Договор од Утрехт (1713)

(Пренасочено од Договорот од Утрехт)

Договор од Утрехт — низа мировни договори потпишани во текот на март и април 1713 година во холандскиот град Утрехт. Овие мировни договори се склучени помеѓу разни европски држави, и со нив е завршена Војната за шпанското наследство.

Првото издание на Договорот од Утрехт, 1713, отпечатено на англиски, шпански и латински.

Договорите се склучени помеѓу претставници на Луј XIV од Франција и Филип V од Шпанија од една страна, и претставници на кралицата Ана, на Војводството Савоја и на Холандската Република од друга.

Договорот го потврдил поразот на амбициите на Франција за доминација во Европа, и го вовел европскиот систем заснован на рамнотежа на силите.[1]

Главни одредби

Политичка карта на Западна Европа по мировните договори од Утрехт и Раштат.

Главните одредби на договорот се:

  • Филип V бил признаен за законит крал на Шпанија, со што е прифатен тестаментот на неговиот претходник, Карло II од Шпанија.
  • Филип V писмено се откажал од какви било претензии кон францускиот престол, за себе и за своите наследници.
  • Наследниците на Луј XIV исто така се откажале од претензии кон шпанскиот престол, за себе и за своите наследници.
  • Европските поседи на Шпанија биле поделени: Савоја ја добила Сицилија и делови од Војводството Милано, светиот римски цар Карло VI ја добил шпанска Холандија, Кралството Неапол, Сардинија и поголемиот дел од Војводството Милано.
  • Португалија добила признание на суверенитетот над териториите помеѓу реките Амазон и Ојапок во Бразил. Во 1715 португалците ја повратиле и колонијата Сакраменто во Уругвај.
  • Британците ги добиле Гибралтар и островот Менорка во Средоземјето, како и монопол врз трговијата со робови.
  • Во Северна Америка, Франција ѝ ги отстапила на Британија Рупертова Земја, Њуфаундленд и Акадија.

Биле потпишани и низа трговски договори кои требало да обезбедат слободна трговија помеѓу европските земји и колониите.

По потпишувањето на мировниот договор, Франција останала во војна со Светото Римско Царство до 1714, кога бил потпишан Договорот од Раштат. Шпанија и Португалија останале формално во војна до 1750, кога бил потпишан Договорот од Мадрид, додека Светото Римско Царство и Шпанија склучиле мировен договор во 1720. година. Биле склучени и низа трговски договори помеѓу страните.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица