Општина Куманово

Општина Кумановоопштина во североисточниот дел на Република Македонија. Административно средиште е градот Куманово. Проширена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога кон општината се припоиле општините Орашац и Клечевце.

Општина Куманово
Општина
Зградата на општината во 2022 година
Зградата на општината во 2022 година
Знаме на Општина КумановоГрб на Општина Куманово
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеКуманово
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникМаксим Димитриевски
Површина
 • Вкупна509,48 км2 (196,71 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно98.104
 • Густина190/км2 (500/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKU
Мреж. местоkumanovo.gov.mk

Географија

Оваа општина се наоѓа во Североисточниот Регион во состав на Република Македонија, источно од главниот град Скопје, западно од Крива Паланка, и се простира до границата со Србија.

Населени места

Карта на Општина Куманово со селските атари.

Општина Куманово содржи вкупно 46 села и населени места, т.е.[2] градот Куманово и селата: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак'в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен.


Демографија

Демографска карта на општина Куманово со селските атари.
ВероисповедВкупно
православни72.270
муслимани31.759
католици108
протестанти13
останати1.916

Податоци од пописот извршен 2002 година[3]

Населено местоВкупноМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациДруги
ОПШТИНА КУМАНОВО10320561495272902924256147903520670
Агино село965949----13-3
Бедиње23271451547-156-164-9
Бељаковце6464-------
Биљановце12311195----32-4
Брзак10488----16--
Вакав108108-------
Винце9090-------
Габреш7170----1--
Градиште192189----3--
Живиње4646-------
Зубовце5757-------
Горно Коњаре1136565255---314-2
Д’лга---------
Доброшане16551571--24391713
Довезенце123123-------
Долно Коњаре128666991-2-516-8
Јачинце106106-------
Карабичане435----37-1
Клечевце573555----17--
Кокошиње4544----1--
Колицко8683----3--
Косматац4141-------
Кутлибег1313-------
Кучкарево105105-------
К’шање4848-------
Куманово7627247744182782564056108523014586
Лопате24484781886---80-4
Љубодраг686440----243-3
Мургаш6362----1--
Новосељане4646-------
Ново Село27470----204--
Орашац387387-------
Пезово5353-------
Проевце23112218--18-73-2
Пчиња793789----4--
Режановце70566111--42--
Речица557110----445-1
Романовце2794716202835--6-9
Скачковце160159----1--
Сопот3182306---613
Студена Бара344343----1--
Сушево3431---30--
Табановце910205177---516-12
Тромеѓа1298692----604-2
Умин Дол442214----226-2
Черкези374123719----416
Четирце24934----215--
Шупли Камен8180----1--

Самоуправа и политика

Градоначалници

Градоначалник на општина Куманово е Максим Димитриевски од редовите на За наше Куманово. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Куманово е составен од 33 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  СДСМ: 10 места
  За наше Куманово: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места
  ДУИ: 4 места
  АА: 2 места
  Беса: 1 место
  Левица 1 место

Седиште на Општина Куманово

Поранешното седиште на општината била во зграда во т.н. Касапски круг.[5]

Денешното седиште на Општина Куманово се наоѓа во средиштето на Куманово, на улица „11 Октомври“ б.б.[6]

Буџет

На крајот од 2019 година, 218 лица биле вработени во општинската администрација на Општина Куманово. Во 2019 година, вкупните буџетски расходи на општината изнесувале 1,654 милијарди денари. Во вкупните буџетски расходи, 55,15% биле тековни расходи, 26,13% биле трошоци за стоки и услуги, 12,66% биле капитални расходи и 5,91% други расходи. Од вкупните буџетски приходи на општината, дури 70,33% отпаѓале на трансферите од централната власт, учеството на даночните приходи изнесувало 11,59%, 15,31% отпаѓало на неданочните приходи, 1,66% биле приходи од продажба на земјиште и 0,87% приходи од донации. Поради наталожените неплатени обврски, од 2013 година, општината работела со блокирана сметка во подолг временски период, а нејзината сметка била деблокирана дури во март 2020 година.[7]


Културни и природни знаменитости

Во околината на Куманово се наоѓа познатата неолитска опсерваторија Кокино, која од НАСА е рангирана помеѓу најстарите четири во светот.

Култура и спорт

Во Куманово постојат спортски клубови кои можат да се пофалат со своите спортски достигнувања.Најпознат клуб во куманово сега за сега,2013 година,е Кошаркарскиот клуб.Клубот се натпреварува во првата Супер лига на Македонија и во Балканската БИБЛ лига.За големите успеси се заслужни и неколку навивачки групи од кои најпозната е КУМАНИ која е оформена во 1990 година.Секогаш е како играч плус во сите спортови во градот.

Ракометниот клуб-мажи, исто така се натпреварува во првата Македонска лига,кој со млади играчи се наоѓа во транзиција

Боксерскиот клуб на Куманово е клуб со најмногу трофеи во градот.Моментално клубот не постои,но ветрините ги красат неколку пехари од освоениот златен гонг на Македонија.Од освоени трофеи може да се пофалиме и со бронзената медаља од олимпијадата во Монтреа на нашиот најзаслужен спортист по кој се распознава градот,а тоа е Аце Русевски.Исто така и Реџеповски кој го освои второто место на Европското првенство и бронза на олимпијада.Витрините се закитени и со трофеи од сите турнири во бивша Југославија.

Фудбалскиот клуб Куманово не постои но и Куманово има Приватен Фудбалски клуб Башкими кој се натпреварува во првата Македонска лига со една титула Првак на Македонија и една куп на Македонија.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица