Коле Ангеловски

Коле Ангеловски (р. 14 март 1943) — македонски театарски и филмски глумец, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.

Коле Ангеловски
Роден14 март 1943(1943-03-14)(81 г.)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Познатпо режијата на:
Викенд на мртовци
Солунски патрдии
Колнати сме, Ирина
Пусто турско
Ах, љубов моја
Занимањеглумец
режисер
сценарист
писател

Животописни податоци

Коле Ангеловски (десно), 2023 год.

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски уште во раното детство — како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Поши

Како глумец, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги — било да станува збор за теми од современиот живот — “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” — или пак теми од блиската или подалечната историја — “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот

Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.

На филмската сцена, како глумец, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад глумец, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д. Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Република Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.

Животопис

Филмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот „До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во „Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот „Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.

Филмографија

Коле Ангеловски како глумец има играно во следните филмови:
ГодинафилмУлога
1962Саша ТВ-филмВладо Треф
1963Диди и Дади ТВ-филм
1964Попладне ТВ-филм
1964Народен посланик ТВ-филмМладен
1964Кај сидија за прекршување ТВ-филм
1965Да се дојде и да се остане ТВ-филмГаса
1965Седма тура ТВ-филм
1965Три ТВ-филмПатник кој чека воз
1965Човек од светот ТВ-филмНикола
1966По Коњух планина ТВ-филмПушо
1966Време љубов ТВ-филм
1966До победата и по неа ТВ-филмБоро
1966Среќни умираат двапати ТВ-филмРадолица
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм
1967Патека ТВ-филм
1967Тврдина на силеџиите ТВ-филмПетар
1969Време вез војна ТВ-филм
1969Итрата вдовица ТВ-филм
1969Крос кантри ТВ-филм
1969Прозорци ТВ-филм
1969Битка на Нретви ТВ-филмЖика
1969Свеќник ТВ-филм
1970Храненик ТВ-филм
1971Жед ТВ-филмПоп Ефтим
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филмЦане
1971Во гората расне зелен бор ТВ-филмМарказа
1972Валтер го брани Сараево ТВ-филм
1973Сутјеска ТВ-филмСтанојлов помагач
1973Пикник на фронтот ТВ-филмЗепо
1975Го познавате ли Павле Плеша ТВ-филм
1975Сребреното јаболко ТВ-филм
1975Светецот од слатина ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Синови ТВ-филмСлуга Трифун
1977Нели ти реков ТВ-филм
1978Златни години ТВ-серија
1979Наши години ТВ-серијаФускултурничарот
1979Партизанска ескадрила ТВ-филм
1980Оловна бригада ТВ-филмСтево
1980Учителот ТВ-филм
1981Брановиќ Страхиња ТВ-филм
1981Црвениот коњ ТВ-филмСујде
1982Јужна патека ТВ-филм
1983Ликвидатор ТВ-филм
1984Нели ти реков ТВ-филм
1984Комедијанти ТВ-серијаКомичар
1984Го мермираме мојот јастреб ТВ-филм
1986-1989Македонски народни приказни ТВ-серија
1987Ајде да се сакаме ТВ-филмПолицаец Гага
1988Азра ТВ-филм
1988Луди години ТВ-серијаМаксим Филиповиќ
1988Некоја чудна земја ТВ-филм
1989Собирен Центар ТВ-филмМачак
1990Северна грешка ТВ-филмЧавка
1990Станица на обични возови ТВ-филм
1991Вонземјаните се криви за се ТВ-филм
1991Болва в' уво ТВ-филм
1991Тесна кожа 4 ТВ-филм
1991Во име на законот ТВ-серијаЗајко Кокорајко
1991ТВ Театар ТВ-серијаПолицаец
1992Дама која убива ТВ-серијаКомандир
2002Зона Замфирова ТВ-филм
2003Време за плачење ТВ-филм
2008-2009Некој чудни луѓе ТВ-серија
2009Седумка, љубов или смрт ТВ-филм
2011Нашата мала клиника ТВ-серијаЉупче
2015Незрели цреши ТВ-филм
2016А болката останува ТВ-филмЖан Батист Валери
2017Ах, љубов моја ТВ-филмГаздероберот
2022Затемнување ТВ-филмМонах Живан
2023Жикина Династија ТВ-филмМаксим Филиповиќ

Режисер

Коле Ангеловски како режисер ги има режирано следните филмови/серии и претстави:
ГодинаФилм/Серија/Претстава
1973Колнати сме, Ирина (филм)
1986Коприварник (претстава)
1986Солунски патрдии (серија)
1987Училиште за кловнови (серија)
1987Театарче лево ќоше (филм)
1988Викенд на мртовци (филм)
1989Рекламна бајка (претстава)
1990Викенд на мртовци (серија)
1991Македонија може (серија)
1992Чудовиштата во нашиот град (серија)
1996Умри машки (претстава)
2003Време за плачење (ТВ-филм)
2003Лото, лото (серија)
2004Неверство во зимска ноќ (филм)
2006Пусто турско (филм)
2009Ветар низ тополите (серија)
2009Балкан бенд ТВ-серија
2009Седумка, љубов или смрт ТВ-филм
2013Капетанот Џон Пипал (претстава)
2013Од кол на кол (претстава)
2015Три во едно (филм)
2017Бегај еве ја жена ти (претстава)
2017Ах, љубов моја (серија)
2018Не сега драга (претстава)
2019Лажговци (претстава)
2021Птица со главата меѓу нозе (претстава)
2022Паника во Хотел Палас (претстава)
2022Секс, лаги и љубомора (претстава)

Писател

Коле Ангеловски ја има напишано следнава филмографија:

  • 1967 - "Путељак"
  • 1973 - "Колнати сме, Ирина" (филм)
  • 1987 - "Училиште за кловнови" (серија)
  • 2003 - "Време за плачење" (ТВ)
  • 2003 - "Лото, лото" (серија)

Награди

  • 2008 — Награда „13 Ноември“
  • Награда „Ристо Шишков
  • 2011 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински
  • 2018 — Награда „Св. Јоаким Осоговски“
  • 2019 — Награда „Киненова“ за особен придонес во филмската уметност
  • 2020 — Награда „Златен објектив“
  • 2020 — награда „13 Ноември“ од областа на културата за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.[1]
  • 2022 — Награда на фестивалот „Денови на Комедија“ во Куманово за најдобра режија за претставата „Паника во Хотел палас“
  • 2023 — Награда „Васил Иљоски“ на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово
  • 2023 — Орден за заслуги за „Република Македонија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица