Тиса (река)

река во Европа
45°8′17″N 20°16′39″E / 45.13806° СГШ; 20.27750° ИГД / 45.13806; 20.27750

Тиса (српски, украински и русински: Тиса; унгарски: Tisza; романски и словачки: Tisa) — една од главните реки во Средна Европа. Извира во Украина и настанува кај Рахов како спој од Бела Тиса, (од планината Чорногора) и Црна Тиса, (од Горгањ). Тече долж границата со Романија, па влегува во Унгарија кај Тисабеч и излегува од земјата кај Сегед. Според преданијата, хунскиот водач Атила е закопан под пренасочен ракав на Тиса.

Тиса
Tisza, Tisa
Река
Тиса во Сегед, Унгарија
ЗемјиУкраина, Романија, Унгарија, Словачка, Србија
Притоки
 - левиСомеш, Киреш, Муреш
 - десниБодрог
ГрадовиСигету Мармацјеј, Хуст, Солнок, Сегед, Бечеј
Извор
 - местоИсточни Карпати, Украина
 - височина2.020 м
 - координати48°4′29″N 24°14′40″E / 48.07472° СГШ; 24.24444° ИГД / 48.07472; 24.24444
УтокаДунав
 - местоположбанизводно од Нови Сад, Србија
 - координати45°8′17″N 20°16′39″E / 45.13806° СГШ; 20.27750° ИГД / 45.13806; 20.27750 [1]
Должина965 км
Слив156.087 км2
Истекво устието
 - просечен792 м3
Тиса (река) во рамките на Романија
извор
утока
Изворот и утоката на Тиса
Тиса и Бодрог кај Токај од горе

По Сегед, реката влегува во Војводина и се влева во Дунав кај селото Нови Сланкамен, образувајќи ја границата помеѓу Банат и Бачка. Оди во кратки потези и долж унгарско-украинската и унгарско-српската граница.

Сливот на Тиса зафаќа површина од 156.087 км2,[2] и долг 965 км — најголем од сите притоки на Дунав.[2] Има среден годишен истек од 792 м³/с, и со тоа учествува со 13% од дунавскиот слив.[2]

Уредување на коритото

Некогаш Тиса течела во Унгарија цели 1.419 км, во голем дел низ Големата Унгарска Низина — една од најголемите рамници во Европа. Бидејќи реките во рамничарски предели течат мошне бавно, Тиса имала доста кривини, што редовно доведувало до поплави во поречието.

По неколку помали обиди, унгарскиот државник Иштван Сечењи го покренал уредувањето на коритото на Тиса, кое траело од 1846 до 1880 г. Со ова должината на течението во Унгарија се намалило на 966 км, покрај каналите и ракавите што играат регулативна улога.

Уреденото корито претставува еден од најголемите систми за заштита од поплави на континентот — поголем од оној на Холандија, коритото на По и Долината на Лоара.

Пловност

Тиса е пловна во голем дел од течението, но Унгарија не дозволувала сообраќај на странски пловила сè до стапувањето во ЕУ. Реката не е пловна при суша или кога е поплавена.[3]

Поважни притоки

Поважни притоки на Тиса се:

Градови

Тиса тече низ следниве земји и градови (по низводен редослед):

Поврзано

Наводи

  • Administrația Națională Apelor Române – Cadastrul Apelor – București
  • Institutul de Meteorologie și Hidrologie – Rîurile României – București 1971

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица