Длабоконебесно тело

Длабоконебесно тело — секое небесно тело не не е поединечна ѕвезда или тело од Сончев Систем (како Сонцето, Месечината, планета, комета итн.).[1][2] Оваа класификација претежно се користи во љубителската астрономија, каде под поимот се подразбираат слабосјајни тела кои можат да се набљудуваат со голо око или скромни телескопи како ѕвездени јата, маглини и галаксии. Поимот се однесува на приодот кон набљудување на телата, а не карактерот на самите тела.

Неколку маглини во соѕвездието Орион сметани за длабоконебесни тела

Потекло и класификација

Класификацијата на неѕвездени небесни тела почнала набргу по измислувањето на телескопот.[3] Еден од првите опфатни списоци е Месјеовиот каталог од 1774 г., каде се опфатени 103 „маглини“ и други сјабосјајни и матни тела кои му правеле пречки бидејќи Месје трагал по комети.[3] Со унапредувањето на телескопите, овие бледи маглини почнале да се разложуваат на поопписни научни класи како меѓуѕвездени облаци, ѕвездени јата и галаксии.

Длабоконебесно тело како астрономска класификација за овие тела води потекло од современата љубителска астрономија. Не е познато кој го вовел, но поимот е популаризиран во колумната „Чуда од длабокото небо“ (Deep-Sky Wonders) во американскиот месечник Sky & Telescope, чие прво издание излегло во 1941 г.[4] Списанието го отпочнал Леланд Коупленд, а автор на текстовите долги години бил Волтер Скот Хјустон. Неговите колумни, како и подоцнежните книги во кои се собрани истите, го популаризирале поимот.[5] Секој месец читателот бил воден низ мал дел од небото, истакнувајќи познати и помалку познати тела за набљудување со двоглед или мал телескоп.

Набљудувања и активности

Карта на соѕвездието Лебед со местоположбите на сјајните длабоконебесни тела

Постојат многу љубителски техники и активности поврзани со длабоконебесните тела. Некои од телата се доволно сјајни за да се најдат со двоглед или мал телескоп. Меѓутоа за најслабосјајните тела потребна е светлозбирна моќ на телескопи со голем објектив,[6] и не можат да се најдат и видат со голо око. Ова довело до популарноста на телескопите GoTo кои автоматски ги наоѓаат длабоконебесни тела, како и големи рефлекторски телескопи (како оние во Добсонов стил) со широки видни полиња погодни за такви набљудувања.[7] За набљудување на слабосјајни тела е потребно темно небо, па затоа ваквите преносливи телескопи се згодни за љубителите кои ги носат во природа, подалеку од светлински загадените урбани места.[8] За да го сузбијат загадувањето и да го засилат контрастот, набљудувачите користат маглински филтри предвидени да примаат извесни бранови должини, а да попречуваат непожелни.

Постојат организирани активности поврзани со длабоконебесните тела како Месјеовиот маратон, кој се одржува на извесен ден секоја година и го поттикнува набљудувачите да ги најдат сите 110 Месјеови објекти за една вечер. Бидејќи Месјеовиот каталог е откриен со релативно мали телескопи од XVIII век, тој е популарен меѓу набљудувачите бидејќи телата во него се на дофат на нивните љубителски инструменти. Постои многу потежок испит наречен „Хершел 400“ предвиден да ги испроба можностите на поголеми телескопи и искусни љубители.

Видови на длабоконебесни тела

Постојат многу видови на тела кои одговараат на писот длабоконебесни. Критериумот е дека телата треба да не бидат од Сончевиот Систем и не се ѕвезди, па така списокот го опфаќа следново:[9]

Поврзано

Наводи

Извори

  • Neil Bone, Wil Tirion, Deep Sky Observer's Guide. Firefly Books, 2005. ISBN 1-55407-024-4.
  • Jess K. Gilmour, The practical astronomer's deep-sky companion. Springer, 2003. ISBN 1-85233-474-6.
  • Jack Newton, Philip Teece. The Guide to Amateur Astronomy. Cambridge University Press, 1995. ISBN 0-521-44492-6.
  • W. H. Finlay, Concise Catalog of Deep-sky Objects: Astrophysical Information for 500 Galaxies, Clusters and Nebulae. London: Springer, 2003. ISBN 1-85233-691-9. Includes the Messier objects, Herschel 400 & more.
  • Roger Nelson Clark, Visual astronomy of the deep sky. CUP Archive, 1990. ISBN 0-521-36155-9.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица