Вујадин Савиќ

Српски фудбалер

Вујадин Савиќ (роден на 1 јули 1990 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата централен бек во одбраната. Член е на кипарскиот прволигаш АПОЕЛ.

Вујадин Савиќ во тимот на Црвена ѕвезда во натпревар против Краснодар

Клупска кариера

Почетна кариера

Вујадин Савиќ имал само осум години кога започнал да тренира со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во овој клуб ги поминал сите возрасни категории. Помеѓу 2007 и 2009 година настапувал за составот на Рад. Подоцна, тој се вратил во екипата на Црвена ѕвезда каде што настапувал за првиот тим сѐ до 2010 година, од кога се преселил во Франција и потпишал за екипата на Бордо.[1] Во месец јануари 2012 година, тој заминал како позајмен играч во екипата на Динамо од Дрезден и тоа до крајот на сезоната 2011-12.[2]

Ватфорд

На 23 јануари 2015 година Вујадин Савиќ потпишал за клубот од англиското првенство, Ватфорд и тоа до крајот на сезоната.[3] Сепак, тој бил еден од тројцата ослободени од екипата на Ватфорд по нивната промоција во Премиер лигата во 2015 година. Од клубот на Ватфорд заминал без да има ниту еден настап за екипата.[4]

Шериф Тираспол

Во 2015 година Савиќ се приклучил во составот на Шериф од Тираспол, каде што одиграл вкупно 40 натпревари и постигнал 4 гола во сите натпреварувања, во текот на наредните две сезони. Тој на 19 септември 2015 година постигнал гол со таканаречен велосипедски удар, на лигашкиот натпревар против составот на Зарија Балци.[5]

Враќање во екипата на Црвена ѕвезда

Во месец јуни 2017 година, Вујадин Савиќ се вратил во својот матичен клуб, екипата на Црвена ѕвезда од Белград, и веднаш потпишал двегодишен договор.[6] Во неговата прва сезона во составот на Црвена ѕвезда екипата за прв пат во историјата успеала да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на Европа за 2018 година, а започнала да се натпреварува од првото квалификациско коло.[7] Тоа било, исто така, прва сезона на екипата на Црвена ѕвезда која ја преживеала групната фаза од натпреварување на УЕФА по цели 26 години пост.[7] Во текот на сезоната 2017, тренерот Владан Милојевиќ го користел Савиќ во партнерства со соиграчите Срѓан Бабиќ[7] и Демиен Ле Талек. Со Вујадин Савиќ во составот, екипата на Црвена ѕвезда примила само два гола во групната фаза од Лигата Европа 2017 година. Тоа била втората најдобра одбрана во групната фаза на Лига Европа веднаш зад подоцнежниот полуфиналист, составот на Ред Бул Салцбург.[7] Во месец мај 2018 година, Вујадин Савиќ бил избран во тимот од најдобрите 11 играчи за сезоната 2017–18 во српската Суперлига, по избор на капитените и тренерите на клубовите.[8] Наредната сезона, Вујадин Савиќ успеал да ја однесе екипата на Црвена ѕвезда до нивниот прв настап во Лигата на шампионите во УЕФА. Во текот на квалификациските кола, најчесто настапувал во тандем со соиграчот Милош Дегенек. Црвена ѕвезда успеала да прими само три гола. Во отсуство на капитенот на клубот Ненад Милијаш, Савиќ бил капитен на екипата на Црвена ѕвезда и тоа на сите четири натпревари на кои настапил. Во два од тие четири натпревари, и тоа и двата на домашен терен против составите на Наполи и Ливерпул, составот на Црвена ѕвезда успеал да ја сочува мрежата. Тој го одиграл првото полувреме против екипата на Ливерпул на стадионот Енфилд, но бил заменет на полувремето поради повреда. Преостанатите два натпревари против составите на Наполи во Неапол и Париз Сен Жермен во Белград ги пропуштил поради повреда. На 25 јануари 2019 година, Вујадин Савиќ го продолжил договорот со екипата на Црвена ѕвезда до крајот на летото 2022 година.[9]

АПОЕЛ

На 14 јули 2019 година, кипарскиот клуб АПОЕЛ официјално го објавил потписот на Савиќ.[10] Вујадин Савиќ преминал во екипата на АПОЕЛ од составот на Црвена ѕвезда на слободен трансфер, со внесена одредба во која стоело дека на екипата на Црвена Ѕвезда да и биде исплатена половина од сумата за неговиот евентуален нареден трансфер.[11] Тој потпишал тригодишен договор со клубот на АПОЕЛ.[10] Кон крајот на месец август 2019 година, тој бил опериран поради повреда на препоните.[12]

На 15 февруари 2021 година, Вујадин Савиќ бил позајмен на екипата од словенечката Прва лига, од страна на клубот Олимпија од Љубљана и тоа за остатокот од сезоната.[13]

Репрезентација

Вујадин Савиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија на Европското првенство за фудбалери до 21 година на УЕФА 2009 година. Во месец март 2018 година, тој го добил првиот повик во фудбалската репрезентација на Србија под водство на селекторот Младен Крстајиќ, за пријателските натпревари против селекциите на Мароко и Нигерија.[14] Поради повредата не успеал да игра на тие два натпревари.[15]

Приватен живот

Вујадин бил син на поранешниот српски професионален фудбалер Душан Савиќ.[16] Тој имал четири деца со невенчаната сопруга Мирка Васиљевиќ, која по професија била глумица.[17] Вујадин Савиќ го добил името по српскиот тренер и поранешен играч Вујадин Бошков.[18] Го добил и прекарот Гишка по неговиот роднина Ѓорѓе Божовиќ.[19][20]

Статистика во кариерата

Клупска статистика

Обновено на по крајот на натпреварот одигран на 16 мај 2021[21]
Одиграни натпревари и постигнати голови во различни години и различни сезони
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариОстанати натпревариВкупно
ЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови
Рад(како позајмен играч)2007–08[1]Прва лига на Србија700070
2008–09[1]Суперлига18000180
Вкупно25000250
Црвена ѕвезда од Белград2009–10Суперлига1400030170
Бордо2010–11Лига 1711081
2011–12Лига 110000010
2013–14Лига 120101040
Вкупно1012010131
Бордо II2011–12ЦФА 29191
2013–14ЦФА 25050
Вкупно141141
Динамо од Дрезден (како позајмен играч)2011–122. Бундеслига130130
2012–132. Бундеслига21020230
Вкупно34020360
Арминија од Билефелд(како позамен играч)2013–142. Бундеслига6060
Ватфорд2014–15Чампионшип000000
Шериф2015–16Национална Дивизија1811000191
2016–17Национална Дивизија163312000214
Вкупно344412000405
Црвена ѕвезда од Белград2017–18Суперлига17020150340
2018–19Суперлига19110110311
Вкупно36130260651
АПОЛЕ2019–20Прва Дивизија171118110273
Олимпија2020–21Словенска Прва лига102000000102
Вкупно во кариерата200101224011025313

 

Признанија

Клупски признанија

Црвена ѕвезда од Белград

Шериф

  • Освоена е Национална дивизија: 2015–16, 2016–17
  • Освоен е Купот на Молдавија: 2016–17
  • Освоен е Суперкупот на Молдавија: 2016 година

АПОЕЛ

  • Освоен е Кипарскиот Суперкупот: 2019

Олимпија од Љубљана

  • Освоен е Купот на Словенија: 2020–21

Индивидуални признанија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица