Кејси Афлек

американски глумец

Кејлеб Кејси Мегвајер Афлек (роден на 12 август 1975 г.) — американски глумец и режисер.

Кејси Афлек
Афлек во 2016 година
Роден(а)12 август 1975(1975-08-12)(48 г.)
Фалмут, Масачусетс, САД
Активен период1988–сè уште
РодниниБен Афлек (брат)

Тој ја започнал својата филмска кариера уште како дете, појавувајќи се во телевизискиот филм Небо од лимон (1988) и во минисеријата на ABC, Кенедиеви од Масачусетс (1990). Тој подоцна играл улоги во три филмови режирани од Гас Ван Сан - Да се умре за (1995), Добриот Вил Хантинг (1997) и Гери (2002), и во филмската трилогија режирана од Стивен Содерберг - Единаесетмината на Оушн (2001), Дванаесетмината на Оушн (2004) и Тринаесетмината на Оушн (2007). Негова прва главна улога била улогата на депресивен писател во независната комична драма Осамениот Џим (2006).

Афлек направил исчекор во својата кариера во 2007 година. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец во споредна улога за вестерн драмата Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд и добил дополнителни пофалби за улогата на приватен детектив во мистериозната драма Исчезната без трага, режирана од неговиот брат Бен Афлек. Во 2010 година, тој го режирал мокументарецот Сѐ уште сум тука, во кој играл неговиот зет Жоакин Феникс, и играл улога на сериски убиец во Убиецот во мене. Во 2016 година, Афлек играл неподмитлив детектив во криминалниот трилер Код 999, тивок инженер во Најдобрите часови, и ожалостен маж во драмата Манчестер покрај море. За улогата во Манчестер покрај море, тој ги добил наградите Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобар глумец.

Филмографија

Филм

ГодинаНасловУлогаБелешки
1995Да се умре заРасел Хајнс
1996Трка со сонцетоДаниел Вебстер
1997Луд по ЕјмиМало дете
1997Добриот Вил ХантингМорган О'Мали
1998Пустинско синилоПит Кеплер
1999200 цигариТом
2000Кој ја уби МонаБоби Калцоне
2000Верна женаЏеј
2000ХамлетФортинбрас
2000Внимание купувачиЏед
2001Единаесетмината на ОушнВиргил Малој
2001Американска пита 2Том Мајерс
2001Бесмртни душиШон
2002ГериГериИсто така сценарист
2004Дванаесетмината на ОушнВиргил Малој
2005Осамениот ЏимЏим
2006Последниот бакнежКрис
2007Тринаесетмината на ОушнВиргил Малој
2007Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт ФордРоберт Форд
2007Исчезната без трагаПатрик Кензи
2010Убиецот во менеЛу Форд
2010Сѐ уште сум тукаСебесиИсто и режисер, продуцент, сценарист, кинематографер и монтажер
2011Грабеж на кулатаЧарли Гибс
2012ПаранорманМич ДауниГласовна улога
2013Нема светци во рајотБоб Мулдун
2013Надвор од пеколотРодни Бејз Јуниор
2014ИнтерстеларТом Купер
2015Единство[1]РаскажувачДокументарен филм
2016Манчестер покрај мореЛи Чендлер
2016Најдобрите часовиРеј Сиберт
2016Код 999Крис Ален
2017Приказна за еден духЦ

Телевизија

ГодинаНасловУлогаБелешки
1988Небо од лимонЏериТВ филм
1990Кенедиеви од МасачусетсРоберт Кенеди (12–15 години)Минисерија
2010Втората светска војна во ХД: Воздушна војнаЏои Арманини (глас)ТВ филм

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица