Дора Мар

Дора Мар (родена како: Хенрите Теодора Марковиќ, 22 ноември 1907Париз, 16 јули 1997 ) била француска сликарка, фотограф и поет. Позната е како сопруга на Пикасо и е прикажана на многу портрети во текот на нивната љубовна врска во 1930-те години. Покрај тоа, Дора Мар е позната по бројните портрети на Пабло Пикасо за време кога ја насликал својата позната Герника.

Плоштад Лоран-Праш, Париз 30 јануари 2016 година

Животопис

Дора Мар (Теодора Марковиќ) била ќерка на познатиот хрватски архитект Јосип Марковиќ кој ги изградил сите населби во Буенос Аирес. Архитектот Марковиќ се оженил со французинката Лујза Исевоазан на 31 март 1903 година во црквата Св. Јура на Трсат.

Дора Мар почнала со студиите за сликарство во Париз во 1927 година, но за брзо се префрлила на студиите за фотографии на École de Photographie de la Ville de Paris. Во следните неколку години се потврдила како одличен портретист на истакнати надреалисти; Андре Бретон, Мен Реј, Пол Елијар..., но и како уметник на добри фото монтажи, портрети, актови, пејзажи, модни и рекламни фотографии и улични сцени во Париз, Лондон и Барселона.

Со Пабло Пикасо, Дора се запознала во јануари во 1936 година (кога имала 29 години) на терасата на Les Deux Magots, била во друштво со поетот Пол Елијар, а со својата убавина го фасцинирала Пикасо. Станале љубавници. Нивната врска траела девет години.

Пикасо насликал бројни портрети од Дора. После нивното раскинување во 1945 година таа доживеала емоционален слом и долго се опоравувала. Напишала поезија и сликала апстрактни пејзажи на јужна Франција, а повремено се занимавала со фотографирање.

Вреди да се спомне дека еден портрет од Дора Мар кој го насликал Пикасо е украден од една саудиска јахта во Антиб помеѓу 7 и 11 март во 1999 година.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица