Виолета Чакарова

Виолета Чакарова (р. 1961, Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Виолета Чакарова
Роден1961
Прилеп, СФРЈ СФР Југославија
Познатпо улогите во:
Три во едно
Авантурите на Итар Пејо
Занимањеглумица

Животопис

Пред своето врабодување во театарот "Војдан Чернодрински" Прилеп како професионална актерка во 1984 година, работи две години како актер-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ "Војдан Чернодрински" ја добива наградата за млада актерка за своето остварување во претставата "Големиот брилијантен валцер" во режија на Стојан Стојановски. Од својата театрофрафија ги издвојува своите соработки во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во "Буре барут" во режија на Наташа Поплавска, Бисера во "Духот на слободата", Кате во "Разбуди се Кате" р. Благоја Дамески, "Маките на Живоин" во режија на Ацо Алексов итн.

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1988Македонски народни приказни ТВ-серија
1988Ел камино дел сур ТВ-филм
1991Македонија може ТВ-серија
2010Антица ТВ-филмБаба Анѓа
2013-2014Авантурите на Итар Пејо ТВ-серијаЖената на бакалот
2014Приказни од животот ТВ-серијаМарта
2015Три во едно ТВ-филмЖената
2023-2024Македонски народни приказни ТВ-серијаМитра

Награди

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица