Здравко Кузмановиќ

Здравко Кузмановиќ (роден на 22 септември 1987 година) е српски фудбалер кој настапува како дефанзивен или централен играч за врска. Последен пат настапувал за екипата на ФК Базел.[1] Тој ја претставувал репрезентацијта на Србија на Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Здравко Кузмановиќ во 2012 година

Почетокот на животот

Здравко Кузмановиќ е роден во Тун, Швајцарија во семејство на босански Срби иселеници (неговиот татко потекнувал од едно мало село наречено Скугриќ во близината на градот Модрича, Босна и Херцеговина, СФР Југославија). Кузмановиќ ја продолжил семејната традиција бидејќи и неговиот татко Љубо и неговиот дедо се занимавале со фудбал. Татко му настапувал за нисколигашки клубови во Босна и Херцеговина како што бил ФК Звијезда од Градачац, каде ја започнал својата фудбалска кариера.[2] Љубо, таткото на Кузмановиќ, настапувал професионално во Берлин, а пред да ја заврши кариерата настапувал во екипата на ФК Тун од Швајцарија. Подоцна тој останал таму и да живее.

Клупска кариера

Базел

Здравко Кузмановиќ ја започнал својата професионална кариера во екипата на Базел, а претходно пред да се пресели во Базел бил во академијата на Диренаст и на екипата на Јанг Бојс. Бил промовиран во првиот тим во сезоната 2005-06, а настапувал и за Базел II. Во 1 Лига истата таа сезона Кузмановиќ ги постигнал своите први голови за составот на Базел и тоа во второто коло од Купот на Швајцарија, во победата од 6:1 над составот на БСЦ Олд Бојс.[3] Кузмановиќ подоцна постигнал уште два гола во сезоната. По неговиот добар настап, тој бил пријавен од УЕФА како еден од најталентираните млади играчи во Европа и бил награден со швајцарската награда Златен играч за сезоната во 2006 година.

Сезоната 2006–07 започнала добро за Кузмановиќ. Тој се наметнал во првиот тим и го постигнал својот прв лигашки гол во сезоната на 13 август 2006 година, во победата од 4:1 над екипата на Тун.[4] До првата половина од сезоната 2006-07, Кузмановиќ имал одиграно дваесет и осум натпревари и постигнато пет гола во сите типови на натпреварувања.

Фиорентина

На почетокот на 2007 година, екипата на Палермо му пристапила на Кузмановиќ, и запонала преговори но истите со популарните Розови одеднаш прекинале. На 30 јануари 2007 година, на 19-годишна возраст, тој потпишал договор со важност од 4 години и половина со екипата на АЦФ Фиорентина, веднаш откако дознал дека нејзиниот играч од средниот ред Марко Донадел ќе отсуствувал од терените околу два месеци поради повреда на потколеницата.[5] Овој потег станал контроверзен откако претседателот на екипата на Палермо, Маурицио Зампарини и спортскиот директор Рино Фоши ја обвиниле екипата на Фиорентина за „недолично однесување“ опишувајќи го нивниот фудбалски директор Панталео Корвино со терминот „шакал“.[6] Како одговор на сето тоа, Корвино изјавил „подобро шакал отколку пилешко месо“ пред да ја потврди исправноста на своите постапки.[7] Во интервју за официјалната веб-страница на клубот една години подоцна, Здравко Кузмановиќ објаснил како всушност пропаднал неговиот трансфер во екипата на Палермо.[8]

Здравко Кузмановиќ во Фиорентина

Откако бил на резервната клупа на поголемиот дел од натпреварите, тој го одиграл својот прв натпревар во Серија А за екипата на Фиорентина на 4 март 2007 година во победата од 5:1 против составот на Торино.[9] Во првата половина од сезоната во Фиорентина, Кузмановиќ одиграл уште само три натпревари.

Во својата прва целосна сезона во екипата на Фиорентина, Кузмановиќ успеал да се наметне во првиот тим, а потоа на 17 февруари 2008 година го постигнал својот прв гол за клубот против составот на Катанија.[10] Во нокаут фазата од сезоната во Купот на УЕФА и тоа на првиот натпревар од четвртфиналето против составот на Евертон, Кузмановиќ го постигнал својот прв европски гол во победата од 2:0.[11] На возвратниот натпревар екипата на Евертон успеала да го израмни резултатот од првиот натпревар и победила со резултат од 2:0. Натпреварот заминал во продолженија, а по нив и во пенал серијата. Екипата на Фиорентина успеала да победи со резултат од 4:2.[12] Здравко Кузмановиќ ја завршил сезоната 2007-08 со 48 одиграни натпревари и постигнати два гола во сите видови на натпреварувања.

Наредната сезона, на 14 октомври 2008 година, Кузмановиќ потпишал нов договор со клубот во кој стоело дека ќе биде задржан до 2013 година.[13] Кузмановиќ ја завршил сезоната 2008-09, со вкупно четириесет и еден одигран натпревар и два постигнати голови во сите натпреварувања.

За време на неговиот престој во клубот, тој станал интегрален и незаменлив првотимец на Фиорентина, одигрувајќи над 70 натпревари во Серија А и настапувајќи на успешните клупските европски натпреварувања.

Штутгарт

На 31 август 2009 година на крајниот рок за трансфер, Кузмановиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Штутгарт вреден 7 милиони фунти.[14][15]

На 12 септември 2009 година, тој го одиграл својот прв натпревар за составот на Штутгарт, играјќи само 22 минути, во поразот со резултат од 3:1 од екипата на Хамбург.[16] Кузмановиќ, својот прв натпревар во Лигата на шампионите за екипата на Штутгарт го имал на 20 октомври 2009 година во поразот од 1:3 на домашен терен од екипата на Севиља.[17] Својот прв гол во Лигата на шампионите го постигнал на 2 ноември 2009 година на возвратниот натпревар кога составот на Севиља и екипата на Штутгарт одиграле нерешено со резултат од 1:1.[18] Не многу подоцна, на 21 ноември 2009 година, Кузмановиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Штутгарт во нерешениот натпревар од 1:1 против составот на Херта. На истиот тој натпревар, Кузмановиќ бил исклучен од игра.[19] Здравко Кузмановиќ се наметнал во стартните единаесет играчи, преземајќи му го првото тимско место на соиграчот Томас Хицлчпергер.[20] До крајот на сезоната тој одиграл вкупно 34 натпревари и постигнал 5 голови и покрај здобиената повреда.[21]

Кузмановиќ се загрева за време на тренинг во екипата на ВфБ Штутгарт во месец август 2010 година.

Здравко Кузмановиќ успеал да го врати своето првотимско место и добро да ја започне сезоната 2010-11 кога го постигнал својот прв гол на 18 септември 2010 година, во победата од дури 7:0 над составот на Борусија од Менхенгладбах.[22] Настапот на Кузмановиќ набрзо привлекол интерес од Клубови од Серија А, но тој ги отфрлил гласините за напуштање на екипата на Штутгарт, инсистирајќи дека е среќен што останува во Штутгарт.[23] На возвратниот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа против екипата на Бенфика, Кузмановиќ добил директен црвен картон во судиското надополнување. Екипата на Штутгард и по втор пат го загубил натпреварот од истиот противник и така испаднал од натпреварувањето во Лигата на Европа за таа сезона.[24] Во сезоната 2010-11 Кузмановиќ одиграл четириесет и седум натпревари и постигнал 11 голови во сите видови на натпреварувања.

Во сезоната 2011-12, шпекулациите за трансфер за потписот на Кузмановиќ продолжиле. Понудата на англискит тим Челзи била одбиена, а таа изнесувала 23 милиони фунти.[25] Кузмановиќ ја започнал сезоната со седум натпревари по ред, и еден постигнат гол, на 10 септември 2011 година кога екипата на Штутгарт со резултат од 3:0 го победила тимот на Хановер 96.[26] По тие натпревари ја здобил повредата на тетивата поради која морал да отсуствува два натпревари.[27] Подоцна во средината на октомври се вратил на терените [28] и веднаш на 22 октомври 2011 година постигнал гол на нерешениот натпревар со резултат од 2:2 против екипата на Нирнберг.[29] Кузмановиќ ја завршил сезоната 2011–12 со дваесет и девет одиграни натпревари и притоа постигнувајќи шест голови во сите видови на натпреварувања.

Во сезоната 2012-13, тој поретко се појавувал на натпреварите откако претрпел повреда поради скинат мускул на бутот од десната нога.[30] На 24 септември 2012 година, било објавено дека Кузмановиќ очекува да го напушти клубот на крајот на сезоната 2012-13, откако направил разговор за неговиот договор со клубот.[31] Подоцна тој поретко настапувал на својата позиција, но и поретко бил и како стартер во тимот. Во месец декември 2012 година односите на Кузмановиќ со клубот се влошиле. Тие не се поправиле и откако пропаднале разговорите за продолжување на договорот.[32]

Интернационале - Интер од Милано

На 31 јануари 2013 година, Кузмановиќ се преселил во италијанскиот прволигаш Интернационале (Интер) за непозната сума на пари.[33]

Здравко Кузмановиќ својот прв натпревар за екипата на Интер го имал на 3 февруари 2013 година. На тој ист натпревар успеал да го постигне и единствениот гол на натпреварот за екипата на Интер. Неговиот тим загубил со резултат од 3:1 од составот на АС Сиена.[34] Кузмановиќ продолжил да се наметнува за да биде дел од првиот тим. Одиграл вкупно 13 натпревари за клубот.

Сепак, во сезоната 2013-14, под новото раководство на Валтер Мазари, Кузмановиќ бил многу ретко распоредуван во првиот тим. Тој натпреварите најчесто ги минувал на клупата за резервни играчи[35] или во делот од повредени.[36] Во тој период имал само 15 одиграни натпревари. Поради недостаток за можности за настапи во првиот тим, Кузмановиќ го привлекол вниманието од екипата на Рома, но сепак останал во клубот, изјавувајќи дека е среќен во него.[37]

Подоцна во текот на сезоната 2014–15 Роберто Манчини бил ангажиран како нов тренер на екипата на Интер и под негово раководство, Кузмановиќ почесто настапувал.[35] Тој одиграл важна улога во двата натпревари од квалификациското коло за Лига Европа кога овозможил две асистенции на двата натпревари против составот на Стјарнан.[38][39] Дури на 29 октомври 2014 година го одиграл својот прв првенствен натпревар за сезоната 2014–15 и веднаш имал асистенција при единствениот гол на натпреварот, во победата од 1:0 над составот на Сампдорија.[40] Иако бил ставен во месец јануари на списокот за позајмени играчи, тој бил отстранет по затворањето на периодот за трансфери.[41] Подоцна тој се здобил со повреда која го оддалечила надвор од терените еден месец.[42] Ја завршил сезоната 2014–15 со дваесет и пет одиграни натпревари и еден постигнат гол.

Во пресрет на сезоната 2015-16, иднината на Кузмановиќ во составот на Интер била неизвесна откако бил поврзан со трансфер во клубовите од Серија А,[43] но и со екипата на Ватфорд.[44]

Враќање во ФК Базел

Првата сезона

На 30 јуни 2015 година, Здравко Кузмановиќ се вратил во екипата на ФК Базел и потпишал договор со важност од 5 години.[45] По враќањето во составот на Базел, по речиси осум години, Кузмановиќ изјавил дека сака да остане во екипата на Базел до крајот на кариерата.[46] По објавувањето дека Матиас Делгадо нема да биде повеќе капитен на клубот, Кузмановиќ бил назначен за заменик капитен на соиграчот Марек Суши.[47]

Здравко Кузмановиќ својот прв натпревар во екипата на Базел го имал против екипата на Вадуз кога влегол како замена за соиграчот Делгадо во 63 минута. Неговиот тим победил со резултат од 2:1.[48] Кузмановиќ на 12 август 2015 година, се здобил со повреда кога го скинал мускулот од бутот на десната нога, во победата од 3:1 над составот на Тун и поради тоа паузирал четири седмици.[49] По неговото враќање во првиот тим, се мачел за да си го врати првотимското место, поради одличните игри на соиграчите Таулант Џака и Мохамед Елнени. Неговото враќање во клубот било ставено под знак прашалник.[50]

Со ограничените можности за враќање во првиот тим, Кузмановиќ бил поврзуван со евентуално враќање во Серија А, во екипите на Џенова, Болоња или Сампдорија. Од него се очекувало да го напушти тимот во јануарскиот преоден рок.[51] Друг фактор за напуштање на клубот бил и спорот и несогласувањето со тренерот Урс Фишер.[52][53]

Како позајмен играч во Удинезе

На 21 јануари 2016 година, екипата на Базел објавила дека го позајмува Здравко Кузмановиќ на екипата на Удинезе и тоа до крајот на сезоната.[54] Тоа дошло откако Кузмановиќ добил дозвола да го напушти клупскиот тренинг камп за да се приклучи на екипата на Удинезе.[55]

Кузмановиќ својот прв натпревар за екипата на Удинезе го имал на 31 јануари 2016 година на нерешениот натпревар со резултат од 0:0 со екипата на Лацио.[56] Откако дошол во клубот, Кузмановиќ станал редовен првотимец на позицијата во среден ред, на која уживал додек играл[57] и продолжил со вкупно шеснаесет настапи за клубот. И покрај тоа што се шпекулирало дека ќе му се приклучи на клубот на Удинезе врз трајна основа за сума од 5 милиони евра,[58] сепак Кузмановиќ се вратил во својот матичен клуб, екипата на Базел.[59]

Како позајмен играч во Малага

На 30 јуни 2016 година, Здравко Кузмановиќ станал позајмен играч во екипата од Ла Лига, Малага за период од една година.[60] Својот прв натпревар за составот на Малага го имал на воведниот натпревар од сезоната, влегувајќи како замена во 71 минута за стрелецот на голот, соиграчот Хуанпи. Тој натпревар се играл на домашен терен, против составот на Осасуна и завршил со резултат од 1:1.[61]

По периодот како позајмен играч

Под водство на тренерот Марсел Колер екипата на Базел го освоила Купот на Швајцарија во сезоната 2018-19. Во првото коло, Базел го победил составот на ФК Монлинген со резултат од 3:0, во второто коло екипата на Ешален Регион со резултат од 7:2 и во осминафиналето составот на Винтертур со 1:0. Во четвртфиналето екипата на Сион била поразена со резултат од 4:2 и тоа по продолженијата. Во полуфиналето бил поразен составот на Цирих со резултат од 3:1. Сите овие натпревари се одиграле на гостински терен. Финалето се одржало на 19 мај 2019 година на Стад де Свис Ванкдорф во Берн против екипата на Тун. Напаѓачот Албиан Ајети го постигнал првиот гол, а Фабијан Фреј вториот гол за екипата на Базел. Подоцна, Дејан Соргиќ го постигнал голот за екипата на Тун. Крајниот резултат гласел 2:1 за екипата на Базел.[62] Кузмановиќ одиграл вкупно четири куп натпревари и постигнал гол во полуфиналето против составот на Цирих.

На 12 јуни 2020 година клубот објавил дека договорот со Кузмановиќ нема да биде продолжен.[63] Во периодот од 2005 до 2007 година и повторно од 2015 до 2020 година Здравко Кузмановиќ одиграл вкупно 131 натпревар за екипата на Базел постигнувајќи притоа вкупно 12 голови. 62 од овие натпревари биле во швајцарската Супер лига, 12 во Купот на Швајцарија, два во Лигата на шампионите, 14 во Лигата на Европа на УЕФА и 41 натпревар биле од пријателски карактер. Тој постигнал вкупно пет гола во домашното првенство, три во домашниот куп, два во Купот на УЕФА и другите два ги постигнал на пријателски тест натпревари.[64]

Репрезентација

Кузмановиќ (петто место од десно) во составот на Србија

На почетокот на 2007 година, Српската ФА (српска фудбалска асоцијација) започнала разговори со него за можноста тој да настапува за српската репрезентација.[65] Кузмановиќ го прифатил повикот од тимот и во март 2007 година се приклучил за натпреварите против селекциите на Казахстан и Португалија. Тој ги постигнал своите први два гола за репрезентацијата на Србија на гостувањето против селекцијата на Белгија, но тие не биле доволни за да освои бод, бидејќи репрезентацијата на Србија загубила со резултат од 3:2. Иако Кузмановиќ е роден во Тун и настапувал за Швајцарија на младинско ниво, тој одлучил да игра за Србија на сениорско ниво, изјавувајќи: „Јас сум Србин и сакам да дадам сѐ за мојата земја, прашање е што чувствуваш во твоето срце и затоа морам да го послушам“.[66]

Тој настапил еднаш на квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година на УЕФА 2007 година за составот на Швајцарија У21[67] со што немал право да игра за Србија во истата таа квалификациска сезона. Европското првенство се одиграло во Холандија, а младинската селекција на Србија го заземала второто место по поразот во финалето од домаќинот, репрезентацијата на Холандија. Тој, исто така, одиграл уште еден пријателски натпревар во месец февруари 2007 година против репрезентацијата на Франција У21, пред да го прифати повикот од страна селекцијата на Србија.[68]

На Светското првенство на ФИФА 2010 година, Кузмановиќ бил помеѓу дваесет и тројцата играчи именувани во репрезентацијата на Србија за тоа Светско првенство.[69] На натпреварот против селекцијата на Гана, Кузмановиќ направил пенал играјќи со рака во својот казнен простор. Репрезентацијата на Гана постигнала гол и го добила натпреварот со резултат од 1:0. И покрај тоа, Кузмановиќ настапил на преостанатите два натпревари на Светското првенство. Репрезентацијата на Србија била елиминирана во групната фаза.[70]

Статистика во кариерата

Клупска статистика

Обновено на 29 септември 2019[71]
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЕвропски континентални натпревариОстанати натпревариВкупно
НатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови
Базел2004–050010000010
2005–06171123100214
2006–07173308200285
Вкупно3445211300509
Фиорентина2006–074000000040
2007–083412012100482
2008–09322108000412
Вкупно7033020100934
ВфБ Штутгарт2009–10263206200345
2010–1132930122004711
2011–12265310000296
2012–13120203000170
Вкупно96171012140012722
Интернационале (Интер) од Милано2012–13130100000140
2013–14150100000160
2014–151401010100251
Вкупно4203010100551
Базел2015–16120204000180
2018–19131310000162
2019–203010000040
Вкупно281614000382
Удинезе (како позајмен играч)2015–16160000000160
Вкупно160000000160
Малага (како позајмен играч)2016–174000000040
2017–188000000080
Вкупно120000000120
Вкупно во кариерата298252746890039338

Меѓународна (репрезентативна) статистика

Репрезентација на Србија
ГодинаНатпревариГолови
2007 година72
2008 година80
2009 година91
2010 година111
2011 година81
2012 година31
2013 година10
2014 година30
Вкупно506

Меѓународни голови

Меѓународни голови на Здравко Кузмановиќ
БрДатаМестоПротивникРезултатРезултатТип на натпревар
1.22 август 2007Крал Бодуен стадион, Брисел, БелгијаБелгија2-13-2УЕФА 2008 евро квалификации
2.22 август 2007Крал Бодиен стадион, Брисел, БелгијаБелгија3-23-2УЕФА 2008 евро квалификации
3.10 октомври 2009Црвена ѕвезда стадион, Белград, СрбијаРоманија3-05-02010 ФИФА Светски куп квалификации
4.3 март 2010Стадион 5 Јулија 1962, Алжир, АлжирАлжир0-20-3Пријателски натпревар
5.6 септември 2011Стадион на ФК Партизан, Белград, СрбијаФарски острови3-13-1УЕФА 2012 евро квалификации
6.28 февруари 2012Цирион стадион, Лимасол, КипарЕрменија0-10-2Пријателски натпревар

Признанија

Базел

  • Освоен е Швајцарскиот куп: 2018–19

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица