Фудбалска репрезентација на Португалија

Фудбалска репрезентација на Португалија (португалски: Seleção Portuguesa de Futebol, изречена [sɨlɛsɐw puɾtugezɐ dɨ futɨbɔl]) ја претставува Португалија на меѓународните фудбалски натпреварување од 1921 година. Таа е контролирана од Португалската фудбалска федерација, управното тело за фудбал во Португалија.

 Португалија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)A Seleção das Quinas (Selection of the Quinas); The Navigators[1]
СојузПортугалска фудбалска федерација (FPF)
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторПортугалија Фернандо Сантос
КапитенКристијано Роналдо
Најмногу настапиКристијано Роналдо (154)
Најдобар стрелецКристијано Роналдо (85)
Домашен стадионСтадион Луж
ФИФА кодPOR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално7 (25 октомври 2018)
Највисок3 мај–јуни 2010, октомври 2012, април–јуни 2014, септември 2017 – април 2018
Најнизок43 (август 1998)
Прв меѓународен натпревар
Шпанија Шпанија 1 - 4 Португалија Португалија
(Мадрид, Шпанија; 18 декември 1921)
Најголема победа
Лихтенштајн Лихтенштајн 0- 8 ПортугалијаПортугалија
(Лисабон, Португалија; 18 ноември 1994)
Најлош пораз
 Португалија 0 - 8  Англија
(Лисабон, Португалија; 25 мај 1947)
Светско првенство
Учества7 (првпат во 1966)
Најдобар резултаттрето место 1966
Европско првенство
Учества7 (првпат во 1984)
Најдобар резултатшампиони, 2016

Првото учество на Португалија на големо турнирско финале биле на Светското првенство во 1966 година, каде тимот бил забележлив со познатиот напаѓач Еузебио освојувајќи го третото место. Следните двапати Португалија се квалификувала на Светските првенства во 1986 и 2002 година, поминувајќи го првиот круг двапати. Португалија, исто така, стигнала до полуфиналето на финалниот турнир на Евро 1984, губејќи 3-2 во дополнително време од домаќините и идните победници репрезентацијата на Франција. Тимот стигнал до полуфиналето на Евро 2000, Светското првенство 2006 и Евро 2012, како и финалето на Евро 2004, второто како домаќини. На Евро 2016, Португалија го освоила својот прв голем трофеј, поразувајќи го домаќинот Франција со 1-0 по продолженија, со голот на Едер. Со победата, Португалија се квалификувала и го направила своето прво појавување на ФИФА Купот на конфедерации на кој се одржал во Русија, каде што завршиле како трети.

Стадион домаќин на тимот е Естадио национал во Оеирас, иако повеќето од нивните домашни натпревари често се играле на други стадиони низ целата земја. Сегашниот тренер е Фернандо Сантос, а капитен е Кристијано Роналдо, кој исто така го држи рекордот на тимот со најмногу настапи и голови.

Историја

Почетни обиди за пласман на Светското првенство

Португалија не била поканета на Светското првенство во 1930 година, кое имало само финална фаза и без квалификациски циклус. Тимот учествувал во квалификациите за Светското првенство во 1934 година, но не успеал да ги елиминира своите противници од Шпанија, забележувајќи два порази во двомеч рундата, со резултати од 9-0 во Мадрид и 2-1 во Лисабон за вкупен резултат од 11-1.

Во квалификациите за Светското првенство во 1938 година, Селесао одиграла еден натпревар против Швајцарија на неутрален терен во Милано, кој завршил со резултат 2-1 за швајцарците, со што завршиле надежите на Португалија да се квалификува на турнирот. Поради меѓународниот конфликт предизвикан од страна на Втората светска војна, Светско првенство до 1950 година не се одржало, а потоа репрезентацијата на Португалија одиграл многу малку натпревари против други репрезентации. Сепак, поразот на домашен терен со 10-0 од Англија, две години по војната, сè уште претставува највисок пораз во историјата на репрезентацијата.[2]

1950-тите и раните 1960-ти

Со рестартирањето на натпреварите, тимот требал да одигра двојна рунда против Шпанија, исто како и во квалификациите во 1934 година. По поразот од 5: 1 во Мадрид, тие успеале да извлечат реми со 2-2, па квалификациите завршиле со резултат од 7-3. Додека тие не се квалификувале на теренот, подоцна биле поканети да ја заменат Турција, која се повлекла од учеството; но сепак Португалија исто така одбила да учествува.

За квалификациите за Светското првенство во 1954 година, екипата играла против репрезентацијата на Австрија. Австријците победиле во првиот натпревар со понижувачки 9-1 резултат. Најдоброто што можел да го направи репрезентацијата било да се одржи тимот да не загуби повторно, па така одиграче со безначаен нерешен резултат во Лисабон, а кругот завршил со пораз од 9-1.

Во квалификациите за Светското првенство во 1958 година, Португалија првпат победила на квалификациски натпревар, дома со 3-0 дома против Италија. Сепак, тие завршиле последни во групната фаза во која исто така се одржала и Северна Ирска; но само првопласираниот тим, Северна Ирска, би се квалификувала.

Во 1960 година УЕФА го создала Европското фудбалско првенство. Првото издание било нокаут-турнирот, последните четири екипи учествувале во последната етапа, која имала само натпревар, додека постарите фази содржеле два натревари. За првиот круг, Селекао победила со 2-0 против Источна Германија и 3-2 во Порто за вториот натпревар, завршувајќи со победата од 5-2 со двата натпревари. Четвртиот противник била фудбалската репрезентација на Југославија. И покрај освојувањето на првиот натпревар од 2-1, тие го загубиле вториот натпревар со 5-1 во Белград односно со вкупен резултат 6-3.

Англија и Луксембург биле противниците на квалификациите на Светското првенство во 1962 година на репрезентацијата на Португалија, која завршила второ место во групата зад Англија. Како и во претходните квалификации за Светскиот куп, само првиот во групата се квалификувал.

На Европското првенство во 1964 година. Португалија играла против Бугарија во првиот круг. Португалците загубиле во Софија, но победиле во Лисабон. Со конечен резултат од 4-4, потребна била мајсторка на неутрален терен. Во Рим, Португалија загубила со 1-0.

Светското првенство 1966 и 1970-тите

Во квалификациите за Светско првенство во 1966 година, Португалија била во иста група со Чехословачка, Романија и Турција. Тие биле на врвот на групата со само еден нерешен резултат и еден пораз во сите шест натпревари и конечно се квалификувале во финалната фаза на Светско првенство кое се одржала во Англија. Значајни резултати биле двете победи на гостински терен против Чехословачка и Турција и победа на домашен терен од 5-1 против Турците.

Тимот започна со три победи во групната фаза, сместени во групата Ц, каде ја победиле Унгарија со 3:1, Бугарија со 3:0 и 3: 1 против двократниот светски првак во тоа време Бразил. Второ, тие ја победиле изненадувачката Северна Кореја во четврт-финалето со 5: 3, додека со Еузебио добиле четири маркери поништувајќи го дефицитот од 3-0. Подоцна, тие стигнале до полуфиналето каде што биле победени од домаќините Англија со 2-1, Португалија ќе играла во Ливерпул, но бидејќи Англија била домаќин, ФИФА одлучила дека натпреварот требал да се одигра во Лондон, поради што неочекувано патуваше португалскиот тим од Ливерпул до Лондон. Португалија потоа го поразила Советскиот Сојуз со 2: 1 за третото место и најдоброто пласман на Светските првенства. Еузебио бил најдобриот стрелец на Светското првенство со девет гола.

Во квалификациите за Еуро 1972, Португалија морала да ја освои својата група која ги сочинуваа екипите на Белгија, Данска и Шкотска. Португалија завршила на второто место зад Белгија.

За квалификациите во 1974 година, Португалија не успеала да ја порази Бугарија (2: 2) во решавачкиот натпревар, со што не се квалификувала.

Португалија се соочила со тешка конкуренција од силниот тим на Полска за местото на Светското првенство во 1978 година во Аргентина. Тие завршиле на второто место, зад Полска.

Кон крајот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите

Репрезентацијата бил во кфалификацискиот циклус во група заедно со Австрија, Белгија, Норвешка и Шкотска за да се бори за првото место во групата, што ќе им овозможело да одат во финалната фаза на УЕФА Еуро 1980. Португалија го освоила третото место.

За квалификациите во 1982 година, португалскиот тим морал да се соочи со Израел, Северна Ирска, Шкотска и Шведска за првите две места во групата. Португалија завршила на четвртото место.

За време на квалификациите за Евро 1984, Португалија била во група со Финска, Полска и Советскиот Сојуз. Португалија ја освоила групата со победа над Советскиот Сојуз. Португалија завршила во групата Б, заедно со Шпанија, Западна Германија и Романија. Во првите два натпревари, тие врзале два нерешени реузлтати, 0-0 и 1-1 против Западна Германија и Шпанија. Со победата од 1-0 над Романија го освоиле второто место во групата, за да се квалификуваат во нокаут фазата, каде што биле совпаднати со домаќините, Франција. Натпреварот се играл 90 минути, но се играло и во дополнително време; Португалија имала водечки резултат од 2-1, но Франција постигнала фва гола во 114 и 119 минути за да ја елиминира Португалија со 3-2 и да се квалификува во финалето.

За Светското првнство во 1986 година, Селекао игрла во група против Чехословачка, Малта, Шведска и Западна Германија за двете места што ќе им гарантираат билет за Мексико. Потребната победа во последниот натпревар против Западна Германија во Штутгарт, Португалија станала првата екипа што ја победила Западна Германија на домашен терен на официјален натпревар. Тимот многу рано испаднал од групната фази по една победа и два порази. Почнале со победа од 1-0 против Англија, но подоцна биле поразени од Полска и Мароко 1-0 и 3-1, соодветно. Нивниот престој во Мексико бил обележан со аферата Салтилјо, каде што играчите одбивале да тренираат за да освојат повеќе награди од Фудбалската федерација.

За Европското првенство во 1988 година, португалскиот тим се обидел да ја помине својата квалификациска група со Италија, Малта, Шведска и Швајцарија; но сепак, тие завршиле трети.

Во квалификациите на Светското првенство во 1990 година, Португалија била во група заедно со Белгија, Чехословачка, Луксембург и Швајцарија, каде што се борела за едно од првите две места во групата. Играјќи дома против Чехословачка, натпреварот завршил со 0: 0 со што им се овозможило на Источноевропејците да го добијат второто место.

За време на натпреварите за квалификациите за ЕВРО 1992, Холандија, Грција, Финска и Малта биле конкурентните тимови. каде што Португалците завршиле втори веднаш зад Холанѓаните.

Луис Фиго играјќи за Португалија на Светското првенство во фудбал 2006 година

За квалификациите за Светското првенство 1994, Португалија играла во иста група како Естонија, Италија, Малта, Шкотска и Швајцарија за двете највисоки места. Тие завршиле на третото место зад Италија и Швајцарија.

1995 до 2006: Златната генерација

На Европското првенство во 1996 година, Португалија завршила на првото место во групата Д, а во четврт-финалето, тие загубиле со резултат 1-0 од репрезентацијата на Чешка. Овој тим бил познат како "Златна генерација", група на млади фуфбалри кои го освоиле ФИФА У-20 Светското првенство во 1989 и 1991 година и сега го прдводеле националниот состав; тие, исто така, стигнале до полуфиналето на Европското првенство во 2000 година одржано во Белгија и Холандија, но биле елиминирани во групната фаза на Светското првенство во 2002 година и покрај високите репутации.[3]

Момент од финалето на Европското првенство 2004 во кое Португалија загубила од Грција со 1–0.

Португалија не успеала да се квалификува за Светското првенство во Франција во 1998 година. Во квалификациите за Европското првенство 2000, Португалија завршила на второто место во својата група зад првопласираната Романија. Сепак, како најдобра второпласирана екипа во квалификациите, Португалија обезбедила пласман на завршниот турнир во Белгија и Холандија. На завршниот турнир, тие се паднале во групата А заедно со репрезентациите на Германија, Романија и Англија. Во првото коло Португалија ја совладала Англија со 3-2, потоа Романија со 1-0, а во последното коло и бранителот на титулата Германија со 3-0, завршувајќи на првото место во групата со максимални 9 бодови. Потоа во четвртфиналето Португалија била подобра и од Турција. Во полуфиналето против Франција, тие биле елиминирани по продолженијата (натпреварот завршил 1-1 по 90 минути) кога Зинедин Зидан од пенал го постигнал златниот гол со кој ги одвел триколорите во финалето. Судијата Гинтер Бенко досудил дискутабилен пенал за играње со рака, откако Абел Шавије изблокирал еден удар кон голот на Португалија. На Шавије, Нуно Гомеш и Пауло Бенто им биле доделени долги суспензии по последователното туркање на судијата.[4].

Во текот на квалификациите за Светското првенство во 2002 година, Португалија ја освоила групата. Неколку проблеми и слаби одлуки се случиле за време на подготовката и самиот турнир - шопингот на играчите бил широко објавен во португалскиот печат. Сомнителното управување со избори и некои аматеризам, вклучувајќи го и истиот недостаток за договорот за наградите. Португалија завршила трета во својата група, и била последователно елиминирана. Менаџерот Антонио Оливеира бил отпуштен после Светското првенство. Португалија влегла на турнирот како фаворит за освојување на групата Д, но тие биле поразени со резултат од 3-2 од САД. Потоа се вратиле победувајќи ја Полска од 4-0. Потребниот нерешен резултат за премин во осминафиналето, го изгубиле во последниот натпревар со домаќинот Јужна Кореја.[5]

Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер и капитен на Португалија во оваа деценија.

Следното големо натпреварување било Европското првенство во 2004 година, кое се одржало во Португалија. На подготовките, фудбалската федерација склучила договор со Луис Фелипе Сколари за управување со тимот до завршувањето на турнирот. Португалскиот тим влегол на турнирот како фаворит да го освои. Домаќинот бил поразен на првиот натпревар против Грција со резултат од 1-2. Својата прва победа ја оствариле против Русија со резултат 2-0, а потоа ја совладале и Шпанија со 1-0. Во продолжение на турнирот во четвртфиналето, тие играле против Англија, со нерешен резултат од 2: 2 во регуларниот дел од натпреварот, но со изведувањето на пеналите, Португалија издвојувала победа. Португалија ја победила и Холандија со 2-1 во полуфиналето. Тие биле поразени од Грција со 1-0 во финалето.

По завршувањето на турнирот, многу играчи кои припаѓале на Geração de Ouro (Златна генерација), ги завршиле своите репрезентативни фудбалски кариери, со тоа што само Луис Фиго останал во тимот, и покрај привременото пензионирање.

Сребрената постава за Португалија била појавата на Кристијано Роналдо. Роналдо бил избран во УЕФА Еуро Ал Стар Тимот. Додека Португалија настапувала на турнирот, Сколари се согласил во нов двегодишен договор со Федерацијата.

Португалија завршила на првото место во квалификацискиот круг за Светското првенство 2006 година. Португалија го освоила првото место во групата Д на Светското првенство, со победи над Ангола (1-0), Иран (2-0) и Мексико (2-1). Холандија изгубила од Португалија со 1-0 во 16-финалната рунда во Нирнберг, во очајничкиот натпревар обележан со 16 жолти картони, и четворица играчи испратени надвор од теренот. Португалија одиграла 0-0 со Англија во регуларниот дел, но по продолженијата, таа тримуфирала на пенали со резултат 3-1 за да стигне до својот прв полуфинален натпревар од Светското првенство од 1966 година. Португалија загубила со 1-0 против Франција во полуфиналето. Португалија се соочила со Германија за третото место плеј-оф натпревар со пораз од 3-1. На крајот на краиштата, тимот ја освои наградата "Најзабавен тим" за нивната игра за време на Светското првенство. Уште еднаш Сколари бил замолен да прифати нов договор со Федерацијата, кој ќе остане менаџер до крајот на следното натпреварување.

Неодамнешната историја и победата на Европското првенство

Патрисио
Фонте
Седрик
Гереиро
Вилијам
Адриен
Санчес
Жоао Марио
Почетната постава на Португалија во финалето на Евро 2016

За Европското првенство 2008 година, Португалија завршила на второто квалификациско место зад Полска и победила на првите два натпревари во групата против Турција и Чешка, иако загубиле од домаќините Швајцарија, Португалците се пласирале во четврт-финалето против Германија, каде го загубиле со резултат 2-3. По турнирот, Сколари заминал од селекторското место за да го преземе Челзи.

Португалија завршила на второто место во квалификациите за Светското првенство во 2010 година под водство на Карлос Квироз, а потоа ја совладале Босна и Херцеговина во плеј-оф натпреварот, притоа учествувајжќи на секој турнир во деценијата. Непобедливата низа од 19 натпревари, во која тимот постигнал само три гола, завршила со пораз од евентуалните шампиони Шпанија во кругот од 16 со резултат 1-0. Квироз подоцна бил критикуван за поставување на неговиот тим на претерано претпазлив начин.[6] По Светското првенство, репрезентативецот Симао, Пауло Фереира, Мигел и Тиаго се пензионирале од репрезентативниот дрес. На Квирош му било забрането да ја тренира националната екипа еден месец откако тој се обидел да го блокира допинг-тестот за тимот додека се подготвувал за Светското првенство, како и насочување на навредливи зборови кон тестерите. .[7] Како последица на тоа, тој добил уште шест месеци суспензија. По неколку медиумски испади од Квирош против шефовите на Португалската фудбалска федерација, делумно го поттикнало неговото отпуштање.[8] Пауло Бенто бил назначен за негова замена како главен тренер.[9]Тимот на Бенто се квалификувал за Евро 2012, каде што биле извлечени со Германија, Данска и Холандија во грубо шпекулираната "група на смрт". Тие го загубиле својата прв натпревар со резултат од 0-1 од Германија, а потоа ја победиле Данска со 3: 2. Конечниот натпревар во групната фаза бил одигран против Холандија. Откако Ван дер Ваарт му донел водство на Холаните од 1-0, Роналдо стрелал двапати за да обезбеди победа од 2:1. Португалија завршила на второ место во групата и се квалификувала за нокаут фаза. Португалија ја поразила Чешка со 1-0 во четврт-финалето со погодокот на Роналдо. Полуфиналниот натпревар против Шпанија завршил 0-0 во регуларниот тек од натпреварот, но Португалија загубила со 4-2 на пенали.

Во квалификациите за Светското првенство во 2014, Португалија имала скор од 4-2 на сите одиграни натпревари, а во плеј-оф против репрезентацијата на Шведска, со сите четири голови постигнати од Роналдо, се пласирала на мундијалот и била извлечена во Групата Г со САД, Германија и Гана. Нивниот прв натпревар против Германците бил нивниот најголем пораз на Светското првенство, пораз од 4-0. Тие продолжиле со нерешен резултат од 2-2 против САД и победа со 2-1 против Гана. Сепак, тимот бил елиминиран поради недоволната гол разлика наспрема Американците.[10]

Португалскиот состав пред почеток на натпревар на Светското првенство 2018

Португалија ги започнала квалификациите за Европското првенство 2016 со домашен пораз од 0-1 од Албанија, што резултирало со отпуштање на селекторот Бенто од неговото раководно место, а како негова замена бил назначен Фернандо Сантош во септември 2014 година.[11] Откако тимот сепак се квалификувал за Европското првенство и бил извлечен во групата Ф заедно со дебитантот Исланд, Австрија и Унгарија; со три нерешени резултати тие минале понатаму во нокаут фазата како една од четирите (од шест) најдобри третопласирани репрезентации. Португалија ја победила Хрватска со 1-0 во осминафиналето, по продолженија со гол на Рикардо Кварежма,[12] а потоа ја поразила Полска со 5-3 на пенали за пласман во полуфиналето.[13] Во полуфиналето тие го поразиле Велс со 2-0 во со головите на Роналдо и Нани и така се пласирале во финалето на Стад де Франс против домаќинот Франција.[14] Во раната фаза од финалето Кристијано Роналдо се здобил со повреда и морал да го напушти теренот; неговата замена Едер го постигнал единствениот гол во натпреварот во 109-тата минута.[15][16] Роналдо ја освоил Сребрената копачка, постигнувајќи три гола и создавајќи три асистенции.

По нивната победа на Европското првенство 2016, Португалија учествувала на Купот на конфедерации во 2017 година, каде што завршила на третото место. Тие се пласирале и на Светското првенство 2018 во Русија, каде биле поразени од Уругвај во осминафиналето.

Настапи на турнирите

Светско првенство

Светско првенствоКвалификации за
Светско првенство
Домаќин/ГодинаРундаПоз.ОНПНЗДГПГОНПНЗДГПГ
1930Не учествувале
1934Не се квалификувале2002111
1938100112
1950201137
1954201119
1958411247
1962411297
1966Полуфинале3.6501178641194
1970Не се квалификувале6123810
19746231106
19786411126
19828314811
1986Групна фаза17.31022485031210
1990Не се квалификувале8422118
199410622185
199810541124
2002Групна фаза21.31026410730337
2006Полуфинале4.74127512930355
2010Осминафинале11.41217112741195
2014Групна фаза18.311147128312411
2018Осминафинале13.41216610901324
2022Ќе учествуваат во квалификациитеЌе учествуваат во квалификациите
Вкупно7/202613494329129673329230135

Европско првенство

Европско првенствоКвалификации за Европско првенство
ГодинаРундаПоз.ОНПНИДГПГСоставиОНПНИДГПГRef.
1960Не се квалификувале430188[17]
1964310245[18]
1968622266[19]
19726312106[20]
1976623157[21]
198084131011[22]
1984Полуфинале4.412144Состав6501116[23]
1988Не се квалификувале824268[24]
19928512114[25]
1996Четвртфинале5.421152Состав10721297[26]
2000Полуфинале4.5401104Состав10721324[27]
2004Финале2.631286СоставСе квалификувале како домаќин[28]
2008Четвртфинале7.420276Состав147612410[29]
2012Полуфинале4.531164Состав106222714[30]
2016Шампиони1.733195Состав8701115[31]
2020Ќе учествуваат во квалификациите000000
В К У П Н О7/153518894931107612422194101[32]

ФИФА Куп на конфедерации

ГодинаРундаПозицијаОНПН*ИДГПГ
1992Не се квалификувале
1995
1997
1999
2001
2003
2005
2009
2013
2017Трето место3-то532093
ВкупноТрето место1/10532093

Летни олимписки игри

Летни олимписки игри
ГодинаРундаПозицијаОНПН*ИДГПГ
1896Немало фудбалски турнир
1900Не се квалификувале
1904
1908
1912
1920
1924
1928Четвртфинале-320175
1932Немало фудбалски турнир
1936Не се квалификувале
1948
1952
1956
1960
1964
1968
1972
1976
1980
1984Не се квалификувале
1988
Од 1992Види Олимписка фудбалска репрезентација на Португалија
ВкупноЧетвртфинале1/19320175

УЕФА Лига на нации

УЕФА Лига на нации
Година**ДивизијаРундаПозОНПН*ИДГПГ
2018–19АПолуфиналеТоп 4422053
Вкупно1/1422053

Играчи

Моментален состав

Бр.Поз.ИграчГод.НастапиГоловиКлуб
1ГМРуи Патрисио15 февруари 1988(1988-02-15)(36 г.)770 Вулверхемптон
22ГМБето1 јуни 1982(1982-06-01)(41 г.)160 Гезтепе
12ГМКлаудио Рамос16 ноември 1991(1991-11-16)(32 г.)10 Тондела
3ОДПепе26 февруари 1983(1983-02-26)(41 г.)1037 Бешикташ
6ОДЖозе Фонте22 декември 1983(1983-12-22)(40 г.)360 Лил
21ОДСедрик31 август 1991(1991-08-31)(32 г.)331 Саутхемптон
5ОДРафаел Гереиро22 декември 1993(1993-12-22)(30 г.)302 Борусија Дортмунд
4ОДЛуис Нето26 мај 1988(1988-05-26)(35 г.)190 Зенит Ст. Петербург
2ОДЖоао Кансело27 мај 1994(1994-05-27)(29 г.)123 Јувентус
ОДМарио Руи27 мај 1991(1991-05-27)(32 г.)80 Наполи
18ОДРубен Дијас14 мај 1997(1997-05-14)(26 г.)70 Бенфика
19ОДКевин Родригес5 март 1994(1994-03-05)(30 г.)30 Реал Сосиедад
14СРВилијам Карваљо7 април 1992(1992-04-07)(32 г.)532 Бетис
10СРЖоао Марио19 јануари 1993(1993-01-19)(31 г.)422 Интер
13СРДанило Переира9 септември 1991(1991-09-09)(32 г.)311 Порто
8СРРенато Санчес18 август 1997(1997-08-18)(26 г.)181 Бајерн Минхен
20СРПици6 октомври 1989(1989-10-06)(34 г.)132 Бенфика
16СРБруно Фернандес8 септември 1994(1994-09-08)(29 г.)111 Спортинг Лисабон
СРРубен Невеш13 март 1997(1997-03-13)(27 г.)90 Вулверхемптон
9НПЕдер22 декември 1987(1987-12-22)(36 г.)355 Локомотив Москва
11НПБернанрдо Силва10 август 1994(1994-08-10)(29 г.)333 Манчестер Сити
23НПАндре Силва6 ноември 1995(1995-11-06)(28 г.)3115 Севиља
17НПГонсало Гуедес29 ноември 1996(1996-11-29)(27 г.)143 Валенсија
15НПРафа Силва17 мај 1993(1993-05-17)(30 г.)130 Бенфика
7НПКристијано Роналдо 5 февруари 1985(1985-02-05)(39 г.)15485 Јувентус

Статистика на играчите

  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 13 април 2020.[33]

#ИмеРеп. кариераНастапиГоловиПозиција
1Кристијано Роналдо2003–16499напаѓач
2Луис Фиго1991–200612732среден ред
3Жоао Мутињо2005–1217среден ред
4Нани2006–201711224напаѓач
5Фернандо Коуто1995–20071108одбрана
6Пепе2007–1097одбрана
7Бруно Алвес2007–20189611одбрана
8Руи Кошта1993–20049426среден ред
9Рикардо Карваљо2003–2016895одбрана
10Паулета1997–20068847напаѓач

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 13 април 2020.[33]

#ИмеРеп. кариераГоловиНастапиПозиција
1Кристијано Роналдо2003–99164напаѓач
2Паулета1997–20064788напаѓач
3Еузебио1961–19734164напаѓач
4Луис Фиго1991–200632127среден ред
5Нуно Гомеш1996–20112979напаѓач
6Елдер Постига2003–20142771напаѓач
7Руи Кошта1993–20042694среден ред
8Нани2006–201724112напаѓач
9Жоао Пинто1991–20022381напаѓач
10Нене1971–19842266напаѓач

Погледнете исто така

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица