Гробишта

место на коешто се положуваат останките од починатите

Гробишта — место каде што се закопуваат мртвите (најчесто луѓе, но може и животни).

Уметнички приказ на гробишта
Ерусалим, Маслинова Гора

Гробиштата кај Словените

Гробиштата кај Словените биле поставувани во близина на светилиштата или во нив. Како место за гробишта се одбира цврста и сува земја, најчесто на рид или покрај пат. Гробиштата имале исклучителна почит и не се скрнавеле, па оттаму до денешни дни опстанале старите могили, некаде и цели гробишта со надгробни плочи. Првите пишувани извори, меѓу кои и оние на Нестор велат дека старите Словени своите мртви ги палеле на клада, но неретко и ги погребувале, но кај нив не постоеле гробишта. Мртвите ги закопувале во полињата, шумите, до реките, дури и под праговите (во подоцните времиња, кај Јужните Словени е забележано погребување на некрстено новороденче под домашниот праг). Според описот на Нестор, над гробовите Словени кревале високи земјени могили или поставувале столб, најчесто од бука или даб.[1]

Гробиштата се именувале според местото каде се наоѓале (Бутелско, Битолско, Раштанско...), според етничката припадност на населението кое ги погребувало своите мртви во него (еврејско, турско, влашко, српско...), ретко, но постојат гробишта наречени по некој човек (Дедо Маркови), познати се и самовилски (каде што самовилите се грижеле за покојните), сватовски (каде биле погребани сватови кои се удавиле при паѓањето на мостот, коледарски (каде што се вршел некаков коледарски обред), постоеле и гробишта во кои се погребувале заболените во епидемии и таквите гробишта неретко се нарекувале по името на болеста.[1]

Гробиштата по традицијата не требало да се преместуваат, но под екстремни околности (ерозија, поплавување и сл.) чинот на создавање ново гробје подлегал на повеќе правила: осветување, чистење, погребување на некое животно, бидејќи никој не дозволувал првиот погребан покојник да биде од неговото семејство оти се верувало дека тоа носи несреќа за сите. Вообичаено е мртвите од едно село, населба да се погребуваат на исто гробиште, кон ова правило не припаѓале насилно починатите, самоубиците, анатемисаните, криминалците и др. За ваквите покојници гробовите се правеле надвор од оградите на гробиштата, а нивниот погреб не подлегнувал ниту под вообичаените обреди, ниту под црковните правила. За загинатите воини на кои не им се знаело местото на загинувањето во старите времиња биле поставувани могили без телото на починатиот, најчесто покрај патиштата, поретко до некој извор, па и самиот извор станувал посветен на починатиот.[1]

Гробиштата како тема во уметноста и во популарната култура

Гробиштата како тема во книжевноста

  • „Гробиштата во Козин“ — расказ на рускиот писател Исак Бабел.[2]
  • „Кралска гробница“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
  • „Прашките гробишта“ — роман на италијанскиот писател Умберто Еко.[4]
  • „Гробишта на слонови“ — збирка раскази на бразилскиот писател Далтон Тревизан од 1964 година.[5]
  • „Стрелиште и гробишта“ — песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[6]
  • „За војничките гробишта“ (Za vojnička groblja) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1964 година.[7]
  • „Светли гробови “ — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[8]
  • „Гробишта во полето“ — расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[9]

Гробиштата како тема во музиката

  • „Гробишта“ (англиски: Graveyard) — песна на американската рок-група Butthole Surfers од 1987 година.[10]
  • „Полка од гробиштата“ (англиски: Cemetery Polka) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[11]
  • „Гробишта“ (англиски: Tomblands) — песна на британската рок-група Либертајнс (The Libertines) од 2004 година.[12]
  • „Гробишта“ (англиски: Graveyard) — песна на британската рок-група Public Image Ltd. од 1979 година.[13]
  • „Убавите девојки прават гробови“ (англиски: Pretty girls make graves) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths).[14]
  • „Портата на гробиштата“ (англиски: Cemetery gates) — песна на англиската рок-група Смитс од 1985 година.[15]
  • „Смена на гробиштата“ (англиски: Graveyard Shift) — песна на американската рок-група Uncle Tupelo.[16]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица