Близок Исток

Близок Исток — поим кој често се користи од археолозите, географите и историчарите, и поретко од новинарите и коментаторите, со цел да се посочи регионот кој ја опфаќа Анадолија (модерна Турција), Левантот (модерен Израел, Јордан, Сирија и Либан), и Месопотамија (модерен Ирак и Источна Сирија)[1]. Алтернативниот поим Среден Исток — претпочитан во некои политички и економски контексти — не се користи од блискоисточните археолози и историчари. Алтернативен не-евроцентричен поим во скорешните години е 'Југозападна Азија', иако овој поим сѐ уште нема постигнато поширока распространетост.

  Блискиот Исток во археолошки и историски контекст
  Блискиот Исток во поширок контекст

Египет, иако дел од Африка, често се смета за дел од регионот на Блискиот Исток. Неговото вклучување се должи на суштинските врски кои ги имал со другите блискоисточни држави низ античките, средновековните и модерните времиња.

Во Европа, „Близок Исток“ е претпочитаниот поим поради очигледната географска близина.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица