Банаба


Банаба (кирибатски: Banaba / Bwanaba), или порано познат како Оушн Ајленд („океан“), е остров во Тихиот Океан. Политички островот е дел од Кирибати и се наоѓа на 300 километри источно од Науру. Островот има вкупна површина од 6.5 км2[1]. Највисоката точна на островот е 81 метар, што е највисока точна во Кирибати. Заедно со Науру и Макатеја, островот е еден од најзначајните пронаоѓалишта на фосфат во Тихиот Океан.[2]

Банаба
Banaba
Банаба
Географија
Координати0°51′34″S 169°32′13″E / 0.85944° ЈГШ; 169.53694° ИГД / -0.85944; 169.53694
Површина6,5 км2
Управување
Демографија
Население301 (2005)

Потекло на поимот

Името на кирибатски е Bwanaba, но поради англискиот правопис, името во уставот на Кирибати било упростено на официјалната верзија Banaba. Името во превод значи „шуплива земја“.

Демографија

Сателитска снимка на Банаба.

Месните жители на Банаба се етнички различни од останатото кирибатско население. Локалните традиции тврдат дека кланот Те Ака, по потекло од Меланезија, првично го населил островот. на островот има 4 села, од кои главно е Табијанг или денес познато како Антерен.

СелоНаселение (попис)
199520052010
Антерен (Табијанг)1610883
Умва (Ома, Ума)269135155
Табева (Тапива, Табвева)545857
Буаконикај---
Банаба339301295

Политика

Банаба е политичка аномалија. Иако официјално островот е дел од Кирибати, локалната администрација е од Рабискиот совет на водачи и старешини, кој е од островот Раби во Фиџи.

Претставникот на островот во парламентот на Кирибати на 19 декември 2005 година изјавил дека Рабискиот совет ја зема предвид идејата да го приклучи островот кон Фиџи. Ова проследило по недобивањето грант од трговијата со фосфат од страна на кирибатскиот парламент. Банапскиот претставик изјавил дека Банаба е сопственост на народот кој потекнува од островот Раби, не од Кирибати. Главниот проблем е што кирибатската влада не ги дава фондовите од трговијата со фосфат.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица