Денвер

главен град на Колорадо, САД

Денвер (англиски: Denver) е главниот и најнаселениот град на американската држава Колорадо. Денвер се наоѓа во долината на реката Саут Плат на Високите Рамнини, источно од Карпестите Планини. Центарот на Денвер е сместен источно од спојот на реките Чери Крик и Саут Плат, на околу 24 км источно од Карпестите Планини. Прекарот на Денвер е The Mile-High City („Градот висок една милја“), бидејќи неговата надморска височина е точно една милја (приближно 1.609 м).

Денвер гледан од Градскиот парк за време на летен џез фестивал.

Според некои податоци, во 2006 Градот и Округот Денвер имале 566 974 жители, и со тоа е 27-ми најнаселен град во САД.

Втор најголем град во Колорадо е Колорадо Спрингс, веднаш по Денвер.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица