Збогум, Ленин!

Збогум, Ленин! - германски филм од 2003 година, жанровски одреден како трагикомедија. Филмот е во режија на Волфганг Бекер, а главните улоги ги толкуваат Даниел Брил, Катрин Сас, Кулпан Хаматова и Марија Симон. Повеќето сцени биле снимени на булеварот „Карл Маркс“ во Берлин,околу Платенбау и Александарплац.

„Збогум, Ленин!“
Податотека:Good Bye Lenin.jpg
Премиера2003
Времетраење121 минута
Јазикгермански
Буџет4,8 милиони евра
Бруто заработка79.384.880 долари

Заплет

Во пролог, Алекс Кернер (Даниел Брил) заедно со неговите сонародници биле горди кога првиот човек од Источна Германија, Сигмунд Јен заминал во вселената. Остатокот од филмот се одвива во Источен Берлин. Алекс живее со својата сестра Аријан, мајката Кристијане и малата ќерка на Аријан, Пол. Нивниот татко избегал на Запад во 1978 година и го напуштил семејството. Во негово отсуство, Кристијан станува екстремен идеалист и ја поддржува владејачката Партија на социјалистичкото единство на Германија. Алекс учествува во анти-владините демонстрации, каде што случајно се сретнува со девојка, но е разделен од полицијата пред да се запознаат. Кристијана случајно поминува и кога гледа дека нејзиниот син е уапсен доживува срцев удар и паѓа во кома. Полицијата не му дозволува на Александар да и помогне на мајка си и го приведува, но подоцна тој е пуштен и оди во болница за да ја посети. Додека е во посета на својата мајка, Алекс повторно ја среќава девојката од демонстрациите и дознава дека се вика Лара. Таа е млада медицинска сестра од Советскиот Сојуз, која моментално се грижи за неговата мајка. Алекс е фасциниран од неа. Во кратко време тие почнуваат да се гледаат и стануваат многу блиски. Набрзо после тоа се случува падот на берлинскиот ѕид. Капитализмот навлегува во Источен Берлин и Алекс го губи работното место.

Награди

Филмот добил награда од страна на БАФТА, номиниран како најдобар филм во неанглиско говорно подрачје, како и најдобар европски филм од страна на Златен глобус. Исто така се закитил и со наградата за најдобар филм од Европската унија.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица