Камен

градежен материјал

Каменот настанува со дробење (ситнење) на карпи. До настанокот на каменот може да се дојде со дејство на ерозија, природни услови: дожд, ветер, мраз, плима, земјотрес, поплава и други метеоролошки појави.

Ѕид од камен

Денес може да се добие по вештачки пат: со сечење на тестери, ситнење со помош на експлозив или мелење, дробење и на други начини. Каменот уште од порано се користел во градежништвото како градежен материјал за изградба на: куќа, згради, мостови и патишта.

Каменот како тема во уметноста и во популарната култура

Каменот како тема во книжевноста

  • „Камен“ — песна на рускиот поет Николај Гумиљов.[1]
  • „Камења“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[2]
  • „Каменоресци“ — песна на Јован Котески.[3]
  • „Градина на камењата“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.[4]
  • „Глас под каменот“ (српски: Glas pod kamenom) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[5]
  • „Каменот на Жан Русло“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[6]
  • „Два камени столба“ - песна на Анте Поповски.[7]
  • „Каменот што го одминувате“ - песна на Анте Поповски.[8]
  • „Сон врз каменот крај езерото“ - песна на Анте Поповски.[9]
  • „Камена“ - песна на Анте Поповски.[10]
  • „Камчиња“ (Каменчићи) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[11]
  • „Камен“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[12]
  • „Месечев камен“ - збирка песни на српскиот писател Милорад Павиќ од 1971 година.[13]
  • „Трева и камење“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1956 година.[14]
  • „Белутрак“ (српски: Belutak) — циклус песни на српскиот поет Васко Попа од 1951-1954 година, со песните: „Белутрак“, „Срцето на белутракот“, „Сонот на белутракот“, „Љубовта на белутракот“, „Авантурата на белутракот“, „Тајната на белутракот“, „Два белутрака“.[15] [16]
  • „Каменот што се тркала по удолнина“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[17]
  • „Разговор со каменот“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[18]
  • „Скапоцениот камен“ — суфиска приказна.[19]
  • „Цветот и каменот“ — суфиска приказна.[20]

Каменот како тема во музиката

  • „Како камен што се тркала“ (Like a Rolling Stone) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.[21]
  • „Направен од камен“ (Made Of Stone) - песна на британската рок-група „Стоун Роузис“ (The Stone Roses) од 1988 година.[22]
  • „Монолит“ (Monolith) - песна на британската рок-група „Т. Рекс“ (T.Rex) од 1971 година.[23]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица