Топол извор

(Пренасочено од Врели извори)

Топол извор или термален извор или геотермален извор е извор на загреана вода од Земјината кора. Термалните извори постојат насекаде во светот, дури и под морињата и океаните. Изворот се смета за термален ако температурата на водата е повисока од онаа на околината[1], или, според други извори, повисока од телесната температура на човекот (околу 37 °C).[2]

Група макаки во геотермален извор во Нагано, Јапонија.

Водата која извира од топлите извори се загрева од геотермалната енергија, односно топлината на внатрешноста на Земјата. Температурата на Земјата станува сѐ повисока како што се оди подлабоко, така што водата се загрева од топлите карпи, а во вулканските области и директно од магмата. Ако водата стане толку топла така што да излегува на површината во вид на млазови, тогаш таа појава се вика гејзер.

Топлите извори, поради благотворното дејство на топлата вода збогатена со минерали врз телото на човекот, се користи во медицински цели. Покрај тоа, геотермалните извори се користат и за загревање на оранжерии, системи за централно греење на населени места, и производство на електрична енергија.

Топли извори Во Македонија

Во Македонија, најголемите топли извори се:

  • Негорски бањи, близу до Гевгелија
  • Бањата Бањиште 39,3 °C. е сместена во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат Скопје – Дебар – Охрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата.
  • Бања Банско е бања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско.
  • Бања Кежoвица - Штипско. Минералната вода во бањата Кежовица кај Штип има температура од 70 степени и по својата радиоактивна лековитост е слична на Карлови Вари.
  • Струмичката бања „Цар Самоил”
  • Катлановска Бања, близу до Скопје
  • Бања, близу Кочани
  • Дебарски бањи
  • Кумановска бања
  • Бања Стрновец - Старо Нагоричане.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица