [34]. Сепак и покрај освојувањето на Ла Лига, Капело ја напушти функцијата тренер на Реал Мадрид еден месец подоцна, во јуни 2007, за на негово место дојде Германецот Бернд Шустер.[35][36]

Реал Мадрид во сезоната 2007/08 ја освои по 31ви пат ја освои Ла Лига и по осумнаесет години ја освои двапати со ред.[37] Исто така Реал Мадрид постави нов Ла Лига рекорд освојуваќи 85 бода.[38]

Химни

Реал Мадрид моментално има две химни

„Химна на Реал Мадрид“

Оваа песна е официјаната химна на Реал Мадрид[39]

„Химна за Стогодишнината“

За клупската стогодишнина која се беше во 2002 година беше составена нова химна. Автор на музиката и на текстот беше Шпанскиот композитор Хосе Кано. Таа беше изведувана од шпанскиот тенор Пласидо Доминго. „Химна за Стогодишнината“ ја заменува претходната химна, па се размисува да биде официјана химна на Реал Мадрид. Ова е химна која може да се слушни кога фудбалерите се облечени во бели дресови излегуваќи на теренот на Сантјаго Бернабеу. Додека се снимаше новата химна, Пласидо вклучи 82 музиканти.[40]

Грб

Првиот грб на Реал Мадрид
Клупскиот грб 1941-2001

Првиот грб на Реал Мадрид бил со едноставен дизајн. То се состоеше од декоративно поставените три иницијали “MCF“ од Мадрид Фудбалски клуб (Madrid Club de Futbol) со темносина боја на бел дрес. Првата измена во грбот беше направена во 1908, кога на буквите им е дадена повеќе аеродиманичност и биле ставени во круг.[41]. Следната измена не беше направена сè до 1920 година кога кралот Алфонсо XIII, давајќи му на клубот ројална заштита, а со тоа давајќи му титула Реал, грубо Ројал, додека претседател беше Педро Парагес [42]. Тогаш беше додадена и круната на кралот Алфонсо и клубот сега се нарекуваше Реал Мадрид фудбалски клуб (Real Madrid Club de Futbol).[41] Монархијата во 1931 година донесе одлука да се избришат сите знаци додадени од кралот, а со тоа и круната од кралот, а додека титулата Реал беше отстранета од името година подоцна. На нејзино место беше додадена темната дудинка на бандите од регионот Кастиља.[43] Во 1941, две години после завршувањето на Шпанската граѓанска војна „Круната на Реал Мадрид“("Real Corona" или "Royal Crown" ) беше повторно вратена на грбот на тимот, а дудинската лента од бандите беше оставена на знакот сметајќи се како добар.[19] Во додавањето, боите беа изменети и грбот беше во повеќе бои,а додека златната беше посебно истакната. А клубот повторно беше наречен Реал Мадрид Фудбалски Клуб.[41]

Најголемото модернизирање на боите беше направено во 2001, кога клубот побара подобра позиција за себеси во 21от век. и стандардизирање на грбот. Една од најголемите промени беше промената на бандитсата лента со заматена сенка[44]

Дрес

Оригинален дрес на Реал Мадрид

Реал Мадрид секогаш носи бел дрес со бели шорцеви, иако во почетокот имало и сина коса линија на дресот (дизајнот бил зачуавн од клупскиот грб, но за разлика отсега се носеле темносини чорапи.[45][46] Дресот со линија бил заменет со целосно бел дрес, кој бил направен после носењето на дресот од Коринтиан во 1902.[6][47] Во истата година сините чорапи биле заменети со црни. Во раните 40ти тренерот извршил промена на дресот со додавање копчиња и клупскиот грб на левата страна ( што се нема случено никогаш поред тоа ). На 23 ноември 1947, на натпревариот против Атлетико Мадрид, Реал стана првиот шпански тим кој носел дрес со бројки.[19]

Традиционалниот гостински дрес на Реал е целосно црн или целосно виолетов. Производител на моменатлниот дрес на Реале Адидас со кој има склучено договор уште од 1998.[48][49]. Првиот спонзор на Реал Зунуси го спонзорирасе од 1982 до 1985. После тоа беше спонзориаран од Пармалат и Отајса, после тоа следеше долгогодишниот договор со Тека склуцен во 1992[50][51]. Во 2001 тие го прекинаа нивниот договор со Тека и една година го носеа логото Realmadrid.com за да го промовираат своето мрежно место. Во 2002 година склучија договор со Сименс, во 2006 година се појави логото на BenQ Siemens на дресот од Реал.[52] Моментален спонзор на Реал е bwin.com поради финансиските проблемите на BenQ Siemens[53][54]

Спонзори и производители

ПериодПроизведодителСпонзори[50][51]
1980–1982Адидасбез спонзор
1982–1985Зануси
1985–1986Пармалат
1986–1989Хумел
1989–1990Рени Пикот
1990–1992Отајса
1992–1994Тека
1994–1998Келме
1998–2001Адидас
2001–2002Realmadrid.com
2002–2005Сименс Мобајл
2005–2006Сименс
2006–2007BenQ Siemens
2007-2010–Сегашностbwin.com

Стадиони

Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу за во 2007 за време на натпреварот со Реал Бетис

После неговото создавање во 1902 година во првите години тимот се преселуваше помеѓу повеќе мали игралишта сè додека не се пресели на Кампо ди О’Донел.<[55] Ова стадион беше домашен стадио за Реал дури 11 години. После ова тој се пресели на Кампо ди Суидад Линеал, мал стадион со капацитет од 8 000 гледачи. После ова Реал Мадрид домашните натпревари ги играше на Стадионот Чамартин, започнувајќи на 17 мај 1923 со натпреварот против Њукасл. На овај стадион кој имаше капацитет од 22 500 глењдачи Реал ја освои првата Шпанска титула[45]. После неколку успеси на овај стадион преседателот на Реал Сантјаго Бернабеу одлучи дека Стадионот Чамартин не е доволен за амбициите на клубот. Новиот стадион беше изграден на 14 декември 1947 година.[19][56] Ова беше денешниот Сантјаго Бернабеу, но така не беше познат сè до 1955.[20] Првиот натпревар на овај стадион беше натпреварот помеѓу Реал и португалскиот Белененсес со победа на Реал од 3-1, а првиот гол го постигна Сабино Баринага.[19]

Капацитетот на стадионот се менуваше. Па така после проширувањето во 1953 капацитетот беше 120 000 гледачи.[57][58] После низата од неколку модернизации на УЕФА ( во 1998/99 беа забранети стоечките места и се замениа со седечки ) се намали капацитетот на околу 75 000 гледачи.[57] Последното проширување беше од 5 000 столчиња и капацитетот изнесува 80 000 гледачи, направено во 2003. Планот за додавање покрив сѐ уште не е завршен.[59]

Сантјаго Бернабеу на финалто на Европското првенство во 1964, финалето на Светското првенство во 1982 и финалињата во 1957, 1969 и 1980 на Лигата на Шампиони. А треба да биди домаќин на финалето во 2010 година во Лига на шампиони.[60] Стадионот има свое метро во 10та алеја и е наречено Сантјаго Бернабеу[61]. Сантјаго Бернабеу беше често надградуван според Фудбалските стандарди на УЕФА.[62]

На 9 мај 2006 беше отворен новиот стадион Алфредо ди Стефано каде што обично Реал тренира. Првиот меч беше помеѓу Реал Мадрид и Стејд Реимс, реприза на финалето на Купот на шампиони 1955/56, првото финале во Купот на шампиони. Реал победи 6-1 со головите на Рамос, Касано (2), Солдадо (2) и Хурадо. Овај стадион собира 5 000 гледачи и е домашен терен на Реал Мадрид Кастиља.

Статистики и рекорди

A од сегашните играчи на Реал Мадрид, Раул Гонсалес има изиграно најмногу натпревари и постигнато најмногу голови.

Мануел Санчиз Хонтијуело го држи рекордот на најмногу изиграни натпревари, кој има изиграно 710 натпревари за првиот тим на Реал од 1983 до 2001.[63]Втор е напаѓачот Сантиљана со изиграни 643 натпревари. Рекордот за голман со најмногу настап иго држи Касиљас со изиграни над 500 натпревари. Додека играч со најмногу меѓународни натпревари од Реал е Фиго со 127 настапи за репрезентацијата (47 додека беше во тимот).[64]

Алфредо ди Стефано е играчот којшто има постигнати најмногу голови за Реал дури 307 во 396 натпревари помеѓу 1953 и 1964.[65] Ди Стефано беше и најдобар стрелец во Лигата на Шампиони со 49 гола на 58 натпревари сè додека не беше престигнат од Раул (исто од Реал) во 2005. Ди Стефано е исто така најдобар стрелец во лигата со 216 голови ,а зад него е Раул со 211 во лигата [66], а 302 во сите натпреварувања. Најбрз гол во историјата на клубот (15 секунди) е постигнат од Роналдо на 3 декември 2003 на градското дерби со Атлетико Мадрид.[67]

Официјално најголем исполнетост е 83.329 за мечот во Копа дел Реј во 2006. Легалниот капачитет на Сантјаго Бернабеу е 80.354.[68] Просечна исполнетост на стадионот во 2007/08 беше 76.234 гледачи, најголема во Европските Лиги.[69] Исто така Реал го има поставено шпанскиот рекорд во освоени титули, дури 31 и најмногу освоени во низа (5, од 1960 до 1965 и од 1985 до 1990).[70] Со 121 неизгубен меч на домашен терен во лигат (од 17 февруари 1957 до 7 март 1965) го држи рекорот во Шпанија.[71]

Реал исто така со 9 освоени титули и со 21 полуфинале го држи рекордот во Лигата на шампионите.[72] Раул е најдобар стрелец во Лигата на Шампиони со 64 гола. Исто така Реал го држи и рекордот со 15 учества по ред во Купот на Шампиони почнувајќи од 1955/56 до 1969/70. Трансферот на Зинедин Зиданкој го чинеше Реал 76 милиони евра (повеќе од 100 милиони долари или 45,8 милиони фунти) е најскапо платен трансфер во историјата на фудбалот.[6][73] Најголемата продажбан а клубот е направена на 1 септември 2008 година, кога Робињо беше продаден на Манчестер Сити за 42 милиони евра (32,5 милиони фунти).[74]

Приврзаници и соперништво

За време на домашните натпревари повеќе од седиштата се зафатено со купувањето сезонски карти. А просек е 68.670.[1] За да се земе сезонска карта мора да си член на навивачкиот клуб. Не сите членови на навивачкиот клуб земаат сезонска карта. Клубот има повеќр од 1.800 peñas (здружени навивачки групи), не само во Шпанија,туку насекаде во светот.Реал Мадрид ја имаше прв честа да прими 65.000 гледачи на своите трибини, во Шпанската Премиера . Во 2004/05 Реал по просек имаш по 71.900 гледачи.[75]

Клубот исто така има и големи противници, а натпреварот против нив е големо дерби. Едно од нив е Ел Класико со Барселона, кој е најголем соперник.[76] Некои навивачи на Реал се наречени Ultras Sur навивачи. Овие навивачи се познати по нивната приврзаност кон десните партии. Овие навивачи имаат склучено сојуз со некои со некои од Irriducibili навивачите на Лацио. Во некои прилики тие ги навредуваат противничките играчи, и заради тоа се под истрага на УЕФА.[77]

Ел Класико

Соперништвото со Барселона предизвика некои политички тензии помеѓу Кастиљанците и Каталонците.[78] Мадрид е седиште на парламентот и кралската фамилија. Особено за време на владеењето на генералот Франко, кога дојде до покажување на козервативните сили.

За време на 50-тите години од минатиот век, кои се расправаа за трансферот на Алфредо ди Стефано, кој конечно заигра за Реал Мадрид и беше клучен за наредните успеси во клубот.[79]. Соперништвото стаса и во Европските лиги, кога двапати се сретнаа меѓу себе и Реал Мадрид победи во 1960,а Барса во 1961. Во 2000 соперништвото повторно се појави поради сомневања во трансферот на Луис Фиго, кој ја напапушти Барселона и замина во Реал.[80]. Овие два тима се сретнаја повторно во 2002 година во полуфиналето на Лигата на Шампиони. Реал победи и подоцна стана шампион а Шпанските медиуми ова го нарекоа Натпревар на Векот. Најтрофејните клубови во Шпанија, повторно го обновуваат нивното соперништво со нивните чести изјави дека атакуваат на Трофејот во Ла Лига. Сега кога Ибрахимовиќ е во Барселона ,ќе се одржи една од најдобрите натпревари на Реал Мадрид и Барселона во новата сезона 2009-2010.

Ел Дерби Мадрилењо

Навивачите на Реал Мадрид за време на Ел Дерби Мадрилењо

Најблискиот сосед на клубот е Атлетико Мадрид кој е исто така голем соперник гледан низ очите на навивачите на Реал. Атлетико е создаден од 3 Баскиски студенти во 1903, во 1904 година му се приклучиле исфрлените играчи од Реал Мадрид. Тогаш навивачките тензии почнале бидејќи навивачите на Реал биле од средната класа на луѓе, а на Атлетико билеод работниците. Денес овие контроверзи се многу заматени. Тие се сретнаа на 21 февруари 1929 година во третото коло на Шпанската дивизија на поранешниот Чамартин. Ова е првото официјално дерби помеѓу овие тима и Реал победи со 2-1.[45]. Ова дерби за првпат доби меѓународен карактер кога се сретнаа во Лигата на шампиони во 1959 година во полуфиналето. Во првиот натпревар победи со 2-1, а на вториот Атлетико со 1-0. Понатаму изиграа плеј-оф во кој Реал победи со 2-1. Како и да било Атлетико направи неколку одмазди, под водство на поранешниот тренер на Реал Мадрид Хосе Виљалонга, победувајќи ги двапати Реал Мадрид во финалињата на Копа дел Реј во 1960 и 1961[81]

Помеѓу 1961 и 1989 кога Реал доминираше во Ла Лига, само Атлетико направи неколку сериозни предизвици освојувајќи ги титулите во 1966, 1970, 1973 и 1977. Во 1965 Атлетико стана првиот тим кој го победил Реал на Сантјаго Бернабеу во осум години. Натпреварите на Реал против Атлетико се многу поволни за него.[82] А кулминацијата доаѓа во 2003 кога Реал ја освои титулата во Ла лига во сезоната 2002/03 победувајќи убедливо на Висенте Калдерон со 4-0.[83]

Буџет

Додека беше под водство на Флорентино Перес (2000-2006) Реал ја започна својата амбиција да стане најбогат професионален клуб.[84] Клубот одстапи дело од своите игралишта на Градот Мадрид во 2001, а остатокот го продаде на четири корпорации : Репсол YPF, Мутуа Аутовилистика де Мадрид, Сакур Валехамосо и ОХЛ. Ова поништување на долговите од Реал му овозможи да купи скапи и добри играчи како : Зинедин Зидан, Луис Фиго, Роналдо и Дејви Бекам, и со што започна ерата на Галактикосите. Гадот Мадрид ги продаде овие игралишта со што се вратија парите и беше купено место.[85] Судот тврди (но нема евиденција за тврдење) дека Градот Мадрид финанскиски му помогнал на клубот.[86]

Продажбата на игралиштето ги врати долговите на Реал кои изнесуваа 270 милиони евра и му дозволи на клубот да влегува во невидени трошоци, за да купи некои големи имиња. Отанатите пари беа потрошени за спортски комплекс за тренинзи надвор од градот.[87]

После сезоната 2004/05 Реал го презеде ме првото место од Манчестер Јунајтед, кој беше најголем заработувач во фудбалот дури 8 години. Приходот на Реал на крајот од сезоната на 30 јуни порасна за 17%, односно 275,7 милиони евра (190 милиони фунти).[88] Додека политиката на Перес резултираше со покачување на финансиите кое главно се базираше на поголемиот маркетинг низ светот, во Азија се зголемија критиките дека премногу се фокусира на брендот од Реал Мадрид, а перформансите на клубот не се доволни.

Во јануари 2007, Реал ги плати своите длогви од 224 милиони евра и падна на второто место, веднаш зад Манчестер Јунајтед. Тие повторно се искачија на врвот по два месеци со склучениот договор со Адидас од кој заработија 762 милиони. Долгот на Манчестер се намали на 872 милиони откако во 2005 беше 1,25 билиони евра.[89]

Во септември 2007, Реал се сметаше дека е најбогат бренд со BBDO.[90] И е рангиран на второто место за најбогат клуб со цена од 951 милион евра (640 милиони фунти/1,285 билиони долари) во мај 2008.[91] Исто така стана најбогат клуб во декември 2008 со приход од 351 милион евра (236 милиони фунти/474 милиони долари).[13][91]

Студиите на Харвард Универзитетот покажуваат дека Реал Мадрид е еден од најважните 20 брендови во светот, и дека сите негови играчи се добро познати во светот. Уште се покажува дека Реал има најмногу навивачи во светот (дури 287 милиони луѓе), а додека втор е Манчестер Јунајтед со големо заостанување.[92]

Играчи

Моментален состав

Шпанските клубови се задолжени да имаат 3 играчи кои немаат државјанство од земја од ЕУ. Списокот на фудбалери ја прикажува само првата националност на играчот, нема неевропски играч кој има двојно државјанство со земја од ЕУ. Играчите од земјите од Африка, Карибите и Тихиот Океан се потписници на Конотои Договорот.

Обновено на 19 мај 2022[93]


Бр.ПозицијаИграч
1 ГМТибо Куртоа
2 ОДДани Карвахал
3 ОДЕдер Милитао
4 ОДДавид Алаба
5 СРЏуд Белингам
6 ОДНачо Фернандес
7 НПВинисиус Жуниор
8 СРТони Крос
10 СРЛука Модриќ
11 НПРодриго
12 СРЕдуардо Камавингва
13 ГМАндриј Лунин
Бр.ПозицијаИграч
14 НПХоселу
15 СРФедерико Валверде
17 НПЛукас Васкес
18 СРОрелиен Чуамени
19 СРДани Себалјос
20 ОДФран Гарсија
21 СРБрахим Дијас
22 ОДАнтонио Ридигер
23 ОДФерлан Менди
24 НПАрда Ѓулер
25 ГМКепа Арисабалага

Менаџери

Реал Мадрид во својата историја има 41 менаџер, од кои прв бил англичанецот Артур Џонсон во 1910 година. Најмногу на клупата на Реал седел тренерот Мигел Муњос (1960-1974) со 604 натпревари. Аргентинецот Луис Карнилја има најголем процент на победи кој изнесува 69,81%, а додека најмал има Јакинто Куинкокес 37,21%

Сите менаџери на Реал Мардид [94][95]
ИмеНационалностОдДоНатпревари
ИзиграниПобедиНерешениПоразиДадениПримени%Победи
Артур Џонсон 19101920
Хуан де Карсел 19201926
Педро Лоренте 19261926
Сантјаго Бернабеу Јесте 19261927
Хосе Бараондо 19271929181116402761.11%
Хосе Куиранте 1929193018738454238.89%
Липо Хертца 193019323617127614247.22%
Роберт Фирш 19321934362349914663.89%
Франциско Бру 193419411076593326916260.75%
Хуан Армет 1941Септември 19434623716967250%
Рамон Енкинас Септември 1943Мај 19458445152419912653.57%
Јакинто Куинкокес Мај 1945Март 19463518107703751.43%
Балтазар Албениз Март 1946Април 19473518512826651.43%
Јакинто Куинкокес Април 1947Јануари 194817548324129.41%
Мајкл Кипинг Јануари 1948Октомври 19508237202519215345.12%
Балатазар Албениз Октомври 1950Март 195116727413743.75%
Хектор Скароне Март 1951Април 1952482510131137352.08%
хуан Антонио Ипиња Април 1952Мај 19533621211825758.33%
Енрике Фернандес Мај 1953Декември 195450318111266062%
Хосе Виљалонга Декември 1954Април 195710566142526914162.86%
Луис Карнилја Април 1957Февруари 195968481191785870.59%
Мигел Муњос Февруари 1959Април 1959952231955.56%
Луис Карнилја Април 1959Јули 195913814281661.54%
Мануел Флеитас Јули 1959Април 19603223461094271.88%
Мигел Муњос Април 1960Јануари 1974595352126117119455359.16%
Луис Моловни Јануари 1974Мај 1974231328492656.52%
Миљан Миљанич Мај 1974Септември 197713467363123115050%
Луис Моловни Септември 1977Јуни 1979905124151969456.67%
Вујадин Бошков Јуни 1979Март 198213980312824913657.55%
Луис Моловни Март 1982Април 1982641111766.67%
Алфредо ди Стефано Април 1982Април 198410863232219211358.33%
Амансио Амаро Април 1984Април 198547191315695240.43%
Луис Моловни Април 1985Април 198661397151376763.93%
Лео Бенхакер Април 1986Јуни 1989169107402235715863.31%
Џон Тошак Јуни 1989Ноември 199064411581607564.06%
Алфредо ди Стефано Ноември 1990Март 199121939322242.86%
Радомир Антич Март 1991Јануари 1992392865853171.79%
Лео Бенхакер Јануари 1992Јуни 1992281477472750%
Бенито Флоро Јуни 1992Mарт 1994925221191659056.52%
Висенте дел Боске Март 1994Мај 199411515232245.45%
Јорге Валдано Мај 1994Јануари 1996783917221428750%
Висенте дел Боске Јануари 1996Јануари 1996110050100%
Арсенио Иглесио Јануари 1996Мај 1996211146332252.38%
Фабио Капело Мај 1996Јуни 19974831125964164.58%
Јуп Хејнкес Јуни 1997Мај 199853261512925549.06%
Гус Хидинк Мај 1998февруари 19993419411734855.88%
Џон Тошак февруари 1999Ноември 1999371999736251.35%
Висенте дел Боске Ноември 1999Јуни 2003233127565046126754.51%
Карлос Куироз Јуни 2003Мај 2004593511141137659.32%
Хосе Антонио Камачо Мај 2004Септември 200464027566.67%
Мариано Гарсија Рамон Септември 2004Декември 2004201244371860%
Вандерлеи Луксембурго Декември 2004Декември 20054528710834562.22%
Хуан Рамос Лопес Каро Декември 2005Мај 200648231312825047.92%
Фабио Капело Мај 2006Јуни 200750281210915556%
Бернд Шустер Јуни 2007Декември 2008754492215610058.67%
Хуанде Рамос Декември 2008110030100%

Менаџери кои освоиле титули

ИмеПериодТрофеиВкупно
ДомашниИнтернационални
Ла ЛигаКРССЕКЛЛШУЕФАСКИК
Артур Џонсон1910–20
0
5
0
0
0
0
0
0
5
Липо Хертцка1930–32
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Роберт Фирш1932–34
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Франциско Бру1934–41
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Јакинто Куинкокес1945–46, 1947–48
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Балтазар Албениз1946–47, 1950–51
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Енрике Фернандес1953–54
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Хосе Виљалонга1954–57
2
0
0
0
2
0
0
0
4
Луис Карнилја1957–59, 1959
1
0
0
0
2
0
0
0
3
Мигел Муњос1959, 1960–74
9
2
0
0
2
0
0
1
14
Миљан Миљанич1974–77
2
1
0
0
0
0
0
0
3
Вујадин Бошков1979–82
1
1
0
0
0
0
0
0
2
Луис Моловни1974, 1977–79, 1982, 1985–86
3
3
0
1
0
2
0
0
9
Лео Бенхакер1986–89, 1992
3
1
1
0
0
0
0
0
5
Џон Тошак1989–90, 1999
1
0
1
0
0
0
0
0
2
Алфредо ди Стефано1990–91
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Радомир Антич1991–92
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Бенито Флоро1992–94
0
1
1
0
0
0
0
0
2
Јорге Валдано1994–96
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Јап Хејнкес1997–98
0
0
1
0
1
0
0
0
2
Гус Хидинк1998–99
0
0
0
0
0
0
0
1
1
Висете дел Боске1999-2003
2
0
1
0
2
0
1
1
7
Карлос Куироз2003–04
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Фабио Капело2006–07
2
0
0
0
0
0
0
0
2
Бернд Шустер2007–08
1
0
1
0
0
0
0
0
2

Претседатели

Од неговото создавање, сопственици на Реал беа само неговите членови (сите Шпанци) наречени socios, спротивно на повеќето Европските тимови. Сантјаго Бернабеу Јесте е преседателот кој се задржал најдолго време на претседателското место (дури 35 години 1943-1978). Во јули 2000 поранешниот играч на Реал Алфредо ди Стефано беше назначен за Почесен претседател на клубот.[96]

Според 21 септември 2008[97]
Рамон Калдерон, поранешен претседател на Реал Мадрид
Флорентино Перес, сегашен претсдател на Реал Мадрид.
ИмеОдДо
Хулиан Паласиос19001902
Хуан Пардос19021904
Карлос Пардос19041908
Адолфо Мелендес19081916
Педро Парагас19161926
Луис де Уркуихо19261930
Луис Усера19301935
Рафаел Санчес Гуера19351936
Адолфо Мелендес19361940
Антонио Сантос Парабла19401943
Сантјаго Бернабеу Јесте19431978
Луис де Карлос19781985
Рамон Мендоса19851995
Лоренцо Санс19952000
Флорентино Перес20002006
Рамон Калдерон20062008
Флорентино Перес2008-

Трофеи

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Шпанија, освојувајќи 57 домашни титули и 18 меѓународни титули. Со ова тој е втор тим по бројот на освоени официјални меѓународни титули, (веднаш зад Милан), а трет во светот (зад Милан и Бока Јуниорс), а сите да се организирани од УЕФА или ФИФА. Реал беше одбран за Клуб на 20тиот век, а беше прогласен на 23 декември 2000.[8] Исто така доби Орден за заслуга во 2004.[98] После ова на Реал му се дозволи да го носи Орденот на слава на својот дрес за време на натпреварите во Лигата на Шампиони поради што победија во повеќе 5 различни купа во Европа.[22]

Домашни

Прваци (31 – рекорд): 1931–32, 1932–33, 1953–54], 1954–55, 1956–57, 1957–58, 1960–61, 1961–62, 1962–63, 1963–64, 1964–65, 1966–67, 1967–68, 1968–69, 1971–72, 1974–75, 1975–76, 1977–78, 1978–79, 1979–80, 1985–86, 1986–87, 1987–88, 1988–89, 1989–90, 1994–95, 1996–97, 2000–01, 2002–03, 2006–07, 2007–08
Вице-прваци (17): 1928–29, 1933–34, 1934–35, 1935–36, 1941–42, 1944–45, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1980–81, 1982–83, 1983–84, 1991–92, 1992–93, 1998–99, 2004–05, 2005–06
  • Копа дел Реј[99]
Прваци (17): 1904–05, 1905–06, 1906–07, 1907–08, 1916–17, 1933–34, 1935–36, 1945–46, 1946–47, 1961–62, 1969–70, 1973–74, 1974–75, 1979–80, 1981–82, 1988–89, 1992–93
Вице-прваци (19): 1902–03, 1915–16, 1917–18, 1923–24, 1928–29, 1929–30, 1932–33, 1939–40, 1942–43, 1957–58, 1959–60, 1960–61, 1967–68, 1978–79, 1982–83, 1989–90, 1991–92, 2001–02, 2003–04
  • Суперкопа де Еспања[1][100]
Прваци (8 – record): 1988, 1989*, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008
Вице-прваци (3): 1982, 1995, 2007
(* Ги освои Копа дел Реј и Ла Лига)
  • Копа де ла Лига[101]
Прваци (1): 1984–85
Вице-прваци (1): 1982–83

Интернационални

Прваци (9 – record): 1955–56*, 1956–57, 1957–58, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1997–98, 1999–2000, 2001–02.
Вице-прваци (3): 1961–62, 1963–64, 1980–81
(* Први победници во историјата на натпреварувањето)
  • Интерконтинентал Куп[99]
Прваци (3 – record): 1960, 1998, 2002
Вице-прваци (2): 1966, 2000
Прваци (2): 1984–85, 1985–86
Вице-прваци (2): 1970–71, 1982–83
Прваци (1): 2002
Вице-прваци (2): 1998, 2000

Белешки

{{|2}}

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица