Живина

Живина — класа на домашни птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките) и гусколиките (водни птици како патките и гуските).

Патки меѓу друга живина

Видови на живина

ПтицаИсхранаДив предокПрипитомувањеУпотреба
кокошкасемиња, инсекти, растенијадива кокошкаКина, ц. 3000 п.н.е.месо, јајца
паткасемиња, инсекти, растенијаразниразнимесо, пердуви, јајца
гускасемиња, инсекти, растенијаразниразнимесо, пердуви, јајца
нојинсекти, растенија, семињадив нојАфрикамесо, пердуви, работна сила
мисиркасемиња, инсекти, растенијадива мисиркаМексикомесо

Исечоци од живината

Разни исечоци од кокошка

Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени добатак и батак.

Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се приспособени на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.

Живината во Македонија

Живинарството е значајна сточарска гранка во Македонија. Во 2019 г. во земјата имало вкупно 1.562.089 единки. Целосниот преглед на бројната состојба на живината во Македонија во периодот од 2000 до 2019 г. е следниов:[1]

Бројност на живината во Македонија од 2000 до 2019 г.
Година2000200120022003200420052006200720082009
Единки3.713.3692.749.6372.900.9662.417.3622.725.2982.617.0122.585.3272.263.8942.226.0552.117.889
Година2010201120122013201420152016201720182019
Единки1.994.8521.944.2601.776.2972.201.5501.939.8791.761.1451.865.7691.840.1731.828.2871.562.089

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица