Живиње

село во Општина Куманово

Живиње — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Живиње
Живиње во рамките на Македонија
Живиње
Местоположба на Живиње во Македонија
Живиње на карта

Карта

Координати 41°58′45″N 21°48′32″E / 41.97917° СГШ; 21.80889° ИГД / 41.97917; 21.80889
ОпштинаКуманово
Население19 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО17038
Живиње на општинската карта

Атарот на Живиње во рамките на општината
Живиње на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на падините на Градиштанска Планина, оддалечено 30 километри јужно од Куманово.

Историја

Подрачјето на Живиње е населено уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од месноста Островица на 5 км североисточно од селото.[2]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948501—    
1953473−5.6%
1961392−17.1%
1971253−35.5%
1981126−50.2%
ГодинаНас.±%
199171−43.7%
199456−21.1%
200246−17.9%
202119−58.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Живиње живееле 275 жители.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Живиње имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 46 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население27532050147339225312671564619
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Живиње е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Пурчевци (3 к.), Андевци (1 к.) и Кралевци (1 к.) најстари родови во селото, основачи на денешното село. Предците им се доселиле однекаде. Од овие родови има многу иселеници; Спасевци (20 к.) доселени се пред околу 200 години од селото Џумајлија во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Ѓоше (жив на 37 г. во 1971 година) Трпче-Милан-Велко-Орде-Спасен, кој се доселил во селото; Спасевци (6 к.) доселени се од соседното сега албанско село Д’лга. Го знаат следното родословие: Дане (жив на 75 г. во 1971 година) Јосе-Китан-Спасо, кој се доселил. Спасо имал пет синови Китан, Наско,Тодор, Трајко и Јанко; Кутлевци (3 к.) доселени се во XIX век од селото Кутлибег; Илијевци (3 к.) доселени се исто така во XIX век, но не знаат од каде; Шопје (1 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Луке во Кривопаланечко.[11]

Општествени установи

Цркви

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настани

Личности

Родени
  • Панзо Соколов (? - по 1949) — македонски револуционер, дееец на ВМОРО
Починати

Култура и спорт

Иселеништво

Порано во селото постоел родот Латини. Они се иселиле од селото во турско време. Биле доселени од некое село во Карадак (западно од Куманово). Од старите иселеници во Куманово потекнувал Лазар Соколов.

До 1949-50 во селото имало 70 куќи. Меѓутоа потоа населението почнало да се иселува од селото. Населението се иселило во Куманово (20 семејства), Свети Николе (15 семејства), и во селата ’Ржаничино (5 семејства), Јурумлери (5 семејства) и во Идризово (3 семејства). Во селото Вакв се иселени Здравкови.

Од селото помеѓу себе едни роднини повлекувале други. Па така во селото останале само најстарите и изнемоштени лица.[11]

Занимливости

Во Бретања, северозападна Франција, има населено место со име Живиње (француски: Juvigné). Во 2014 г. имало население од 1.476 жители.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица