Горни Подлог

село во Општина Кочани

Горни Подлог — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Горни Подлог
Горни Подлог во рамките на Македонија
Горни Подлог
Местоположба на Горни Подлог во Македонија
Горни Подлог на карта

Карта

Координати 41°57′52″N 22°23′0″E / 41.96444° СГШ; 22.38333° ИГД / 41.96444; 22.38333
Регион Источен
Општина Кочани
Население571 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2300
Повик. бр.033
Шифра на КО13010
Надм. вис.313 м
Горни Подлог на општинската карта

Атарот на Горни Подлог во рамките на општината
Горни Подлог на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанската Котлина, од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 314 метри. Оддалечено е 4 килиометри од Кочани.

Историја

Во XIX век Горни Подлог било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948435—    
1953531+22.1%
1961668+25.8%
1971713+6.7%
1981747+4.8%
ГодинаНас.±%
1991758+1.5%
1994749−1.2%
2002704−6.0%
2021571−18.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горни Подлог живееле 230 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 702 Македонци, 1 Србин и 1 Влав.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 538 Македонци, 2 Бошњаци, 4 останати и 27 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население230280435531668713747758749704571
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Горни Подлог е македонско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:

  • Родови доселени во текот на турското владеење: Ефремовци (5 к.) и Газарци (3 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Тркање; Наневци (11 к.) и Лазаровци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кузмановци (3 к.), Витановци (2 к.) и Зашовци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се, но не знаат од каде; Андовци (3 к.), Таневци (3 к.) и Тоневци (3 к.) доселени се од селото Мојанци; Теренчанци (5 к.) доселени се од селото Теранци; Манчевци (3 к.) и Денковци (2 к.) доселени се од селото Долни Подлог; Атанасовци (3 к.) доселени се од селото Безиково; Ѓерасимовци (2 к.) и Уткинци (2 к.) доселени се од селото Соколарци; Мустревци (2 к.), Комарци (1 к.) и Тасевци (1 к.) порано биле еден род, и доселени се од селото Мојанци; Домазетовци (3 к.), Андовци (3 к.), Чанданци (3 к.), Миајловци (1 к.), Грашковци (5 к.) и Давидовци (2 к.) сите овие родови се доселени, но не знаат од каде.
  • Родови доселени од 1912 до 1946 година: Грковци (2 к.) доселени се од селото Мојанци; Рашковци (2 к.) доселени се од некое село Чурилек кај Делчево; Маријинци (3 к.) доселени се од селото Облешево; Сандо (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Лазар (1 к.) доселени се од селото Полаки; Шутевци (5 к.) доселени се во 1942 година од селото Пресека; Безинковци (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Безиково; Малин (1 к.) доселени се од селото Речани; Трајан (1 к.) доселени се од селото Касир на Осогово.[11]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 862 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 554 гласачи.[13]

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Горни Подлог на Карти на Гугл

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица