Беласица

планински венец во Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија

За други значења видете Беласица (појаснување)

41°20′N 22°57′E / 41.333° СГШ; 22.950° ИГД / 41.333; 22.950
Беласица
планина
Поглед кон врвот Радомир
РегионБалкан
Се граничи соМакедонија Македонија
 Бугарија
 Грција
Координати41°20′N 22°57′E / 41.333° СГШ; 22.950° ИГД / 41.333; 22.950
Највисока точкаРадомир
 - височина2.029 м
Беласица во рамките на Македонија
Беласица
Местоположба на Беласица во Македонија

Беласицапланина во југоисточниот дел на географскиот регион Македонија и е поделена меѓу државите Македонија (35%), Грција (45%) и Бугарија (20%). Во Македонија, оваа планина почива во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км. Спаѓа во групата најстари планини не само во Република Македонија, туку и на Балканскиот Полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура, планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.[1]

Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад, Струма на исток, Струмичката Котлина на север и Дојранската и Серската Котлина на југ. Според висичината, таа спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е Радомир (Калабак) - 2.029 метри, наречен по царот Гаврил Радомир, син на царот Самуил. На врвот Тумба се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција (поточно Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија). Тука е поставен граничен камен во вид на пирамида, што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.[2]

Но, таа е уште побогата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 °С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во Македонија. Исто така, Беласица е богата со рудни богатства, но сѐ уште ништо не се експлоатира. На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија - Смоларскиот Водопад.[3]

Од 2001 година секоја година, во август, се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врвот Тумба (Тромеѓа) под наслов „Балкан без граници“. Походот започнува од селото Смоларе, преку планинарскиот дом „Шарена чешма“, сè до тромеѓето.[4]

Историја

Планината е позната како местото кајшто се одиграла значајната Беласичка битка (1014), кајшто се судрила војската на Самоиловото Царство со византиската војска на Василиј II.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица