Желудочен сок

Желудочен сок или желудочна киселинатечност која се лачи во желудникот и учествува во процесот на варење на храната. Човекот во текот на 24часа лачи од 1 до 1,5 литри желудочен сок, а количеството зависи од количеството на храната и нејзиниот состав. Чистиот желудочен сок е безбоен и е многу кисел.[1]

Состав и функции на желудочниот сок

Најважни неоргански состојки во жулудочниот сок се солната (хлороводородна) киселина и хлоридите, а од органските материи тоа се муцинот и ензимите. Солната киселина во желудочниот сок е од 0,5 до 0,6% и е слободна или врзана со белковини. Има повеќе функции во желудникот меѓу кои најважни се:

  • Растворање на многу нерастворливи соли, особено оние на калциум и железо.
  • Ги набабрува потпорните белковини, особено колагенот, а другите ги преобразува
  • Го преобразува пепсиногенот во пепсин
  • Дејствува бактериоцидно на храната, па така храната која оди во цетовото е речиси стерилна.

Ензими во желудочниот сок

Регулирање на лачењето на желудечниот сок

Кај човекот, меѓу оброците, кога желудникот е празен има мало количество желудочен сон. Лачењето на желудечниот сок има 3 фази: орална, желудочна и цревна фаза. Кај човекот е регистрирана и психичка или рефлексна фаза во лачењето на желудечниот сок.

  • Оралната фаза покажува дека желудочниот сок почнува да се создава во моментот додека храната е во усна празнина. Mеханизмот на ваквото лачење е следниот: внесената храна во усна парзнина и дразбите се пренесуваат до центрите во централниот нервен систем, а оттаму преку аферентните желудочни жлезди да лачат желудочен сок.
  • Желудочната фаза е продолжените на оралната фаза. Но, таа може да се јави и без активна орална фаза. Во оваа фаза има механички и хемиски дразби. Така, при внесување сплескан гумен балон (механичка дразба) во желудникот се излачува желудочен сок. Пример за хемискитe дразби се алкохолот и зачините. За разлика од нив, мастите го спречуваат лачењето на желудочниот сок.
  • Цревната фаза се јавува кога храната е во дванаесетпалечно црево. Желудникот, како и другите делови на системот за варење, имаат двоја инервација: од симпатетикус и од парасимпатетикусот. Симатикусните дразби дејстуваат инхибиторно, а прасимапатичните - стимулативно врз лачењето на желудочниот сок.[3]

Лачеењто на желудочниот сок е регулирано и со одредени хормони. Така се знае дека ткивниот хормон гастрин, што се создава во желудникот, го поттикнува излачувањето на желудечниот сок. Влијание врз излачувањето на желудечниот сок има и мозочната кора. Така, мирисот или гладењето на убава храна, како дразба се прима преку рецепторите и се пренесува до центрите во мозочната кора, а тоа резултира со создавање желудочен сок. Психичкото лачење на желудчен сок започнува само со помислата на некое вкусно јадење.[4]

Врз составот и лачењето на желудечниот сок свое влијание има и составот на јадењето. Така, се знае дека месото, лебот и млекото различно го поттикнуваат лачењето на желудечниот сок. Имено, најмногу поттикнува месото, помалку лебот а најмалку млекото.[5]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица