Баскиска татковина и слобода

Баскиска татковина и слобода (на баскиски: Euskadi Ta Azkatasuna (ETA)) — воена баскиска националистичка и сепаратистичка организација. Групата е основана во 1959 година и оттогаш еволуирала од група која ја промовирала традиционалната баскиска култура во паравоена група со цел стекнување на независност за Баскија [1][2]. ЕТА е главна организација на баскискиското движење за национално ослободување и е најважен учесник во баскискиот конфликт. ЕТА прогласила прекин на огнот во 1989 година, 1996, 1998 и 2006 година, но потоа истите ги прекршила. Сепак, на 5 септември 2010 година, ЕТА прогласила ново примирје [3], кое сè уште е на власт, а на 20 октомври 2011 ЕТА најавила "конечен престанок на нејзините вооружени активност" [4].

Баскиска татковина и слобода
Функционира31 јули 195920 октомври 2011
ВодачЗуба
ПодрачјаБаскија
Шпанија
Франција
Европска Унија
ИдеологијаНационализам

Мотото на ЕТА е Bietan jarrai ("Задржете ги двете"), алудирајќи на двата свои симбола, змија ( која ја претставува политика) обвиткана околу секира (која ја претставува вооружена борба) [5][6][7].

Од 1968 година, ЕТА е одговорна за убиствата на 829 лица, при што биле повредени илјадници луѓе и биле преземени десетици киднапирања [8][9][10][11]. Групата е дефинирана како терористичка организација од страна на шпански, британски и француски институции, како и од страна на Европската унија и Соединети Американски Држави [12].

Извори

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица