Венето

регион во Италија

Венето (италијански: Veneto) — една од дваесетте региони во Италија. Се наоѓа во североисточниот дел на земјата. Главен град е Венеција, а познати градови се и Верона, Падова и Виченца.Венето спаѓа во најголемите и најразвиените италијански покраини. Исто така, Венето со светски познатата Венеција е една од туристички најпосетените области во светот со преку 60 милиони туристи годишно.

Венеција претставува најголемата туристичка дестинација во регионот Венето

Географија

Венето е североисточна покраина на Италија со кратка државна граница кон Австрија на север. На исток, покраината Венето излегува на Јадранско Море. Од другите страни се наоѓаат следните италијански покраини:

Релјефна мапа на Венето

Природни одлики

Површината на покраината е 18.391 км2 и според ова Венето е една од најголемите италијански покраини.Релјеф: Во рамките на Венето се разликуваат неколку природни целини во правец југ - север. Јужниот дел е рамничарско подрачје покрај северниот брег на Јадранско Море и реката По. Тоа е источниот дел од Падската Низина. Овој дел зазема околу 2/3 од површината на покраината и тука се одгледува жито и зеленчук. Северниот дел е претежно планински во рамки на Алпите со неколку населени долини. Тоа е сточарско подрачје, единствено во долините се развиени останатите видови на полјоделство.Клима: Климата во покраината Венето е изменето средоземна клима со значително влијание од континенталниот Север. Според тоа, зимите се поостри, а летата поблаги од другите делови на Италија. Овој судар на климата се отсликува и со многу силни ветрови. Во повисоките краеви климата е повеќе континентална, а на планините владее планинска клима.

Административна поделба

Венето е поделен во 7 окрузи, односно провинции со истоимените градови како управни центри:

Историја

Во 1866 година дошло до припојување на Венеција и централната област на Млетачка република кон новооснованата Италија. Во истиот период е основана покраината Венето. Меѓутоа, новата власт не доживеала пораст. Дури се вршени и негативни работи како доселување на луѓе од други краеви и спречување на развојот на Венецијанскиот дијалект. Поради тоа, во првата половина на XX век почнало масовно иселување во странство. Додатно оптоварување биле и двете светски војни, кои оставиле трага и на подоцнежните децении.

Население

Денес Венето има преку 5 милиони жители и е една од најнаселените покраини во Италија. До пред неколку децении тој број беше во опаѓање или стагнирње, но со брзиот развој на покраината во последните децении се зголемил за околу 20%.

Густината на населеност е околу 270 ж./км2, што е повеќе од државниот просек (200 ж./км2). Рамничарскиот дел на покраината е значително погусто населен од северниот, алпски дел. Посебно е густо населена економската зона на покраината, линијата Верона - Виченца - Падова - Венеција.

Надворешно врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица