Екваторски прстен

Екваторскиот прстенастрономски инструмент кој бил користен во хеленистичкиот свет за да се одреди точниот момент на пролетната и есенската рамноденица. Екваторските прстени биле поставени пред храмовите во Александрија, во Родос, а можеби и на други места, за календарски цели.

Екваторијален прстен.

Најлесен начин да се разбере употребата на екваторскиот прстен е да се замисли прстен поставен вертикално во рамнината исток-запад на екваторот на Земјата. Во времето на рамнодениците, Сонцето ќе изгрее точно на исток, ќе се движи низ зенитот и ќе зајде точно на запад. Во текот на денот, долната половина од прстенот ќе биде во сенката што ја фрла горната половина на прстенот. Во другите денови од годината, Сонцето поминува на север или југ од прстенот и ќе ја осветли долната половина. За географски широчини подалеку од екватор, прстенот треба само да се постави под правилен агол во екваторската рамнина. На половите на Земјата, прстенот би бил хоризонтален.

Екваторскиот прстен бил со пречник од околу еден до два лакти (45-90 см). Бидејќи Сонцето не е точкаст извор на светлина, ширината на сенката на долната половина од прстенот е малку помала од ширината на прстенот. Со чекање додека сенката не се центрира на прстенот, времето на рамноденицата може да се одреди за околу еден час. Ако рамноденицата се случила ноќе, или ако небото е облачно, може да се направи интерполација помеѓу мерењата во два дена.

Главниот недостаток на екваторскиот прстен е тоа што требал да се усогласува многу прецизно или може да се појават лажни мерења. Птоломеј споменува во Алмагест дека еден од екваторските прстени што биле користени во Александрија бил малку поместен, што значело дека инструментот покажал дека рамноденицата се случува двапати во ист ден. Лажни отчитувања може да се добијат и со атмосферско прекршување на Сонцето кога тоа е блиску до хоризонтот.

Екваторските прстени може да се најдат и на обрачните сфери и екваторските сончеви часовници.

Поврзано

Наводи

  • Антон Панекоек, (1989), A History of Astronomy, страница 124. Courier Dover Publications
  • Џејмс Еванс, (1998), The History and Practice of Ancient Astronomy, страници 206-207. Oxford University Press.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица