Отсјајна маглина

Отсјајна маглина (отсјајна маглина) — облаци од меѓуѕвездена маглина кои одбиваат светлина од околна ѕвезда или ѕвезди. Енергијата од околните ѕвезди е недоволна за да го јонизира гасот на маглината и да создаде оддавна маглина, но прави достатно расејување за прашината да биде видлива. Затоа, честотен спектар на отсјајните маглини е сличен на оној од ѕвездите што ги осветлуваат. Меѓу микроскопските честички одговорни за расејувањето има јаглеродни соединенија (на пр. дијамантски прав) и соединенија од други елементи како железо и никел. Овие честопати се сложуваат со галактичкото магнетно поле и предизвикуваат мала поларизација на расеаната светлина.[1]

Маглината Вештерска Глава (IC2118) која дава отсјај од ѕвездата Ригел.

Откривање

Отсјајната маглина IC 2631.[2]

Проучувајќи го спектарот на маглината поврзана со ѕвездата Меропа во Плејадите, американскиот астроном Весто Слајфер во 1912 г. заклучил дека светлината доаѓа од самата ѕвезда, а дека маглината просто ја отсјајува (во случајот, и од ѕвездата Алкиона).[3] Оваа претпоставка ја потврдил данскиот астроном Ејнар Херцшпрунг во неговите пресметки направени следната година.[4] Во 1922 г. Едвин Хабл воспоставил разлика помеѓу оддавните и отсјајните маглини.[5]

Ваквите маглини обично имаат сина боја поради делотворноста на расејувањето на таа боја; од истата причина небото е сино, а залезот е црвен).

Отсјајните и оддавните маглини заеднички се нарекуваат расеани маглини.

Познати се околу 500 отсјајни маглини. Највпечатливи се оние околу ѕвездите на јатото Плејади. Сина отсјајна маглина може да се забележи на подрачјето околу Триделната Маглина, додека пак црвена отсјајна маглина се среќава околу џиновската ѕвезда Антарес, која е многу црвена (од спектралната класа M1).

Маглините од овој вид може да бидат места на ѕвездообразба.

Закон за сјајноста

Облаци од вселенска прашина во Месје 78.[6]

Во 1922 г. Едвин Хабл го објавил неговото истражување на сјајните маглини. Еден дел од делото се занимава со неговиот закон за сјајноста кај отсјајните маглини, кој ја доведува во врска аголната големина (R) на маглината со привидна величина (m) на нејзината ѕвезда:

5 log(R) = -m + k

каде k е постојано и зависи од чувствителноста на мерењето.

Поврзано

Наводи

Литература

  • James B. Kaler (1997). Cosmic Clouds -- Birth, Death, and Recycling in the Galaxy, Scientific American Library, Freeman, New York, 1997.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица