Атика

Оваа статија е за Атика во Грција. За други Атики видете Атика (појаснување).

Атика (грчки: Αττική) е периферија во Грција, која го содржи Атина, главниот град на Грција. Атика е понатаму поделена на префектурите: Атина, Пиреј, Источна Атика и Западна Атика.

Атика
Περιφέρεια Αττικής
Областа Атика во Грција
 
Главен градАтина
ОкрузиАтина
Западна Атика
Источна Атика
Пиреј
Население3.841.408 (2005)
Површина3.808 км²
Густина1.009 жит/км²
Податоци...
Портал

Атика е сместена во тоа што денес е јужна Грција, и покрива околу 3.800 квадратни километри. Покрај Атина, во својата територија ги содржи градовите Пиреј, Елевсис, Мегара, Лавриум и Маратон, како мал дел од полуостровот Пелопонез и островите Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира и Андикитера. Околу 3.750.000 луѓе живеат во периферијата, од кои повеќе од 95% се населени во метрополитенската област на Атина.

Атина била оригинално главниот град на Централна Грција.

Географија

Периферијата Атика

Атика е полуостров кој излегува на Егејското Море. Неколку планини го делат полуостровот на рамнините Педија, Месогија и Триасија. Тие планини се Химетус, источниот дел на Геранија, Парнита, Егалео планините Пендели. На север се граничи со рамнината Беотија, а на запад се граничи со Коринт. Саронскиот Залив лежи на југ и островот Евбеја (Евија) лежи близу северниот брег. Првиот, воедно и единствен голем резервар на Атина, езерото Маратон се наоѓа 42 км на североисток и е наречено „Маратонска Брана“ која што за првпат била отворена во 1920-тите. Оттогаш, таа е најголемото езеро на Атика. Областа околу Парнита и Химетус е покриена со шуми, освен врвовите, но планините на запад и југ се тревнасти, неплодни или пошумени.

Реката Цефисус е најдолгата река, и Парнета или Парнита е највисоката планина во Атика. Префектурата исто така има паркови на планините Химетус, Пендели и Парнита, како и во јужниот дел на полуостровот.

Според Платон, античките граници на Атика бил пролазот, и дека во правецот на континентот, тие се протегале сѐ до височините Цитерон и Парнес. Граничната линија доаѓала надолу во правец на морето, со областа Оропус десно, и реката Асопус како граница лево.

Клима

Климата е типично средоземна, со суви и топли лета и минимални врнежи од дожд, и ладни до умерени зими. На планините паѓа мало количество снег секоја зима, но ова ретко се проширува до пониските области. Ретко се случува да се појави и мраз. Шумските огнови и поплавите се чести.

Историја

Процесот на обединување на Атика од Атина не е целосно јасен, но се смета дека е во некоја точка од првата половина на 7 век п.н.е. кога Елевсис и околните рамнини биле приклучени кон атинската држава и нивните населеници станале граѓани. Дури тогаш, границите не биле фискирани, со оглед на тоа што Атина водела битки со Мегара за контрола над Саламис и со Боетија над граничните градови како Оропус со векови. Видете Историја на Атина.

Атика подоцна станала дел (сукцесивно) од Римската и Византиското Царство, крстоносното Војводство Атина и Отоманското Царство, сè до Грчката Војна за Независност.

Сообраќај

Патишта и автопати

Областа е поврзана со патишта и автопати:

  • Грчки Национален Пат 1 (автопат)
  • Грчки Национален Пат 3 (стар автопат Атина-Солун)
  • Грчки Национален Пат 8 (стар автопат кој ги поврзувал Патрас, Пелопонез и Атина)
  • Грчки Национален Пат 8A (автопат)
  • Грчки Национален Пат 79
  • Грчки Национален Пат 83 (Авенија Маратонос)
  • Грчки Национален Пат 89
  • Грчки Национален Пат 91
  • Атики Одос, број 6 (автопат во приватна сопственост), постепено отворан од 2001 до 2004
    • Прстен Химетус (број 64), отворен во 2004
    • Прстен Егалео (број 65), отворен во 2004, сѐ уште во изградба во неговиот јужен дел.

Ферибот

Бројни линии за ферибот, и за нормални фериботи и за „летечки делфини“ (брзи морски возила), го поврзуваат пристаништето Пиреј со островите на периферијата.

Друго

  • Атински масовен транзитен систем
    • Атинско Метро
    • Проастикос
    • Транзитен систем (Атика)

Спортски екипи

Фудбалски тимови

Прва и втора дивизија A' & B' Етники (2006 / 07)

  • АЕК - Атина
  • Хедари - Хедари, Атина
  • Халкидона - Халкидона
  • ФК Егалео - Егалео, Атина
  • Етникос Астерас - Кесариани, Атина
  • Илисиакос - Зографу, Атина
  • Јоникос - Никеја, основан во 1965
  • Калитеа - Калитеа (Атина), основан во 1966 --
  • Олимпијакос (Олимбиакос Синдезмос Фиатлон Пиреос, ОСФП) - Пиреј
  • Панатинаикос - Атина
  • ФК Паниониос - Неа Смирни (Атина)
  • Проодефтики - Никеја (Атина)
  • Трасивулос - Фили, Атина

Трета дивизија

  • Ахарнекос - Ахарне
  • Агиос Деметриос - Атина
  • Аполон - Атина
  • Етникос - Пиреј, Атина
  • Визас - Мегара

Сите спортови

  • АК Амбелокипи - Атинаs (во областа на Амбелокипи), четврта дивизија
  • ФК Етникос - Атина, четврта дивизија
  • Фокианос Атинон - Атина, четврта дивизија
  • Терени за мини-фудбал

Личности

Општини и заедници

Видете:

  • Список на општини и заедници во Атика
  • Список на населени места во Атика

Провинции

  • Провинција Атика
  • Провинција Китера
  • Провинција Мегара
  • Провинција Саламис, сега дел од Пиреј

Поранешните провинции со закосени букви не постојат повеќе.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица