Дишник

Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете Трахеи (растение).

Дишник
Шема на дишните патишта
Податоци
Дел одДишни патишта
Артеријадолна тироидна артерија
Венарачноглавена вена, непарна вена придодадена полунепарна вена
Назнаки
ЛатинскиTrachea
TAA06.3.01.001
FMAFMA:7394

Дишниците (или душникот) се цевчести органи за дишење кај копнените членконоги. Тие служат за транспорт на метаболитичките гасови од и до ткивата на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте редови на инсекти, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на кутикуларниот егзоскелет кои се разгрануваат низ телото на животното, со пречник од неколку микрометри до 0,8 mm. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во клетките од ткивата и служат како места за дифузија на вода, кислород и јаглерод диоксид. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно издишување (вентилација) или преку пасивна дифузија.

Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни ‘рскавични прстени наречени тенидии, кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или завојници).

Исто така, во главата, градниот кош или во стомачната празнина, дишниците може да се поврзани со воздушни ќесиња. Многу инсекти, како скакулците, можат да ја контролираат циркулацијата на воздухот низ нив.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица