7 век п.н.е.

век
< 8 век п.н.е.7 век п.н.е.6 век п.н.е. >
100999897969594939291
90898887868584838281
80797877767574737271
70696867666564636261
60595857565554535251
50494847464544434241
40393837363534333231
30292827262524232221
20191817161514131211
10987654321

7 век п.н.е. започнува на 1 јануари 700 година п.н.е., а завршува на 31 декември 601 п.н.е.

Асирската империја продолжи да доминира во Блискиот Исток во текот на овој век, остварувајќи огромна моќ врз соседните држави како што се Вавилон и Египет. Сепак, во текот на последните две децении од векот, империјата почна да се распаѓа откако бројни непријатели направиле сојузи и започнувале војни од сите страни. Асирците конечно биле трајно поразени кога нивната престолнина Нинива беше уништен во 612 п.н.е. Овие настани довеле до формирањето на Нововавилонското Царство, која доминирала во регионот во поголемиот дел од следниот век.

Настани

Депикција на Семирамидините висечки градини од страна на Мартен ван Хемскерк, со Вавилонската кула во позадината.

690-ти п.н.е.

  • 699 п.н.е.: Калушу го наследува Шутир-Накхунте како цар на Еламското Царство.
  • 697 п.н.е.: починува Хуан од Џоу, кралот на династијата Џоу.
  • 696 п.н.е.: Џуанг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
  • 696 п.н.е.: Кимеријците ја уништуваат Фригија; можна миграција на Ерменците.
  • 691 п.н.е.: асирскиот крал Сенахериб го поразува еламскиот крал Хумбан-нимена во Битката кај Халуле.
  • 690 п.н.е.: Тахарка, крал на дваесет и петтата династија, станува фараон на Египет (приближен датум).

680-ти п.н.е.

670-ти п.н.е.

  • 677 п.н.е.: починува Ли од Џоу, кралот на династијата Џоу.
  • 677 п.н.е.: Асархадон води асирска војска против бунтовничкте арапски племиња дури до Египетскиот поток.
  • 676 п.н.е.: Хуеи од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
  • 675 п.н.е.: Асархадон ја започнува обновата на Вавилон.
  • 674 п.н.е.: Асархадон става крај на бунтот во Ашкелон поддржан од Тахарка, кралот на Египет. Како одговор на ова, Асирците го напаѓаат Египет, но Тахарка успешно ги протерува.
  • 673 п.н.е.: Тул Хостилиј станува крал на Рим.
  • 671 п.н.е.: Асархадон повторно го напаѓа Египет, заробувајќи го Мемфис и другите припадници на кралското семејство.

660-ти п.н.е.

650-ти п.н.е.

640-ти п.н.е.

630-ти п.н.е.

620-ти п.н.е.

610-ти п.н.е.

  • 619 п.н.е.: Алијат станува крал на Лидија.
  • 619 п.н.е.: починува Сианг од Џоу, кралот на династијата Џоу.
  • 618 п.н.е.: Кинг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
  • 616 п.н.е.: Тарквиниј Приск станува крал на Рим.
  • 614 п.н.е.: Медијците и Вавилонците го напаќаат Ашур.
  • 613 п.н.е.: починува Кинг од Џоу, кралот на династијата Џоу.
  • 612 п.н.е.: Куанг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
  • 612 п.н.е.: сојузот на Мидејците, Вавилонците и Сузијанците го напаѓа и освојува Ниневех. Асирскиот крал Син-шар-ишкун е убиен при нападот.
  • 612 п.н.е.: Ашур-убалит II се обидува да ја спречи пропаста на Асирската империја и се прогласува себеси за крал во Харан.
  • 612 п.н.е.: Вавилон, главниот град на Вавилонија станува најголемиот град на светот, земенувајќи го Ниневех, главниот град на Асирија.[1]
  • 610 п.н.е.: Нехо II го наследува Псамтик I како крал на Египет.

600-ти п.н.е.

Значајни луѓе

Асархадон
Асурбанипал
Псамтик I
Талес од Милет
Алкман
  • Алијат I, крал на Лидија
  • Анк Марциј, крал на Рим
  • Анламани, крал на Куш
  • Аргантониј, крал на Тартес
  • Аргишти II, крал на Урарту
  • Бат I, крал на Кирена
  • Кијаксар, крал на Медијците
  • Кипсел, тиранин на Коринт
  • Кир I, поглавар на Ахеменидската династија
  • Дракон, атински државник
  • Асархадон, крал на Асирија
  • Гај Клуилиј, крал на Алба Лонга
  • Гиг, крал на Лидија
  • Гуан Џун, премиер на кинеската држава Ци
  • Јеремија, еврејски пророк
  • Јосија, крал на Јудејското Кралство
  • Езекија, крал на Јудејското Кралство
  • Хуеи-ван, крал на династијата Жу на Кина
  • Мадиј, крал на Скитите
  • Манасија, крал на Јудејското Кралство
  • Метиј Фуфетиј, крал на Алба Лонга
  • Небопаласар, крал на Вавилон
  • Навуходонозор II, крал на Вавилон
  • Нехо I, фараон на Египет
  • Нума Помпилиј, крал на Рим
  • Питак, митиленски водач
  • Псамтик I, фараон на Египет
  • Сенахериб, крал на Асирија
  • Солон, еден од седумте мудреци на Грција (638 п.н.е.558 п.н.е.)
  • Танарка, фараон на Египет
  • Тантамани, фараон на Египет
  • Тул Хостилиј, фараон на Рим

Литература

  • Алкман, грчки поет
  • Архилох, грчки поет
  • Калин, грчки поет
  • Мимнерм, грчки поет
  • Семонид Аморгиски, грчки поет
  • Стесихор, грчки поет
  • Талес од Милет, грчки математичар
  • Тиртеј, грчки поет

Спорт

  • Арихион, грчки панкратист
  • Хионид Лаконски, грчки тркач
  • Клеондас, грчки тркач
  • Ономаст, грчки тркач

Пронајдоци и откритија

  • Кинезите го изумиле печатењето.
  • Првите метални монети се користени од страна на Лидијците од западна Анадолија. До 525 п.н.е. монетите имале слика на само едната страна.
  • Грците ги усвоиле монетите од Мала Азија.
  • Железото наводно е откриено во Кина.
  • 7 век п.н.е. – 4 век п.н.е. – се направени етрурските гробиштата во Черветери.

Суверени држави

Видете: Список на суверени држави во 7 век п.н.е..

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица