Есен

годишно време
Годишни времиња
Умерени
Пролет
Лето
Есен
Зима
Тропски
Сува
сезона
Свежа
Топла
Дождовна сезона

Есен — едно од четирите умерени годишни времиња, преодот од лето кон зима.

Во умерените климатски појаси, есента е сезоната кога највеќето култури се берат, а листопадните дрва ги губат лисјата. Ова е и сезоната кога деновите набргу стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.

Есенска шума, Италија

Дефиниции

Астрономски, некои западни земји сметаат дека есента почнува со септемвриската рамнодненица (околу 23 септември) на северната полутопка, и мартовската рамноденица (21 март) на јужната полутопка, завршувајќи со декемвриската сончева пресвртница (околу 21 декември) на северната полутопка и јунската сончева пресвртница (21 јуни) на јужната. Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента во се вбројува цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август).

Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен сет април и мај на јужната, и септември, октовмри и ноември на северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (северна полутопка) или март (јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.

Есента обично го означува почетокот на школската година, бидејќи таа започнува рано во септември или март. Било која од овие дефиниции не е без мана бидејќи тие претполагаат дека годишните времиња се еднакво долги, и започнуваат и завршуваат во исто време ширум умерените зони на обете полутопки.

Есента како тема во уметноста и во популарната култура

Есента често се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура.

Есента како тема во книжевноста

  • „Есенски предели“ (српски: Јесењи предјели) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.[1]
  • „Есента, четириесет и првата“ - песна на руската поетеса Олга Бергхолц од 1941 година.[2]
  • „Есенска песна“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[3][4]
  • „Липа и есен“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
  • „Есенско расположение“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
  • „Есен“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[7]
  • „Есен (масло)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.[8]
  • „Есен (акварел)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1965 година.[8]
  • „Есенска слика“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[9]
  • „Зимата се ближи“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[10]
  • „Доцна есен“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[11]
  • „Есен“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.[12]
  • „Перчинот на есента“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[13]
  • „Есен“ (српски: Јесен) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[14]
  • „Есенско утро“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[15]
  • „Почеток на есента“ — песна на Блаже Конески.[16]
  • „Зов“ — песна на Блаже Конески.[17]
  • „Шум“ — песна на Блаже Конески.[18]
  • „Есен“ - песна на рускиот поет Станислав Красовицки.[19]
  • „Есенска песна“ (хрватски: Jesenja pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[20]
  • „Есенска тажаленка“ (француски: Plainte d'Automne) - песна во проза на францускиот поет Стефан Маларме.[21]
  • „Есенска вечер“ (хрватски: Jesenje veče) - песна на Антун Густав Матош.[22]
  • „Во есен по есенски“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[23]
  • „Есенски ден“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини од 1944 година.[24]
  • „Есен (пет песни)“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1916-1918 година.[25]
  • „Златна есен“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1958 година.[26]
  • „Есен“ (Јесен) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[27]
  • „Есенска за нас двајцата“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[28]
  • „Есен“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[29]
  • „Доцна есен во Венеција“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[30]
  • „Крајот на есента“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[31]
  • „Есенска вечер“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[32]
  • „Есен во Чешка“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1937 година.[33]
  • „Се ближи есента“ - песна од истоимената збирка на полскиот поет Јежи Харасимович.[34]
  • „Есен“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[35]

Есента како тема во популарната музика

  • „Есенска роза“ - песна на македонската поп група, „Македонија“.
  • „Есента во мене“ (Jesen u meni) - песна на хрватската група „Парни валјак“.[36]
  • „Есен“ (Jesen) - песна на српската рок-група „Катарина II“.[37]
  • „Есенско дете“ (Autumn's Child) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[38]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на Ерик Клептон од 2010 година.[39]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот рапер Крис Браун од 2015 година.[40]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот пејач Нет Кинг Коул.[41]

Есента како тема во филмот

Есента како тема во сликарството

  • „Есен“ (Jesen) - слика на хрватскиот уметник Златко Шулентиќ од 1921 година.[44]

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица