Дон Баџ

Џон Доналд „Дон“ Баџ (англиски: John Donald "Don" Budge; Оуклeнд, Калифорнија, 13 јуни 1915—Скрантон, Пенсилванија, 26 јануари 2000) бил тенисер на Америка. Баџ е прв тенисер во историјата кој го освоил календарски гренд слем (1938), победувајќи на сите четири најголеми натпреварувања во една година. Тој исто така е рекордер по бројот на узастапно освоени гренд слемови (6). На почетокот на кариерата бил аматер, а подоцна преминал во професионалци. СЕ Пензионирал во 1955 година.

Дон Баx, американски тенисер, Вимблдон сингл шампион за тенис 1937 и 1938 година

Животопис

Баџ е роден 13 јуни 1915 година во Калифорнија. Татко му бил фудбалер. Баџ во младоста бил заинтересиран за други спортови, но набрзо сфатил дека е природно надарен за тенис. Запонал да студира на Калифорнискиот универзитет, но го напуштил за да игра тенис за САД. Тогаш имал само деветнаест години.

Вејќе со 21 година играл на Вимблдон, каде го поразил тогашниот први аматерски играч на светот, Фред Пери. Баџ вејќе следната годин јаа преземал таа титула од Перија, откако станал професионалац. Tаа година, исто така, ја освоил Вимблдон во сите три конкуренции (поединечно, парови и мешани парови) и мѕ ја донел титулата Дејвис куп на тимот САД кога го победил на Готфрид фон Крам од Нацистичка Германија со резултат 3:2.

Следната година, 1938 година, Баџ влегол во тениската историја така што станал прв играч кој ги освоил сите четири гренд слем турнири во една година. До денес, неговиот успех (во машка конкуренција) го обновил само Род Лејвер (1962 и 1969). Баџ во текот на 1937 и 1938 победил во 92 последователени натпревари.

Американскиот тенисер Дон Баџ во Белиот градски тениски клуб во Сиднеј, Австралија

Баџ станал професионалац 1939 година. Во текот на Втора светска војна Служел во воздухопловната единица, каде во една вежба се здобил со повреда на рамото, која засекогаш го спречила да се врати на негово најдобро ниво. Се пензионирал во 1955, а 1964 примен е во Тениската куќа на славни.

Баџовата игра ја карактеризирал моќен сервис и одличен бекхенд. Исто така останал запамтен по исклучително пристојно понашање на терен, без покажување на бес и конфликт со судиите.

Баџ во 1999 возеќи удрил во дрво. Од таа повреде никогаш не се опоравил и умрел аз неколку месеци подоцна, во јануари 2000 година. Имал жена Лоријел и два сина, Дејвид и Џефриј.

Аматерски гренд слем турнири

ИсходГодинаТурнирПротивникРезултат
Пораз1936.Првенство САД Фред Пери6:2, 2:6, 6:8, 6:1, 8:10
Победа1937.Вимблдон Готфрид фон Крам6:3, 6:4, 6:2
Победа1937.Првенство САД Готфрид фон Крам6:1, 7:9, 6:1, 3:6, 6:1
Победа1938.Првенство Австралија Џон Бромвич6:4, 6:2, 6:1
Победа1938.Ролан Гарос Родерих Мензел6:3, 6:2, 6:4
Победа1938.Вимблдон Бани Остин6:1, 6:0, 6:3
Победа1938.Првенство САД Еуген Мако6:3, 6:8, 6:2, 6:1

Професионални гренд слем турнири — поединечно (4:4)

ИсходГодинаТурнирПротивникРезултат
Победа1939.Професионално првенство Франција Елсворт Вајнс6:2, 7:5, 6:3
Победа1939.Вембли Ханс Нислајн13:11, 2:6, 6:4
Победа1940.Професионално првенство САД Фред Пери6:3, 5:7, 6:4, 6:3
Победа1942.Професионално првенство САД Боби Ригз6:2, 6:2, 6:2
Пораз1946.Професионално првенство САД Боби Ригз3:6, 1:6, 1:6
Пораз1947.Професионално првенство САД Боби Ригз6:3, 3:6, 8:10, 6:4, 3:6
Пораз1949.Професионално првенство САД Боби Ригз7:9, 6:3, 3:6, 5:7
Пораз1953.Професионално првенство САД Панчо Гонсалес6:4, 4:6, 5:7, 2:6
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица