Дунав

река во Европа
45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД / 45.21750; 29.76139

Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.

Дунав
Donau, Dunaj, Dunărea, Donava, Duna, Дунав, Dunav, Дунáй, Dunay
Река
Дунав во Виена
ЗемјиГерманија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија, Украина, Романија
ГрадовиУлм, Инголштат, Регенсбург, Линц, Виена, Братислава, Ѓер, Будимпешта, Вуковар, Нови Сад, Белград, Русе, Дробета Турну-Северин, Орсова, Браила, Галати
Главен изворБрег
 - местоМартинскапеле, Шварцвалд, Германија
 - височина1.078 м
 - должина
 - координати48°05′44″N 08°09′18″E / 48.09556° СГШ; 8.15500° ИГД / 48.09556; 8.15500
Спореден изворБригах
 - местоположбаСанкт Георген, Шварцвалд, Германија
 - височина940 м
 - должина
 - координати48°06′24″N 08°16′51″E / 48.10667° СГШ; 8.28083° ИГД / 48.10667; 8.28083
Влив на изворите
 - местоположбаДонауешинген
 - координати47°57′03″N 08°31′13″E / 47.95083° СГШ; 8.52028° ИГД / 47.95083; 8.52028
УтокаДелта на Дунав
 - координати45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД / 45.21750; 29.76139
Должина2.860 км
Слив817.000 км2
Истекво пред делтата
 - просечен6.500 м3
Истек на др. места (просечен)
 - Пасау580 м3
30км пред градот
 - Виена1.900 м3
 - Будимпешта2.350 м3
 - Белград4.000 м3
Карта на реката Дунав
Карта на реката Дунав
Карта на реката Дунав

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина.Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

Историја

Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.

Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.

Притоки

Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.

Сообраќај

Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.

Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:

Културно значење

Дунав како тема во уметноста и во популарната култура

Некои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Дунав, како на пример:

  • „Дунав“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[1]
  • „Големиот господин Дунав“ (Велики господин Дунав) - песна на српскиот поет Васко Попа.[2]
  • „Ивчистил се бел Дунав избистрил се“ - македонска народна песна.[3]
  • „Рано ранила Петкана“ - македонска народна песна.[4]
  • „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau) - валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица