Едвард VII

Едвард VII (англиски: Edward VII) бил крал на Велика Британија и Ирска, император на Индија (1901-1910), прв крал од династија Сакс-Кобург-Гота, која подоцна била преименувана како Виндзорска династија.

Едвард VII
Edward VII
Портрет
Крал на Обединетото Кралство, Император на Индија
(повеќе...)
На престол22 јануари 1901 – 6 мај 1910
Крунисување9 август 1902
ПретходникКралица Викторија
НаследникЏорџ V
Почивалиште20 мај 1910
Виндзорска палата
СопругаАлександеа Данска
ДецаПринц Алберт Виктор
Џорџ V
Луиза
Принцеза Викторија
Maud, Queen of Norway
Принц Александар Велшки
Полно име
Алберт Едвард
ДинастијаДинастија Сакс-Кобург-Гота
ТаткоАлберт фон Сакс-Кобург-Гота
МајкаКралица Викторија
ПотписЕдвард VII Edward VII's signature

Едвард бил син на кралица Викторија и принцот Алберт фон Сакс-Кобург-Гота. Поради фактот што неговата мајка долго време се задржила на престолот, тој за крал бил прогласен кога имал 59 години, кое пак означува дека тој најдолго се задржал на функцијата Принц на Велс од сите други британски монарси.[1] Денот на неговото крунисување било одложено поради тоа што тој добил апендицит, па морал да оди на операција. Неговата политика довела до создавање на пријателски односи со Франција и Русија. Тој одиграл голема улога при создавањето на Антантата. Тој бил првиот британски монарх кој ја посетил Русија.

Неговото управување, аналогно на неговата мајка, се познати како Едвардска ера. Со исклучок на Бурските војни (1899-1902), кои биле започнати во времето на неговата мајка, тој водел мирна политика. Големиот број на патувања надвор од границите на островот, на кралот Едвард го претвориле во еден од најпочитуваните водачи во светот. Голем дел од европските владетели му биле роднини, кое дополнително му дозволувало да води успешна надворешна политика. Често бил нарекуван Чичко на Европа.

Наводи


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица