Википедија:Решавање на спорови

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:РС
ВП:СПОР
Најважното од страницава: Resolve disputes calmly, through civil discussion and consensus-building on relevant discussion pages. There are several available options to request opinions from editors outside the dispute. Other dispute resolution mechanisms include mediation or, after all other methods have been tried, arbitration.

Ова правило за разрешување спорови опишува што треба да се направи кога се има спор со друг уредувач.

Фокусирање на содржината

Кратенки:
ВП:ФС

Најважниот прв чекор е да се задржиш на самата содржина на статијата, не на уредувачот што ја создал. Википедија е направена врз принципот на соработка и земајќи ги во предвид и напорите од останатите корисници е важно за целата заедница.

Кога ќе пронајдеш текст за кој мислиш дека е несоодветен, поправи го ако можеш. Ако тоа не е лесно, и не се согласуваш со гледната точка изразена во текстот, не ја бриши веднаш. Подобро е да се избалансира за да се добие неутрален поглед во самата статија.

Секогаш објаснувај ги промените што ги правиш за да видат и согласат останатите корисници со тоа. Ако уредувањето е вратено од останатите корисници, започнете разговор на страната за разговор од таа статија.

Биди разумен

Повеќето од ситуациите не се итни. Дозволете си да помине некое време. Често тоа помага да се оладат страстите и да се размислува со разумна глава. Секогаш може да се разреши ситуацијата. Не престанувајте со работа туку продолжете да уредувате и други статии. Во меѓу време, можеби и други корисници ќе се заинтересираат за спорната статија и може да предложат или изнајдат различни аспекти за разрешување на ситуацијата. Ова најчесто е корисно со новите Википедијанци и им остава простор да се запознаат со правилата на Википедија и напатствијата за уредување статии.

Ако ситуацијата е итна

  • пријави насилство и злоупотреба на правилата на Википедија за цивилност и лични напади.
  • пријави несоодветно корисничко име на Википедија:Огласна табла за администратори.
  • пријави уредувачко војување на огласната табла за администратори.
  • барај бришење на лични информации.
  • пријави сомнеж за марионетство.


Ако корисникот има потреба од администраторска интервенција, пријавете на Википедија:Огласна табла за администратори. Таблата не е место каде се покренуваат спорови со одредени теми или за нечие однесување. Администраторите не се судии, туку помагаат за разрешување спорови.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица